Home Live Цеца конечно откри какви мажи ја привлекуваат: Мажи со стомаци и висок...

Цеца конечно откри какви мажи ја привлекуваат: Мажи со стомаци и висок холестерол – немате шанса

Цеца и Аркан застанаа на лудиот камен на 19 февруари 1995 година. Во вилата на Љутице, Богдана се читаше молитва за среќен пат, а потоа Аркан со конвој од 60 џипови се упати кон Житораѓа за да ја донесе Цеца во својот дом.

За оваа пригода Жељко облече црногорска носија, а Цеца српска.

Аркан дури шести пат успеал да го скрши јаболкото, по што влегол во куќата на Величковиќ и со себе ја зел Цеца, која прво ја купил од нејзината сестра Лидија.

Сестрата на Цеца тогаш добила неколку илјади марки, како и златни часовници, прстен и дијаманти.

Црковната венчавка на Цеца и Аркан се одржа во црквата Свети Архангел Гаврил во Белград. Цеца на црковната венчавка носеше прекрасна бела венчаница со долг вез, додека Жељко облече српска офицерска униформа со голем крст околу вратот.

Свадбата на Цеца и Аркан потоа ја следеа над 150 акредитирани новинари и фоторепортери, додека снимки од свадбата на деценијата беа емитувани на 560 телевизиски станици ширум светот.

Вељко Ражнатовиќ е роден во декември 1996 година, а Анастасија во 1998 година.

На 15 јануари 2000 година, Жељко Ражнатовиќ Аркан беше уб- иен во белградскиот хотел „Интерконтинентал“, каде што се венчаа. Сè се случило после 17 часот, а во близина била и Цеца.

Во досиејата стои дека кобниот ден Аркан седел во сепаре, а до него седеле неговите пријатели Миленко Мандиќ Манда (44) и Драган Гариќ (47). Околу 17 часот Добросав Гавриќ влегол во холот на хотелот и потоа пу- кал.

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражнатовиќ – Цеца во документарната серија за нејзиниот живот „Цеца шоу“ откри дека го изгубила бебето пред венчавката со Жељко Ражнатовиќ Аркан.

– Јас и Жељко чекавме бебе пред да се венчаме. Свадбата ја закажавме во февруари, а пред тоа бев бремена. Во меѓувреме, за жал, го изгубив моето бебе – изјави Цеца во емисијата.

И покрај големата загуба, пејачката и нејзиниот упокоен сопруг решија да ги продолжат подготовките за венчавката:

„Се договоривме да не го поместуваме датумот на венчавката, па судбински кажавме „да“ кога планиравме, на 19 февруари 1995 година – рече таа.

Ова е првпат пејачката да раскажува дека чекала дете со Аркан пред Вељко и Анастасија.

Цеца во разговор со својата пријателка ги допрела ѝ мажите, кои многу ги интересира нејзиниот љубовен живот.

За љубовниот живот на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ со години се шпекулира и нагаѓа, но никогаш не се знаело што ѝ се случува на пејачката на ова поле, освен кога беше во врска со Богдан.

Имено, врската на пејачката со Богдан беше во центарот на вниманието на јавноста, а Ражнатовиќ сега во разговор со својата пријателка, текстописецот Билјана Спасиќ отворено проговори за нејзиниот љубовен живот и дали има ново момче.

На изјавата на Билјана дека Цеца е сѐ уште млада за да има уште деца, познатата пејачка остана шокирана.

– Боже спаси ме Биљо, што ти е? Сега имам друга младост, тоа не ме интересира. Децата ми се големи, ги лулав, ги нишав, сама, сега можам само да уживам. Нема ништо со мене таму, мр тво море – искрено рекла Цеца.

Нејзината пријателка Биља тогаш изјавила дека видела многу убав дечко во Грција, алудирајќи на тоа дека можеби на Цеца ќе ѝ се допадне.

– Видов нешто интересно во Солун, но да ти покажам фотографија, ќе превртиш со очите – искоментирала Биља, на што Цеца одговорила:

– Боже чувај ме, по твој избор – се пошегува Цеца.

Тие двете потоа на емисијата продолжиле да се расправаат за нивните типови мажи.

– Како можеш да го кажеш тоа, и тие твоите вонземјани со плочки – рече Биља.

Цеца потоа јасно стави до знаење дека нејзиниот тип се мажи во добра физичка форма.

-Тоа е здравје, а оние твоите со стомаци полни со холестерол, тргни ми ги, мајко – изјави Цеца во новата епизода од серијалот „Цеца шоу“ што се емитува во петок во 22 часот на телевизија „Блиц“.

На крајот се согласиле да останат пријателки доживотно, бидејќи немаат ист тип на мажи.

Previous articleНикаква човечност: Работев во една компанија 18 години, а за 2 недели ми најдоа замена и ми рекоа да си одам
Next articleМаж ми стана резигнантен и ладен кон мене – што се случува со мојот брак?!