Home News Јорданка: Она не сфаќа уште дека танцот заврши, остана сама на шанк,...

Јорданка: Она не сфаќа уште дека танцот заврши, остана сама на шанк, барменот ги собира чашите

Големите очекувања на граѓаните, како резултат на ветувањата кои во изборната кампања за градоначалник на Скопје ги даваше Данела Арсовска, се распрснаа како меур од сапуница.

Дури и нејзините најголеми поддржувачи, кои до неодамна, па и по кавгата со ВМРО-ДПМНЕ, се уште и даваа поддршка, полека се оградуваат од неа и велат дека се излажани.

Се чини дека Данела Арсовска отвори многу фронтови, кои повеќе не може да ги контролира, а последната кавга со приватните превозници, ја прели чашата, бидејќи сега директно се засегнати граѓаните.

Зачудуваат изјавите на Арсовска, дека приватните превозници, за старите долгови, треба да протестираат пред штабовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во ситуација, кога таа е градоначалник на Скопје, а пред да седне во фотељата, сигурно имала увид за долговите на градот, односно јабните претпријатија под капата на град Скопје.

Координаторите на советничките групи во Град Скопје, во петокот остварија средба со претставници од приватните превозници.

Првиот човек на „Слобода превоз“-Ленин Јовановски по средбата изјави дека пред координаторите излегле со факти и аргументи за актуелната состојба.

Претседателот на Советот на Град Скопје, пак посочи дека в понеделник на седница во Град Скопје, советниците ќе поставуваат прашања до градоначалничката Арсовска за проблемот што го имаат приватните превозници.

Завчера, претставници од приватниот превоз со неколку возила се упатија кон Јавното Сообраќајно Претпријатие каде ги бараа одговорите за актуелниот проблем.

Петти ден како ниту еден автобус од приватните превозници не сообраќа. Тие најавија дека и понатаму нема да сообраќаат автобусите затоа што немаат средства за нафта. Граѓаните и понатаму нервозни бидејќи чекаат и по еден час на автобуските постојки, а раскопаните улици и булевари создаваат дополнителна тензија во сообраќајот-посочуваат тие.

Лидерот на приватните превозници, кој до неодамна важеше за еден од најголемите поддржувачи на Данела Арсовска, вчера на социјалните мрежи напиша:

„Ви се смее, во очи ве гледа и дрско лаже“, пишува на Фејсбук првиот човек на Слобода превоз, Ленин Јовановски за градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

„На прашањето на новинарот дека во кампањата се возеше со приватен автобус без срам и перде му реплицира: „Напротив, се возев со автобус на ЈСП Скопје”.

А еве на протестите видете го и автобусот (со рег.табл. и гаражен број) и возачот од Слобода превоз и сите други кои ги лажеше. Сега по 33 години работа и нив ги остави без пари, а Скопјани без превоз кој сега и за пари го нема.

Погледнете дел од нејзините патолошки лаги“, вели Јовановски, притоа објавувајќи видео како доказ на неговите тврдења (можете да го погледнете на неговиот профил на социјалните мрежи.

Познатата новинарка, Јорданка Ивановска Јоци, ја прокоментира состојбата со Данела Арсовска, на следниот начин:

„Чим другарите почнаа да ја напуштаат, нема повеќе надеж дека утре она ќе се разбуди како подобра верзија на себеси.
Ленин сепак и` беше ветер во едра.

Она не сфаќа уште дека танцот заврши, остана сама на шанк, барменот ги собира чашите од едно мега славје кое заврши со длабоко разочарување, завесите се спуштени одамна, надвор е ладно и тмурно.“

Previous articleПријателка го опиша Јордан, синот на Сашо Мијалков одблиску- ти брат си од ретките…. (ФОТО)
Next articleАдријана Алачки на патување со синот, раскажа што научила од него (ФОТО)