Home Live Откако се разведе и тргна работата – Тамаpа се качи највиcоко на...

Откако се разведе и тргна работата – Тамаpа се качи највиcоко на пиедесталот, а овие колешки мораа да и се поклонат (ФОТО)

Порталот „Убавина и здравје“ објави дека Тамара и нејзиниот сопруг Мачка се разведуваат по седум години брак, а Тамара ја потврди веста за овој медиум.

– Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко.

Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено, многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени.

Бившата свекрва на Тамара, Софија Димитрова, мајката на Александар Димитровски- Мачка кој инаку потекнува од Гевгелија, Тамара во повеќе наврати има кажано дека сака да оди во Гевгелија кај семејството на сопругот.

– Најголемиот дел од самоизолацијата ја поминав во Гевгелија со мојот сопруг и моите две деца. Готвевме, смислувавме игри, се дружевме. Нема поубаво од тоа да си опркужен со луѓето кои те прават тоа што си.

Навистина ми фалеше да поминам повеќе време со нив. Периодот пред кризата со корона вирусот ми беше исполнет со настапи, снимање на мојот нов албум и најразлични ангажмани така да периодов супер ми дојде.

Овој период го искористив и да направам финална селекција на песните на мојот трет албум, кој го работам со мојата евровизиска екипа“, има изјавено Тамара за Независен весник за време на пандемијата.

-Имам чувство дека сите станавме едно. Сите поминуваме низ истите работи и чувства. Сите имаме период кога сме супер позитивни, но и период кога навистина не знаеме што ќе се случи со нас“, додала таа во истиот медиум.

Софија, мајката на Мачка на својот Фејабук профил има доста семејни слики од своите најмили, а меѓу нив се секако и внучињата од синот Дарен и Хана. Има и заедничка слика со синот, во приликата кога на Хана и го честитала роденденот.

Исто така, стојат и доста слики од Тамара, а меѓу нив е и нејзината поддршка на својата, сега веќе бивша снаа на Евровизија, кога Тамара со песната „Proud“, и таа само напишала: „Финале!“ Што значи дека се израдувала за снашката за нејзиниот успех.

Дента кога се објави дека Тамара и Мачка ќе се разведат, на профилот на Софија е објавено дека таа славела. Имено, госпоѓа Димитрова славела роденден, и на Фејсбук напишала:

– 63 + 1…го поминав и овој број….Одиме понатаму. Фала ви на сите за честитките драги мои пријатели. Да сте ми живи и здрави“, напишала Софија Димитрова.

Во едно интервју за НМД, таа порача: За да се чувствуваш убаво однадвор треба да си среќен одвнатре, со себе!

Задоволен со она што го поседуваш, и секако да ги искористиш и надоградуваш сите свои квалитети. Прочитајте ја „Моќта на потсвеста“ и ќе знаете за што зборувам.

Не би се откажала ама баш од ништо, па и самите знаете дека нашите дедовци, баби, имале, не по едно туку по 5, 6 деца, па ете некако на крајот ги истерувале на прав пат!

За да создадеш фамилија е голема жртва, се откажувате од сѐ, но на крајот вреди!

Популарноста има и позитивни и негативни страни, убаво е да си во постојан контакт со своите фанови, да се фотографираш, почесто да патуваш… 

Негативните се, па… Можеби ете недоволното спиење поради честите настапи“, изјавила таа и додала:

-Со оглед на тоа колку време работам, јас навистина немам време да се посветам во кујната. Но сакам, гурман сум и знам да подготвам нешто. 

Претежно месо со зеленчук, некоја паста со интересен сос, сакам да експериментирам, но не и да претерам“.

За Фешнел, таа раскажа која е најдобрата лекција што досега ја научила од шоу-бизнисот…

-Не препуштај ништо во туѓи раце! Имено, имам огромна почит кон сите соработници, автори и продуценти со кои сум работела, па дури и сега кога сум дел од Горила продукција, сфатив дека најголем дел од товарот сепак морам да го земам во свои раце.

Од мене се очекува врвна вокална интерпретација, воедно и песна која ќе се памети и поради тоа морам да имам целосна контрола на работите.

Стандардите кои сама си ги поставив се многу високи и ако треба да се огледам во континуитетот на македонската поп музика, го сакам она по што ги паметиме легендарните македонски поп пејачки со незаборавни гласови“, рекла Тамара.

Вчера во Сер, Грција, се оддржала женска трка која ја организирале Рено.

Тамара Тодевска, Ана Стојанова, Елена Ристеска и многу други девојки присуствуваа на трката, а оној кој ќе биде победник го добива пехарот.

Секако, нашата Тамара посебно се издвои на трката бидејќи го освои првото место и го освои златниот пехар. Од каде таа бесна брзина кај Тамара, можеби таа некогаш ќе открие..

За малку по добивање на пехарот, ќе ѝ го украдеше фитнес инструкторката Ана Стојанова која за малку на шега ќе се сте паа со Тамара. Ана го освои второто место.

Ана ѝ беше голема конкуренција на Тамара и двете се брзи и бесни, па тешко беше овој пат, Тамара за малку ја претрка Ана.

Пред натпреварот, Ана за Тамара напиша:

„Атмосферата се загрева, напнатоста е се поприсутна, а ривалството е огромно.“

Потоа, Тамара го сликна пехарот и се пофали на Инста со него, а во описот на фотографиите што ги објави напиша:

„Победа, адреналин и сонце – прво место на женска трка на Twingo Cup 2022“

Previous articleЦеца каква што не сме ја виделе, без грам шминка, во опуштено издание ужива на Малдивите (ФОТО)
Next articleРосана: Не може секоја битка да се добие, има некои кои треба паметно да се загубат