Home Live Сузана Спасовска искрено раскажа кој човек ја предвидел нејзината иднина- легендата никогаш...

Сузана Спасовска искрено раскажа кој човек ја предвидел нејзината иднина- легендата никогаш не ја заборава (ВИДЕО)

Сузана Спасовска во една прилика кажа дека во овој период најмногу сака да биде баба на Клара, која има две години. Кога е со внуката, не ѝ важно што не е онаа Сузана од сцената, се претвара во големо дете и го доживува она што само една баба може, со својата внука.

Ужива во времето поминато во „Танец“ каде што работи, не сака многу време да поминува на социјалните мрежи. Горда е на својата Теона за која вели дека како самохрана мајка ја однела на добар пат.

Сузе со радост за Женски магазин пред неколку месеци раскажала и за својата мајка, но и за новиот проект „Приказна“ со кој ги прославува своите 35 музички години, а раскажа и други свои животни приказни.

– Секогаш треба да се биде поразличен, доколку сакате да бидете забележани и да постигнете фантастичен успех. Ако не бидете поразлични, ако се претопите во стадото, тогаш кој ќе ве забележи?

Јас така сум размислувала од почетокот на кариерата, значи сè што е направено, не е воопшто случајно. Така сум размислувала, дека треба да направам една своја стратегија, по којашто ќе чекорам во текот на кариерата, значи чекор по чекор, јас сум ја градела својата кариера.

Многу ретко се случило нешто да дојде случајно. Сето тоа си било осмислено од мене. Секако на почеток, си почнуваш сам, па се надоградуваш во текот на кариерата со соработници, си го градиш својот тим, и така малку по малку, доаѓаш до луѓе околу тебе кои ставаат едно камче во мозаикот наречен Сузана Спасовска.

Сам човек не може да опстои на сцената. Како што се раѓаме, растеме понатаму, а животот се состои од промени. Ако би можела да се вратам назад веројатно би променила доста работи, коишто сепак би ми олесниле за чекорењето напред.

Сепак, животот е тој којшто не носи само убави работи. Некогаш се случуваат и неубави работи коишто сакаме да ги избришеме, но не можеме да ги избришеме.

Сите тие искушенија, дали приватно или во работата ме направиле посилна, поздржлива, човек којшто верува во иднината, којшто не се откажува така лесно при првиот пад.

Едноставно се чувствувам силна и мудра. А, ако не биле сите тие искушенија, и сите те препреки низ кариерата и низ животот, веројатно оваа Сузана ќе била една поинаква Сузана“, изјавила Спасовска во Женски магазин.

-Сите ние кога ќе дојдеме во тие години кога треба да имаме семејство, да имаме пород, сите сакаме да биде сето тоа совршено, така и јас сум сакала. Меѓуоа, некогаш е подобро, знаеме дека е подобро, макар и со еден родител да биде детето, но да функционира семејството.

Теона не го почувствувала премногу отсуството на таткото, и едноставно отсекогаш велела дека нејзината мајка е и мајка и татко..Јас никогаш не сум бранела таа да има комуникација со својот татко, сум била отворена за тоа, сум кажувала дека доколку сака да се види, да се слушне, сето тоа било дозволено.

Не сум сакала да давам никакви забрани. Сето тоа било оставено на неа, таа да си одлучува. Таа одлучила да ја сака својата мајка како да е и мајка и татко“, додала Сузана.

Сузана Спасовска гостувала во емисијата на „ТВ Сонце“, „Лице и дела“ и раскажа интересни нешта од својот живот, и приватно и професионално.

-Патување низ времето, во новата сезона на најгледаната емисија “Лица и Дела”, на Тв Сонце. Благодарам за убавиот разговор и можноста да се каже, и да се покаже, што е сработено низ годините“, напишала Спасовска на својот Фејсбук профил.

-Се нема многу време за приватен живо. Но, откако почна поандемијата, откакос е роди моата внука, јс повеќе време ѝ посветувам на неа, на мојот мир и одмот. Јас немам зошто да се натпреварувам.

Јас се натпреварувам, но самата со себе, бидејќи сакам секоја година да бидам уште подобра и подобрам да оставам уште некој проект кошто е вреден за младината, и патувам понатаму“, рекла Сузана во оваа емисија, а потоа дала еден совет за младите музичари:

-Сите млади, доколку сакаат добро да се организираат, треба да имаат свои приоритети. Мене приоритет сега ми е внуката, моето семејство, сакам да помогнам колку што можам и кога можам.

Малку помалку одам по телевизиите, вала луѓето кога ќе ме сретна некаде, велат- ни недостигаш. Да, сакам да им се извинам и да им кажам дека јас навистина не можам да се растгнам толку. Треба да се остави простор и на помладите малку, да се промовираат на некои емисии.“

Сузана потоа раскажала за нејзините почетоци, и за тоа кој е тој човек кој ѝ го отворил патот, и како што кажа ја предвиден нејзината иднина.

-Уште од мали нозе тргнав во „Развигорче“, па во Пионерскиот дом Карпош, потоа продолжив во младинскиот хор, па во групата „Сирма“, па со Калиопи во групата, и потоа веќе солистичка кариера, каде што почнав во Македонската радио телевизија да снимам…

Ќе го спомнам човекот којшто мене ме внесе во Македонската телевизија, тоа е мојт дедо Јоне како што јас го ословувавм, а инаку тоа е нашата голема легенда- Јонче Христовски којшто ме слушна како пеам во еден момент.

И ме фати за рака, како во филовите, како во бајките, ме фати за рака, ме однесе во Македонската телевизија, и на сите тие кои што беа во моментов во канцеларијата на господинот Мате Груевски, којшто беше многу почитуван човек, и каде што секој пејач доаѓаше прво кај него..

И сите уредници беа таму во моментот, Јонче Христовски рече: Да ве запознаам, ова е нашата идна ѕвезда. Ја во тој момент реков: Изгледа дека чивеков малку ми се потсмева. Но, ете како да ми ја предвиде иднината и многу сум му благодарна“, рече Спасовска.

Previous articleСи го заборави пpcлукот и тргна вака (с)облечена да шета низ Дубаи- Јелена Карлеуша се надмина себеси (ФОТО)
Next articleИгор е многу тажен без Илина- Маж на годината без жена на годината