Home Live Kако добро вино, Ирена станува сѐ поубава, во кратко фустанче, над колена...

Kако добро вино, Ирена станува сѐ поубава, во кратко фустанче, над колена – ги заплени погледите (ФОТО)

Водителката ретко на социјалните мрежи споделува фотографии од своето семејство, но овојпат направи исклучок и на „стори“ фотографија со братот Борче. „Братска – сестринска љубов“ напиша таа како објаснување.

Инаку, ова е сестрата на Ирена, Јелена за која многумина тврдат дека премногу си личат. Јелена е убавица исто како и сестра ѝ.

Она пак што може да се забележи за Борче е дека тој е вљубеник во споротот, исто како и сестра му Ирена.

На неговиот Фејсбук профил можат да се видат многу слики од Борче, како следи доста европски фудбалски натпревари, и исто така како ужива во патувањата со своето семејство.

А, во една прилика, на прашањето од Женски Магазин како се вљубила во Душко Исајловски, нејзиниот партнер, Ирена рекла: Се препознав себеси во него.

А Душко е навистина посебен, и според она што може да се забележи на неговиот Фејсбук профил, тој е вљубеник во спортот, и сака андреналин.

Освен што се качува на планински врвови со Ирена, тој сака да вози велосипед, и со неговите пријатели, вози низ цела Македонија, и до 180 километри на ден. Ете зошто Ирена се препознала во него и заедного делат животот долги години.

Таа неодамна за Женски Магазин изјави дека не го крие партнерот, но во јавноста никогаш досега не зборувала за својот приватен живот.

„Ова не е ништо ново. Во врска сум, што е сосема нормално. Да сакав да го сокријам својот партнер, немаше да се појавам на јавно место со него.

Никогаш не сум зборувала за својот приватен живот, затоа и се вика приватен“, изјави Ирена за Женски Магазин.

Таа често на социјалните мрежи споделува фотографии од нивните искачувања по планини, но сега изненади со малку поинаква фотографија.

Тие двајца позираа во елегантна гардероба, а од фановите добија комплименти дека изгледаат како паровите од турските серии.

„Прекрасна двојка сте“, „Најубави сте, поздрав“, „Кралски пар“, „ Прекрасно за очи и душа. Со стил!“’, се само некои од коментарите кои може да се најдат под објавата.

– Пораката што сакам да им ја упатам на помладите е дека со редовни спортски активности и со умерена исхрана можат да бидат атрактивни и убави и во зрелите години. Жал ми е што гледам сè повеќе млади девојки со естетски корекции.

Жените во зрели години и можам да ги разберам некако што се одлучуваат да направат естетски интервенции, но никако не можам да ги разберам младите девојки“, изјави таа неодамна и додаде:

-Немам правено никакви интервенции освен козметички третмани за одржување на нега на кожата на лицето на природна база.

Немам дури ни вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки…Секогаш ќе има некој со посензуални усни од нашите, со погусти трепки, со побујни гради, подолги нозе или потенка половина…

Нема потреба да тежнееме кон идеални пропорции. Треба да научиме да уживаме во нашата уникатност, тоа нè прави да бидеме единствени. Колку порано го сфатат тоа младите девојки, толку подобро за нив“, вели Ирена во Женски магазин.

Ирена беше активна и во модниот свет, таа е Зимска убавица на Македонија за 1993 година.

– Се трудам да ги следам изборите за убавина и се радувам секогаш кога нашите девојки освојуваат награди на интернационалните избори.

Штета што кај нас немаме доволно финансии, сериозност и упорност да направиме од ваквите избори, вистински гала настан во кој ќе ужива и публиката и тие кои се на сцената.

Во Македонија имаме преубави девојки, а ваквите избори се одлична можност на младите девојки да им се отворат вратите од модните сцени или пак како во мојов случај за други професии поврзани со сцената и со рефлекторите

Бевме дел од манекенската екипа на Марјан Димитриевски кој во тоа време ја имаше најдобрата модна агенција. Ние станавме дел од неа на почетокот на деведесетите.

Станавме дел од подмладокот на агенцијата и освен на модни ревии учествувавме и на избори за убавина како претставнички на агенцијата. Јас бев избрана за Зимска убавица на Македонија во 1993 година.

Тој период јас веќе работев во МТВ како хонорарен соработник, па решив да се откажам од модните писти и да им се посветам на студиите по книжевност и на работата во телевизија“, се сеќава Спировска за Женски Магазин.

Ирена на својот Инстаграм профил објави фотографии како извесна страница ја насликала дигитален портрет од водителката, а на втората фотографија Ирена беше урамена на еден ѕид кој го красеше со својата убавина.

Ирена беше на шестото издание на Винодониа и по тој повод облече кратко, чипкано и црно фустанче кое ја отсликуваше нејзината совршена линија.

Ирена изгледаше многу елегантно и скромно, а се гледа дека виното е нејзината слабост, бидејќи веднаш се заруменила по пиењето.

Previous articleАгнеса кажа какви мажи сака и порача: На нашиов трачарски народ мора да им дадеш нешто во чинија за да мацнат
Next articleПријателка го опиша Јордан, синот на Сашо Мијалков одблиску- ти брат си од ретките…. (ФОТО)