Home Live Од мали нозе на фенси места- еве на која егзотична дестинација ужива...

Од мали нозе на фенси места- еве на која егзотична дестинација ужива Цеца со внукот, без Богдана и Вељко (ФОТО)

Светлана Цеца Ражнатовиќ дојде во совршена комбинација на снимањето на Ѕвезда Гранда, а пред насобраните медиуми проговори за различни теми, меѓу кои прва беа домашните работи.

– Морав да знам се за мајка ми, за одржување и готвење и се, но кога се омажив за Жељко, ми се раздени, не морав ништо да правам – низ насмевка призна Цеца. На прашањето дали Анастасија се пожалила на некоја домашна работа, која не и оди најдобро, Цеца рече:

Да ви кажам нешто, јас не сум ПР на Анастасија Ражнатовиќ, јавете и се, таа е многу љубезна кон медиумите, затоа поставувајте и ги сите можни прашања. Едно прашање остана неодговорено, а се однесуваше на Јелена Карлеуша.

На прашањето како би реагирала доколку Јелена се појави како специјална гостинка во жирито, таа рече: – На тоа прашање воопшто нема да одговорам, бидејќи тоа е едноставно невозможно! Инсистирајќи да одговори, таа рече: – Ве молам, не правете проблем таму каде што го нема.

Пејачката на снимањето на „Ѕвезда Гранда“ проговори на повеќе теми кои ја интригираат јавноста: нејзиниот внук, новите песни, но и за парите и за тао како ги троши.

– Јас сум врзана за мојот внук, тој расте, момче! Тој е круната на мојот живот. Сака музика, сака детски песни, модерни… Деновиве вежбаме постојано да ја слушаме онаа заедно: „А ти танцувај, танцувај, танцувај…“ (се смее) – рече Цеца спомнувајќи ја песната за „Јужни Ветер 2″.

– Имам три нови песни. Ги изработи Дамир Хандановиќ. Планот ми е кога ќе завршиме со снимањето и кога ќе ја имаме првата малку подолга пауза, да се посветам на нови песни.

Од соработниците ќе ги изберам и оние кои ќе имаат добри песни, едноставно – истакна таа.

– ЦД-а се печатеа порано, не денес. Сега се се пласира преку дигитални платформи, па и јас ќе го направам истото, во согласност со модерното време. Следам сè – додаде таа за „Телеграф“, па се осврна на прекумерното трошење пари на познатите:

– Јас внимававам како и каде трошам, не се расфрлам. Секој има право да избере што ќе прави со својот живот, со своите пари, со се останато. Не сум тука да судам. Јас штедам, не се расфрлам со пари никогаш.

Таа во една прилика гостуваше во емисијата „Зора“ на ТВ Пинк, а малкумина забележаа дека Цеца имаше идентично парче облека за уште две гостувања.

Ражнатовиќ носеше проѕирна црна кошула со јака, црни панталони и рамни, длабоки чизми во иста боја, а своето елегантно издание го надополни со прстени и со очила за сонце.

Малкумина забележаа дека Цеца се појавува на Пинк ТВ по трет пат во елегантна кошула со јака. Таа минатата година два пати гостуваше во емисијата „Хит твит“ и носеше црна кошула со јака, само со кратки ракави.

Пејачката носеше идентична кошула во споменатото шоу за време на гостувањето, а овојпат беше поинаков модел. Изборот на Ражнатовиќ изгледа многу елегантно и убаво, а јаката одлично ѝ прилега. Затоа, не е ни чудо што ги воодушеви сите со својот стајлинг.

Цеца го користи секој слободен момент да ужива со малиот Жељко.

Балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ отпатува на Малдивите со внукот Жељко, сестрата Лидија Оцокољиќ и нејзиното семејство, а за малиот Жељко ова е прва разделба од мама и тато.

Имено, Цеца го користи секој момент да ужива со својот внук, бидејќи до неодамна тоа не и го дозволуваа работните обврски, а на социјалната мрежа Инстаграм го објавува секој детал од почетокот на нивниот одмор.

Тие утрово беа во Дубаи, и таа во еден момент се сврте кон својот внук и му рекла да се поздрави со родителите Богдана и Вељко, што тој го направил со ентузијазам и со многу радост.

Previous articleТамара која се разведува од сопругот, ги збуни следбениците со љубовни објави на Инста (ФОТО)
Next articleРада Манојловиќ сподели тажна вест за мајка си: Таа денес ќе беше уште жива и ќе ми беше поддршка