Home Live Сања од брза кујна ја бива за стројник, се покажа јавно на...

Сања од брза кујна ја бива за стројник, се покажа јавно на дело, ама прашањето е кога таа ќе се омажи- ова е нејзината љубовна приказна

Откако заврши со ангжаманот во ТВ 24, Сања Савеска пред 2 години се врати како водителка на телевизиското готварско шоу, познато на сите, „Брза кујна’.

Професијата е она што ја исполнува и со задоволство ја работи, но на прво место сепак се најблиските, партнерот Томи и внуците Матеја и Михаил, на кои им го посветува слободното време, открива Сања за „Слободен печат“.

„Брза кујна“ е лиценцирано кулинарско шоу, се емитува и во многу други земји, форматот е секаде ист, а од водителот зависи енергијата која ќе ја внесе во двете кујни, кај „пиперките“ и кај „доматите“.

Јас доаѓам како трета водителка во шоуто, по Билјана Максимовска и Александра Илиевска, а ниту со едната од нив не успеав да се видам. Но, тука е продуцентот Томислав Коцевски – Пепси, како и целиот тим, кои од почетокот се на овој проект, а од нив добив навистина убава поддршка и совети, од кои најважниот – „биди своја и уживај!“.

Како мала седев пред телевизор и ја читав програмата, дома глумев водителка. Во основно бев во новинарска секција, пишував текстови, правев интервјуа со соседите. Во средно почнав да работам во радио.

Долго време освен како водителка работев и синхронизација на цртани филмови. Медиумите и јавната работа секогаш ги сакав, бев и сè уште сум вљубена во театарот, но сепак завршив политички науки. Астрологијата вели дека друго и не можам да работам, таму е запишано дека ќе работам во медиумите.

Ја сакам кујната, сакам да готвам и одлично се снаоѓам во неа. Од мала се врткав околу мајка ми и учев од неа.

Тука е и советот од дедо ми, кој знаеше често да ме пофали кога ќе му го покажев свидетелството со сите петки, но и да ми каже дека сѐ е тоа супер, ама доколку не знам да зготвам убав ручек, да замесам леб и да бидам вешта во кујната и домот, нема да бидам целосно успешна.

Така што, денес вистински уживам кога готвам и кога успевам сама да смислам рецепти што ќе им се допаднат на блиските“, раскажа во едно интервју за Слободен печат Сања.

Секој слободен момент го користам да бидам со мојот партнер Томи, кој е моја поддршка во сè што работам. Сакаме многу да шетаме во природа, но и да се возиме со мотор.

Сакаме да посетуваме и концерти и театарски претстави. Секогаш покрај себе имам добра книга, а голем дел од слободното време го поминувам со моите внуци Матеја и Михаил, од кои ја добивам најчистата и најубава енергија“, изјавила Сања за својот партнер.

-Заедно функционираме неколку години,и двајцата сме си поддршка во работата. Томи е спец.неврохирург и има многу потешка работа од мојата и премногу одговорна , и мојата работа исто бара долго отсуство од дома, но секое слободно време сме заедно и ги правиме работите што не опуштаат, возење со мотор и долги прошетки со Маша

Сосема случајно се запознавме, на една прослава, па пополека , иако различни сфативме дека сме еден за друг, и токму неговата упорност како карактерна особина ме привлече.

Му се воодушевувам на енергијата што ја има , и што не отстапува од своите цели колку и да тоа значи жртва и отстапки од многу нешта“, кажала за свокот сакан Сања во Женски магазин.

Во една од емсиите на „Брза кујна“, додека шеф Марк се уште беше дел од екипата, во неговиот тим се натпреваруваше Константин. „Татко на четири деца, женет?“, го праша Сања. „Не, не сум женет“, одговори натпреварувачот.

Потоа Сања го претстави како грижлив татко, но и како одличен домаќин. „Ајде, покажи се во кујната, па ќе те жениме“, рече Сања.

Кон овие муабети потоа се приклучи и готвалт Марк кој цело време низ разгововорот провлекуваше дека Константин готви за женската публика.

На крајот, тој го победи своот противник, жирито одлучи дека неговиот рецепт е подобар. Константин доби подароци, а Сања рече дека е надева на тоа дека оваа емисија и вештината во кујната ќе му помогнат повторно да се ожени, и тоа што поскоро.

За Сања, иако знаеме дека е среќна и во долга врска како што и погоре напишавме, се уште не најавила кога кај неа ќе заѕвонат свадбените ѕвона. Очигледно е дека ја бива за стројник, но го чекаме денот кога ќе ја видиме како невеста.

Previous articleДо самиот крај беше скаран со синовите и не им остави ништо во наследство- тажната приказна за легендарниот Тозовац
Next articleСлавица Ќуктераш пак со поранешниот маж- некогаш бил топ фраер, сега не личи на себе