Home Live Ноне не замина на брод повторно, остана во Македонија, дали љубовта е...

Ноне не замина на брод повторно, остана во Македонија, дали љубовта е причина? (ФОТО)

Малата велешанката Нона Неделковска и себе си, но и на сите останати прва им го „трасираше патот“, им ги „отвори вратите“ на македонските пејачи за учеството во едно регионално музичко талент шоу, во еден натпревар во кој и не мора да победиш, а можеш да станеш вистинска ѕвезда.

Регионална или барем домашна! Оттука натаму се е добро познато, музичка историја…“, објави за нашата шармантна пејачка Вистина.мк.

Пошироката македонска јавност ја запозна како девојката која прва која „го скрши мразот“ уште во 2005-та година во тогаш регионалнот „Идол“ како музичко натпреварување на таленти од Србија, Црна Гора и Македонија.

Ноне сега не се занимава со музика, освен за своја душа, таа работи на брод, но имаше една пауза, за време на пандемијата, кога беше дома, во својот Велес, а во Велес е и сега.

Иако, Ноне не го експонира премногу своето семејство, овој пат покажа од кого ја наследила својата убавина.

Имено, Ноне во стори на „Инстаграм“ објави фотографија со нејзината мајка со која неверојатно си личат. „Мама“, напиша Неделковска покрај фотографијата.

Работам на брод како советник за убавина во фришоп. Прв пат заминав да работам на брод во април во 2012 година, и требаше да патувам до Египет, поточно Шарм Ел Шеик.

Никогаш нема да го заборавам чувството кога пристигнав таму. Бев збунета и возбудена, еден тон емоции кога застанав пред бродот.

Сакав промени, затоа се одлучив да заминам. Пет години бев на македонската естрада. Еден ден си реков- и што по ова!? Зарем ова треба да правам во наредните неколку години!?

Стани, среди се, оди по емисии одговарај на некогаш глупави прашања.

Слушај и читај з ли коментари, моли се за викенд да имаш букирано некој настап. Ми требаа нови предизвици и за кратко време од помислата дека треба да сменам нешто, се најдов на брод“, изјави за Женски магазин Ноне.

Секое место е со свој шмек а јас со моето мото „Work hard Play hard’ , слободното време го користев максимално да прошетам и да видам и научам што повеќе за местото каде што бев. Ќе го издвојам Флам во Норвешка, сета таа убавина, зеленило, чисто и смирувачко место.

Единствено нешто за зашто секогаш се враќам назад во Македонија се моите родители и мојот брат.

Секако, тука ми се и другарите и другарките што сме поминале убаво детство заедно и секогаш е убаво чувство кога сум опркужена со тие што ги сакам највеќе“, вели Ноне.

Ноне сега го живее животот со полни гради, и до една слика која е сликана на Канарските осттови таа порача: Да соберам сонце пред да се приберам дома.

Пејачката сега е во Велес, и често споделува инспиративни мисли но и фотографии на Инстаграм. “Не може да се научи ширењето на позитивна енергија – не може од човек да излезе она што го нема.

Постојат луѓе кои мислат дека ширењето на позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои ја создаваат позитивната енергија.

Не е така. Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот. Не може од човек да излезе она што го нема. За да можеме да шириме мир, мораме најпрво да имаме мир во себе. За да можеме да шириме радост, мора најпрво да ни биде срцето радосно.

Во спротивно, и зборовите за најголема утеха звучат како напад, од устата на незадоволниот човек“, напиша Ноне во една прилика.

Ноне во последниов период на социјалните мрежи објавува само слики од Македонија, а не од нејзините авантури од работата на брод. Така може да се заклучи дека нашата убава пејачка е дома подолго време и не е замината во странство.

На една од сликите кои Ноне ги објави на Фејс, таа напишала едноставно- љубов, и на оваа слика, Ноне е многу среќна и насмеана, и интересно прашање е кој ја слика?

Дали љубовта е причина што таа е повтрно во Македонија, тоест уште и не замина преку барата, останува да видиме.

Previous articleЈордан Митев прозборе за очекувањето принова со сопругата и за сите лични проблеми
Next articleСите прават селфи во тоалет, но никој не изгледа вака- фолкерката Сани се надмина себеси (ФОТО)