Home News Петре со порака до Данела: Оди си, не (се) не мачи сите

Петре со порака до Данела: Оди си, не (се) не мачи сите

Состојбата во градот Скопје станува се посложена, откако актуелната градоначалничка Данела Арсовска, освен со партијата која ја поддржуваше, ВМРО-ДПМНЕ, отвори „фронт“ и со приватните превозници во Град Скопје.

Тие се жалеа дека не им се платени огромни побарувања, а градоначалничката тврдеше дека откако има ново раководство во ЈСП, долговите се исплатени, а за старите побарувања да одат и да протестираат пред ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, или да тужат. Таа исто така постојано тврди дека и овие превирања се поттикната од некои политички центри. Сличното го тврдеше и при штрајкот во ЈСП пред неколку недели.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денес на прес-конференција излезе со тврдења дека здруженијата на двата приватни јавни градски превозници „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ во изминатите пет години, односно од 2017 до сега немаат пријавено ниту еден продаден билет во автобусите кои возат за двете здруженија, а истовремено од Јавното сообраќајно претпријатие ги наплаќале фактурите за извозените километри за сума од едно евро по километар.

Како што истакна Арсовска, станува збор за „шема“ на злоупотреба со која биле затајувани средства од продадени билети и пари за кои не бил пријавен данок и го обвини раководството на двете здруженија, односно нивните директори за кр иминал.

Ова, како што посочи градоначалниката го покажала ревизијата што ја врши Град Скопје во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, што е под надлежност на Градот, а кое има склучено договори со здруженијата на приватните превозници.

Таа најави дека по изготвувањето на финалниот извештај од ревизијата ќе биде доставен до надлежните институции.

„Она што е евидентно од аналитичките картички со кои е евидентирано финансиското работење кое што произлегува од договорот со организаторите на приватниот превоз `Макекспрес` и `Слобода превоз`

истите од крајот на 2017 година се до овој момент немаат пријавено во продажба ниту еден продаден билет во автобусите односно во приватните превозници кои што се членови на овие две здруженија. Иако пријавувале дека возеле околу 400 000 километри месечно и за ова пресметувале по едно евро за извозен километар, средства кои што ги фактурирале во ЈСП „Скопје“.

Во меѓувреме од 2017 до 2022 година не пријавиле ниту еден продаден билет во автобус. Наједноставно, наплаќале билети тие пари не ги пријавувале и завршувале најверојатно во нечиј џеп, а потоа фактурирале по 400 000 евра од ЈСП секој месец и оваа очигледно добро разработена шема трае цели пет години.

Последното добиена инфоирмација дека е продаден билет во овие приватни превозници е од крајот на 2017 година.

Тие одбивале да доставуваат податоци за продадени билети туку и да ги фискализираат автобусите со тоа што сите средства кои што ги генерирале завршувале некаде меѓутоа никој не знае каде“, рече Арсовска на прес-конференцијата.

Пред малку, со свој коментар за целата оваа ситуација, се огласи поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов. Еве што тој и порача на актуелната градоначалничка Данела Арсовска:

„Со сензационалистичко пласирање на лаги и невистини, купуваш ден, недела, месец, но не решаваш проблем. А нерешениот проблем ?

Еееее, нерешениот проблем по истекот на денот, неделата, месецот се враќа и стравично удира. Право во глава ….
Оди си. Не се (не) мачи сите…“

Previous articleИгор е многу тажен без Илина- Маж на годината без жена на годината
Next articleВака заведува Вера Мештеровиќ- во најкраткиот фустан што го облекла досега и мрежесетите хулахопки изгледа како девојче, а еве колку години навистина има