Home Live Дали Џамбазов ќе биде маж на годината, останува да видиме, додека тој...

Дали Џамбазов ќе биде маж на годината, останува да видиме, додека тој за Илина е маж на векот

Илина Арсова е познат борец за женските права на сите полиња, особено во нејзината бранша, спортот.

– Би рекла тоа е комбинација од повеќе спортови, вештини и практични искуства. На пример во совладување на стрмен терен на голема височина, планинарот, алпинистот, се организира во експедициска група каде задачите се делат во тимот.

Секој член треба да биде психофизички подготвен за поминување на таков терен и да биде изложен на екстремни температури и ризик.

Треба да владее техники за качување карпа и мраз, работа со јажиња и извлекување од глечер, укажување на прва помош за себеси, партнерот или опремата, но да има познаваања и од метерологија, геоморфологија, топографија и ориентација“, рече во Слободен печат Илина за аплинизмот.

Секојпат сум среќна кога сум на планина, иако тоа не е синоним на „пријатно“. Секојпат е студено и напорно, но токму тоа ме потхранува во мисијата за поместување на сопствените граници.

Сепак ако треба да издвојам чувството беше незаборавно на Еверест, Денали и на Антарктикот, а и планината Ама Даблам, која ми е една од омилените, но и вулканите во јужна Америка, …, всушност ги има многу “, додаде таа.

Нашата аплинистка и уметник Илина Арсова, изминативе два месеци е отсутна од дома, и во едно од претходните видеа што го објави на Инста всушност сподели каде е сега и што прави. Илина се јави од Америка и рече:

-Добар ден, еве да споделам дека од неодамна сум студент на докторски студии на Универзитетот во Тенеси, и не само што сум студент, туку сум и професорка.

Па, кој доаѓа навака, пријавете се, ќе одиме на кантри музика и на американски фудбал“, кажа Илина во видео пораката и додаде:

-За сите оние кои прашуваа кои се моите следни аспирации и цели, епа, ова е тоа долго очекувано, сега му дојде и редот“, рече Илина а до ова видео таа напиша:

– За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. Досега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси.

Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата, па еве му дојде редот.

Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоците никогаш не се лесни.

Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите“, рече Илина од Тенеси.

Имено, на сајтот „Commonclimber.com“ беше прикачена слика од Илина како искачува една карпа, а во натписот стоеше:

„Во качувањето, ние тежнееме многу да се фокусираме на испраќање на нашите рути, но она што е можеби поважно се луѓето што ги среќавате на патот.

Имав доволно среќа да ја сретнам оваа прилично силна жена додека се качував во Уласаи во зимата 2021 (или 2020?)…

Таа не само што е талентиран визуелен уметник, туку е и првата Македонка која ги помина 7-те врвови и го искачи високиот врв на Монт Еверест.

Жените како неа ме инспирираат да продолжам да растам како уметник и качувач и да ги следам моите соништа.

Погледнете го нејзиниот проект „Ова е Нејзината приказна“, прикажувајќи уникатни спортистки од различно потекло, пишувајќи историја со нивните извонредни достигнувања.“

Потоа, кога ќе го отвориме линкот на „Ова е нејзината приказна“, има кратко видео од спортистки како Илина и мотивационен говор во прилог на видеото.

На само еден момент, се гледа Илина како прави склекови во шатор.

Илина на Инстаграм објави своја слика, на изгледа тажно и со насолзени очи. Се гледа на оваа фотографија дека на нашата позната алипинискта не ѝ добро, или како што народски се вели- не ѝ е денот.

-Од прилика како се чувствувам денес, напишала Илина до оваа слика. Сега, нејзиниот сакан Игор Џамбазов е далеку од неа за да ѝ пружи поддршка и да ја утеши, како и сите нејзини блиски кои се во Македонија.

Неколку пријатели изреагирале на оваа фотографија на Илина со поддршка и со емотикони, а една од нив е и Калиопи која ѝ ставила емотикони со срциња, како знак за поддршка, лошото побрзо да помине.

Секоја година на социјалните медиуми според номинации се бираат кандидати за наградата „Маж на годината“ и „Жена на годината“.

Оваа година и Игор е еден од номинираните кандидати, па тој на својот Фејсбук профил сподели негова слика од официјалната страна „Мажи на годината“ и напиша:

„Која чест. За да гласате за мене, кликнете директно на сликата,“ што значи дека треба да ја лајкнете сликата за Игор да победи.

Илина ја објави истата објава и под неа напиша дека Игор за неа е маж на годината, деценијата и векот.

Да потсетиме, во 2018 година за маж на годината беше избран Никола Димитров, во 2019 Енвер Малиќи, во 2020 Пако Радовановиќ и во 2021 Злате Мехмедовиќ, па останува да видиме дали Игор оваа година ќе ја земе титулата, но во секој случај за Илина тој е засекогаш маж на годината.

Previous articleЕве како летале Анета и „Молика“ со македонскиот екипаж од Сиднеј до Мелбурн, специјален третман за нашите музичари (ФОТО)
Next articleСтиже лавица – Taмара се враќа појако од било кога, еве за што се подготвува вака раскомотена по тенка маичка среде ноември (ФОТО)