Home Uncategorized Адријана Алачки на патување со синот, раскажа што научила од него (ФОТО)

Адријана Алачки на патување со синот, раскажа што научила од него (ФОТО)

Адријана Алачки со години наназад е добро препознатлив лик пред ТВ камерите. Таа својата кариера ја почна како пејачка, а потоа продолжи и како ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“.

„Секој ден му се заблагодарувам на Бога за новиот ден, што сме здрави и живи и едноставно започнувам со мојата ментална хигиена. Тоа се јога техники што ги користам од многу одамна, кажа во една прилика.

Ако го миете лицето а умот не, тогаш немаме комплетна нега. Како се загадува лицето, така и умот од секојдневието. Здрав и стабилен ум , дава отсјај на лицето“, вели Алачки која е голем поборник на природниот изглед.

„Немам ботокс, хиалурон, филери. Не сум противник, но сепак кога ќе видам неприродно и лошо аплицирани пополнувања. Треба добро да се одбере каде и кој ќе ви го работи лицето“, вели Адријана.

Нема подобра козметика и сјај на лицето од здрави живи успешни и среќни деца и внука, и тоа се нарекува специјален третман за лице. И секоја брчка е од нив, и секој сјај е од нив“, изјави Алачки.

Таа ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана. Надвор од професионалните обврски, познатата пејачка на народна македонска музика е посветена мајка и баба.

„Децата се мои најважни животни Гран При награди. Се друго е минливо, само децата и внуците се трајни животни дела“, изјави Андријана во едно интервју.

„Синко, кога беше мал беше едноставно да ги искажам желбите за тебе и остварам. Но на возраста на која си сега желбите од мајката се непроменливи, но се е во твоите раце за нивната реализација. Одговорно и храбро пред себе, само ти можеш да ги исполниш и да стоиш цврсто пред твоите планови и одлуки. Се зависи од тебе.

Биди ми здрав и жив, напиша Адријана за роденденот на својот син Благоја. Потоа, таа му го честиташе именденот, Благовец во април.

„Денес е светото Благовестие, Благовец, именден на мојот син Баже. Да е здрав, жив и името да му е вечно.

Да им се радува на основните животни вредности што човека го чинат човек, љубов, почитување и семејство. Го честитам именденот на сите што го прославуваат. Бог да не благослови и да даде среќни денови“, напиша Адријана на Фејсбук за својот син.

Кога Грациела прослави роденден, а Адријана со емотивни зборови ја опиша својата ќерка.

– Да се има ќерка како што си Ти моја Граци е привилегија, дар од Бога, бескрајно му благодарам што толку ме награди за да почувствувам што е дете, со сите ни шани.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН моја убавице. Биди ми здрава и среќна со твоите најмили, остани скромна како секогаш, тоа ти е голем украс и многу незаборавни мигови до следниот…Многу те сака мама!

Среќо моја, гордост моја!“, напиша Алачки за ќерката. Потоа сподели уште една објава за која раскажува за нејзината мака пред да ја донесе на свет ќерката.

– Среќен роденден сонце мајкино. На овој ден после седум месеци од мојот карантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував.

Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано. Првото запознавање, доење, запче, плач, насмевка, болка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете…едноставно само тоа ти е важно.

Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете…тоа дете има дете, семејство свое…свој човек. И тогаш мислите се на квадрат…повторно од почеток…и така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи..

Затоа што тоа е само желбата на секој родител. А да не зборувам кога ке доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика.

И тогаш важи пораката дека големината и вредноста на еден човек лежи во неговата скромност и едноставност. Тоа е мојата Граци…мојата секојдневна инспирација и дамарот мој. Среќна, здрава, жива…секој Божји ден…посебна си сонце.. единствена“, напиша Алачки.

Адријана сподели спомен со својата мила внука Јана, кога таа биоа помала, пред 5 години, а ја опишала со овие емотивни зборови:

-Соколица на баба! Како да го објаснам тоа, ми дава сила а ништо не ми прави, ме држи на нозе во животот а всушност ти ја држиш за раченце додека оди…чудни работи“.

Адријана заминала во Солун со синот Благоја, за да наполни батерии за рабптаната недела која ѝ претстои. Со Благоја Алачки кој е исто така музичар, Адријана заминала во Солун.

До сликите на кои е опуштена и среќма како пто само мајка може со својот син, таа напишала: Гордост е кога вие ќе почнете да учите од своите Вашите деца, кога тие Ве советуваат и станувате дете на Вашето дете“, напиша Адријана.

Previous articleЈорданка: Она не сфаќа уште дека танцот заврши, остана сама на шанк, барменот ги собира чашите
Next articleКалиопи пред Васил Зафирчев раскажа зошто се омажила за Ромео Грил