Home Live Маја Панчева искрено кажа на што не може да одолее кај еден...

Маја Панчева искрено кажа на што не може да одолее кај еден маж- блазеси му на Дарко со неа

Маја и Дарко Панчеви се заедно веќе долги години и се еден од најскладните парови во јавноста кај нас. Легендарниот фудбалер и пејачката имаат две ќерки, Надица и Марија.

Маја Гроздановска Панчева, инаку професорка по музичка теорија и педагогија, е вработена во Националната опера и балет“, обајави Машки магазин за оваа наша позната пејачка.

Целосно посветена на работата и на семејството, кога има време, сака да зготви нешто убаво, да се подружи со ќерките на PS4.

Наутро обично практикува јога, навечер пешачи со Дарко, а во меѓувреме и покрај домашните, работните, семејните обврски, се релаксира со филм, за свое задоволство. Често и фамилијарно.

-Тука сум јас, и ме има толку, можеби колку има и естрада во Македонија и тоа со години. Некако исчезна се. Постојано се прашувам зошто не ги пуштаат моите песни а секогаш ги носам цд-ата по радиа и спотовите по телевизии? Навистина не ми е јасно.

–Мислам дека не води никој сметка. Јас немам менаџер, никогаш во животот сум немала, се сама правам и се трудам навреме мојот матерјал да стигне до медиумите. Но, за жал не ги пуштаат.

Се случува на пример еве песната „ Остави ме да горам“ од Калиопи, со спот од Александар Ристовски-Принц, која е направена пред осум години, да ја слушнат на некоја свирка посебно на свирките во Кафе 9-ка кои ги правиме заедно со Ѓорѓи, и да ме прашаат „Маја, нова песна ти е„ ?

Среќа што постојат интернет портали, фејсбук, социјални медиуми, па имаш можност да ја ставаш песната и допира до народот т. е. до слушателите. И дефинитивно, да така е, нема кој да се грижи како што беше случај во одминатите години.

Тогаш се знаеше дека има новинари, емисии, медиуми кои сакаат да знаат кога нешто има ново, кои доаѓаа, те прашуваа, снимаа, ги пласираа песните. Можеби пак, се сменија времињата.

Порано музиката беше поедноставна и послушлива за луѓето. Мислам дека новиве генерации, еве на моите ќерки сакаат на пример по цел ден рап да слушаат, нешто ново …. Не знам, се прашувам често зошто дојде до оваа состојба?

Но, сепак сметам дека нема критериум, нема медиуми, нема емисии, топ листи, активни слушатели и гледачи… Најголемо разочарување ми е МТВ, никаков однос кон емисиите на музиката. Се на се една емисија, без соодветна реклама, кој слушнал, кој видел.

Најсакана песна и после толку години ми е песната испеана на Охридски трубадури 1998 -ма година „Дај ми да заспијам“.

Не добив награда, но публиката ја награди премногу. И досега после точно 20 години таа ми е најомилената песна“, изјави Маја во интервју за куларт, а во Машки магазин зборуваше искрено за машко-женските односи.

-Мислам дека во односот меѓу жената и мажот треба да има пред сѐ заедничко почитување, искреност и разбирање. Ако парот успее да ги спои овие три елементи, нема да има никаков проблем во нивниот однос.

Како и на многу други, така и мене не ми се допаѓа препотентноста и дрскоста. Почитувам искрени и личности кои цврсто стојат на земја.

Според моето согледување, но и според искуствата на многу мои пријателки, точно е дека мажот е главата на фамилијата, но да не заборавиме дека жената е вратот“, изјави Маја.

Потоа, го добила прашањето: Дали е можна пријателска врска меѓу жена и маж? И ден-денес, без оглед на изминатите години – 173, неретко се цитира легендарниот француски новелист Оноре де Балзак:

„Мажот никогаш нема да ѝ биде пријател на жената доколку може да ѝ биде љубовник“. Се согласувате со него?“, а Маја на интересен начин и на ова одгововорила вака:

Оноре де Балзак бил паметен човек и не знам зошто не би се сложила со него. Колку и да се спријателат мажот и жената, спротивноста на половите со текот на времето ќе ги натера да навлезат во подлабока врска.

На прашањето: Кои машки атрибути Ви се најпривлечни? Физичките (телесните), умствените? На што не можете да одолеете- Маја одговара на оој начин:

„Најдобро би било кога физичкото и умственото би биле заедно, но тоа секогаш не е така, нели? Не можам да одолеам на мило лице и убава насмевка“, рекла Маја.

Previous articleЗуица: И јас и Наум се трудиме, но мислам дека нема да успееме да им го обезбедиме на децата она што ние сме го поминале
Next articleВо опуштено издание, запеа со ќерка си по кломпи- Маја Оџаклиевска не сме ја виделе ваква досега (ФОТО)