Home Live Три години без легендарната Таска Балабанова- ова е нејзината внука која гордо...

Три години без легендарната Таска Балабанова- ова е нејзината внука која гордо го чува нејзиниот спомен

Има луѓе од областа на нашаа култура и уметност кои се луѓе од народот, чии дела се неприкосеновени и секогаш ќе се паметат и ќе се раскажуваат, како и ликопвите кои ги создале тие дела.

Таска Балабанова е лик чиј глас го паметат многу генерации кои израснаа слушајќи го. Незаборавна е нејзината интерпретација на ликот Олива од цртаната серија „Попај морнарот“, како и надсинхронизациите во серијата „Штрумфови“.

По долго и тешко боледу-вање, таа си замина од овој свет на 85-годишна возраст во Скопје, токму на 20 ноември во 2019 година. Балабанова е родена во Велес.

Актерската кариера ја започна во некогашниот Младинско-куклен театар, од кој во 1965 е формиран Драмскиот Театар.

Таа потоа замина во Радио Скопје, каде до пензионирањето работеше како радио актер и го позајмуваше својот глас во бројни радио драми.

До пензионирањето работеше како радиоактерка и го позајмуваше гласот во бројни радиодрами, во „Веселата емисија“, „Лирското интермецо“, но и во познатата серија „Хихирику“.

Балабанова има играно и во филмовите и сериите „Средба“, „Едно лето“, „Илинден“. „Време на летала“, „Трето доба“, „Мугра“, „ Македонски народни приказни“ и „Време – живот“, а ги снимаше и првите реклами во 1950-те години. Издаде и интерпретации на приказни за деца.

На денот кога си замина, за неа омаж напиша познатата актерка Синоличка Трпкова. Синоличка на убав начин ја опиша елегендарната актерка.

-Гласот на Таска Балабанова беше бренд на Радио Скопје. Глас што со децении галеше, растажуваше, засмеваше. Многу генерации израснаа со тој глас. Тоа беше нашиот Фејсбук.

Неразделна другарка на мајка ми Цветанка Трпкова, пред микрофон и надвор од студио.

Како дете се восхитував на хармонијата од нејзиниот глас и изглед. Така некако си ја замислував совршената жена. Нека и’ е лесна земја“, напиша актерката и професорка Синоличка Трпкова на Фејсбук во омажот за Балабанова.

Балабанова била пример за целото семејство, и многу блиска со својата внука која се занимава со јавна професија исто како и нејзината баба.

Тоа е новинарката Нина Стефанова која долги години е познато лице од ТВ екраните Таа работи во Телма телевизија.

Во една прилика има кажано дека многу има научено од својата баба која ѝ дала многу корисни совети.

Таа ја има водено емисијата 15 мунути со Нина во која имаат гостувано многу познати личности- уметници, новинари, режисери, модни дизајнери, но и здравствени работници.

Во една прилика, гостинка во емисијата на Нина беше и Маја Дојчиновска, негователка од скопската Зоолошка градина, но и Зорица Црношија, Срѓан Јаниќијевиќ, д-р Илија Здравков.

Инаку, Стефанова е новинар кој работи во областа на културата, а еве како изгледа таа.

Previous articleЈа искaраа Уна, ќерката на Здарвко Чолиќ: Биди скромна како татко ти!
Next articleМиа ја искритикуваа, а таа одговори: Јас сум пивната, ама на задно седиште (ФОТО)