Home Live Росана: Не може секоја битка да се добие, има некои кои треба...

Росана: Не може секоја битка да се добие, има некои кои треба паметно да се загубат

Росана Петревска во македонската јавност е препознатлива по многу работи – од успех до стил. Таа е успешна жена, беше портпарол на АМСМ, но исто така соработува и со реномираното дизајнерско име Росица Мршиќ.

Таа му е поранешна сопруга на виолинистот Коки Јанков од дуото Дуле и Коки, со кого има ќерка која е веќе тинејџерка.

– Гледам и следам сè што се случува во фелата, но не само кај моите колеги, туку генерално во медиумите, јавните личности и сè што е поврзано со јавност.

За мене е многу важно гласноговорникот да даде јасна, концизна, кратка порака до јавноста и да не нè дефокусира од клучната поента или порака, но не е дозволиво истиот да не е соодветно стокмен, без разлика на кој пол припаѓа, бидејќи кога се има јавна професија, самата налага постојано да се грижиш за својот изглед.

Мојата работа како портпарол на ми наметнува подготовка од оперативно, административно работење до јавно презентирање и сакам да сум дел од целиот процес и многу полесно ми е да се претставам во јавноста кога знам и имам лично искуство за нештат.

Но верувајте многу време посветувам и на тоа како ќе се претставам, затоа што при комуникација со јавноста не се праќа само вербална туку се праќа и невербална порака.

Во моето 15-годишно искуство во односите со јавност, а со голема обрвска да се одржам како најдобра ПР од МК ( Загреб, 2015 г.) ценам дека преку мојата професионалност ги учам младите дека во оваа професија ништо не е случајно“, рекла Росана во инервју за Точка во 2020 година.

Дома сум секогаш во удобна облека, но кога го шетам кучето и за гала-настан нештата се поинакви.

Откако ќе ја донесам одлуката дека треба да се појавам, се консултирам со мојот тим врвни професионалци (Росица, Адо кој е задолжен за мојата коса и шминка) и никогаш не импровизирам. Сакам да изгледам убаво, префинето и со стил. Сакам парчиња облека кои ќе ја истакнат мојата личност, ќе дадат белег на мојот карактер.

Внатрешната енергија секогаш сакам да е присутна и да се гледа однадвор.

Според мене од Македонија го почитувам изгледот на првата дама Елизабета Пендаровска, а најдобро облечени жени според мене во светот се: Мишел Обама, Ана Винтур, кралицата Летиција од Шпанија и секако Раниа од Јордан и Шарлин од Монако.

Дали вашата ќерка ја интересира модата, ја прашале во интерву, а таа рекла: Крушата под круша паѓа. Ме изненади многу кога ми кажа дека читала на Википедија за Коко Шанел.

Среќна сум што е едноставна, ненаметлива, но знае што точно сака и од многу мала има свој стил“, рекла Росана за Точка. Летово, Незвисен весник објавил текст за Росана кој вели:

Росана Петревска, портпаролка и лице за односи со јавноста која се етаблираше во светот на комуникациите, заедно со ќерката Лара од бракот со виолинистот Коки (Дуле и Коки) можевме да ја видиме во Охрид каде ја диктира модата.

Повлечена целосно од јавноста, многу малку се знае за неа по разводот со музичарот. Често е отсутна од државава и ретко може да се види тука. Таа со ќерка си Лара оваа година патуваше низ Европа.

Петревска важи за една од најубавите жени во јавниот живот, со искуство како заштитно лице на македонски моден гигант, претходно портпарол на АМСМ, а сега пред нов професионален предизвик .

– Без оглед што правите и дали некаде излегувате или останувате дома, чиста и средена коса, лак на ноктите и малку кармин на устата можат да направат да се чувствувате како најубавата жена и кога чистите и кога спортувате.

Мојот совет до сите девојки и жени е дека одраз на женственоста не е длабокото деколте или мини-сукњата. Вистинската женска убавина се гледа од сјајот во очите, од ставот и држењето на телото, од начинот на кој гестикулирате и начинот на кој зборувате“; рекла Росана за Независен.

Росана на Фејс шернала своја слика на која изгледа одлично, ама и споделила мудра мисла која всупност раскажува за загубените битки, и е од нејзино лично искуство.

– Не може секоја битка да се добие. Вој ната не ја добива оној кој ја добива секоја битка. Туку тој кој паметно знае која битка треба да се изгуби. А бојното поле самото ќе каже која е таа битка.

Ако знаеш да изгубиш која битка треба да ја изгуби, тогаш сметај на тоа дека ќе ја добиеш онаа која едноставно важи и која е најважна. А тоа е последната битка“; напишала Росана.

Previous articleОткако се разведе и тргна работата – Тамаpа се качи највиcоко на пиедесталот, а овие колешки мораа да и се поклонат (ФОТО)
Next articleНикаква човечност: Работев во една компанија 18 години, а за 2 недели ми најдоа замена и ми рекоа да си одам