Нашата број еден фолк пејачка, македонскиот златен глас и нејзиниот бенд, во изминатите 50 дена беа на турнеја во Австралија.
Нашинците во оваа прекуокеанска земја, имаа можност да се веселат и да уживаат во друштвото на нашата најпозната фолкерка.
Анета и Молика одржаа концерти во Сиднеј, Мелбурн и уште неколку места.
Поради голем интерес, откако се вратија од Сиднеј, во Мелбурн, тие имаа повторно настапи.
Анета и „Молика“ на Фејсбук се заблагодарија на екипажот на летот од Сиднеј до Мелбурн, каде што нашите музичари имале специјален третман.
-Колку не има?? Македонски екипаж во REX airlines Австралија. Благодариме за преубавиот лет од Сyднеј до Мелбурн и поздрав специјален до Жаклина Домазетоска“, напиша Анета Молика минатата недела.
Денес, на својот официјален профил се огласи повторно Анета, кажа дека нивната турнеја во Австралија е завршена, но и ги израдува нашинците, најавувајќи им нова средба:
„Почитувани ФБ пријатели! Со голема радост ве известуваме дека заврши една наша Австралиска турнеја. Денес сме на лет за Македонија и воедно сакаме да ви се заблагодариме на сите вас што бевте заедно со нас овие 50 дена.
Посебна благодарност до КУД Јане Сандански од Мелбоурне на чело со Ромео Георгиев, а исто така голема благодарност до сите оние поединци и домаќинства кои што ни помагаа на било кој начин за нашите концерти, забави и поминати денови да бидат повеке од успешни и убави.
Следно наше гостување овде во Австралија ќе биде декември 2023 и дочек на новата 2024 година во организација на КУД Јане Сандански од Мелбоурне .
Со многу од вас ќе се видиме во Македонија и со нетрпение ве очекуваме.
Останете сите со добро здравје и бериќет. Голем поздрав АНЕТА И МОЛИКА.“