Home Live Денис Космонаутко искрено за непријатната случка: Барам начин да излезам од автобусот,...

Денис Космонаутко искрено за непријатната случка: Барам начин да излезам од автобусот, а надвор истура

Денис Космонаутко ило Денис Јанкуовски, здравствениот работник од Цебтарот за јавно здрваје, најпозитивниот лик за време на пандемијата, секогаш ги поддржува различностите и луѓето а особено децата со посебни потреби.

Јанкуловски раскажа што му се случило возејќи се во градскиот превоз, во периодот кога има намален број на автобуси низ Скопје.

Од почетокот на ноември престанаа да возат автобусите на приватниот превозник „Макекспрес“ оти ЈСП и Градот не им плаќаа за линиите кои ги држат и им должи околу пола милион евра.

-Две поглавја. Одвоени но поврзани. 1. Стравови. 2. Аутизам.

По завршувањето на „Странци“ (која патем речено е Прекрасна) се качувам во последната 24ка, врне. Средно полн автобус, седнувам на седиштето веднаш зад шоферот. Се е океј, убави импресии од драмата……..се` така до наредната станица.

Како се приближуваме кон станицата, гледам милијарда млади луѓе, очигледно дождот а и немањето доволно автобуси се причина за гужвава. Како застана наеднаш во автобусот мислам влегоа 2 милијарди од нив. Се создаде една страшна гужва, мислам дека немаше игла кај да фрлиш, сардини во лименка не се толку збиени.

И следи моментот…. Наеднаш ми доаѓа вознемир (можеби не е правилен зборов ама најдобро ја опишува таа моментална состојба), ми доаѓа јако непријатно чувство како да сум стеснет, набиен во ќош, чувствувам како да немам простор околу мене ни да се потсвртам, како да снемувам воздух, како да сум во стеги.

Вознемирот во секунда расте на најјако, паничен страв, можеби неоснован но ете, присутен. Страв кој ме натера веднаш да станам и да барам начин како да излезам од автобусот.

По секоја цена. ВЕДНАШ. Ова се случува кај Градежен, а до Кисела вода? Врне истура, без кола, такси тешко се наоѓаше, ама во тој момент тоа воопшто не ми беше битно, макар и пешачел и се направил утоп. Најважното ми беше да излезам, „да се спасам и преживеам“.

Имам клаустрофобија, не сакам тесни простори, не сакам лифтови, особено не заглавувања а живеам на 9ти спрат, во текот на кор оната ко за беља се изнавозев во секакви лифотви, најникакво ми беше во оние кои се како лименки, со дупла врата, ни прозорче ни ништо, кога ќе излезев од нив “жив” како да сум добил две 7ки на лото.

Од тие причини не можам ниту магнетна да направам, а таму па дополнително таа бука што ја прави апаратот и мава у мозак ме одвраќа, ко бавна кинеска см рт ми е.

Непријатно ми е и на самата помисла да бидам заглавен во претесен простор каде не би можел ни да се свртам, баш така се почувствував во 24ката. Е сега, прашањето, зошто сево ова?

Замислете дете со аутизам кое наеднаш се наоѓа во ситуација со многу луѓе, гужва, кое наеднаш реагира на начин на кој реагира, гласно, бучно, или истрчува и пробува да отиде што подалеку од “местото на зло сторот”, секое дете различно но за сите заедничко е видливото чувство на огромна вознемиреност.

Замислете како му е опкружено со страв и паника. Како во истиот момент сака да избега од местото и да оди на попријатно, пошироко, попразно, потивко. Само. Тоа и тишината. Толку.

Јас можам да замислам затоа што јас го доживувам тоа. верувам на многумина во 24ката им беше чудна мојата реакција за што побрзо да излезам а сега потсетувајќи се мислам шоферот почувствува дека нешто ми е.

И затоа мислам дека секој од нас треба да имаме разбирање за состојбата и реакциите на овие лица коишто претпоставувам се резултат на некој вид притисок кој го чувствуваат од некоја за нив вознемирувачка ситуација која нас можеби и не ни изгледа таква.

Чувство кое и јас, а верувам и дека многумина го имаат од разни причински ситуации и со кое треба да се бориме и да се избориме.

Звучи така лесно, можеби да останев во 24ката, да дишев длабоко, да не мислев на гужвата….ама ја гледав, појако беше од мене. И уште пострашно, поблиску до мене.

Немојте заради некоја реакција веднаш да осудувате, ако можете пристапете, обидете се некако да помогнете ако не директно тогаш прашајте ги нивните родители како да се вклучите затоа што тие најдобро знаат, можеби ќе ви речат да им подадете рака, можеби ќе ви речат ништо да не правите, тие ќе се справат со ситуацијата.

Но имајте разбирање бидејќи секој од нас може да се најде во ваква слична ситуација. Прифаќање и почитување секако.

Разбирање, приближување, дознавање, обиди за помагање. Нивна инклузија во општеството и наша вклученост во нивниот свет.

Взаемен соживот за поубав живот“, напиша Денис Космонаутко во својот статус и доби голема поддршка од своите Фејсбук пријатели и следбеници.

Previous articleЛидија Вукичевиќ со ова фото се надмина себеси – можно ли е вака да изгледа на оваа возраст
Next articleЦеца како најголема ѕезда пречекана од локалците на Малдиви, покажа во каков рај е со внукот Жељко (ФОТО)