Home Live Горан Алачки и Марина со убави вести: Ја крстивме Нина (ФОТО)

Горан Алачки и Марина со убави вести: Ја крстивме Нина (ФОТО)

Новинарката Марина Дојчиновска која му е долгогодишна пшартнерка на музичарот Горан Алачки, искрено верува во делотворноста на маслото од семка од кајсија, кое е произведено во хималајското Кралство Хунза.

Хунза капките, вели таа, се користат како сојузник кај најтешките болести, а нивната широка намена ја поврзува и актуелниот коронавирус, поради нивното потврдено антивирусно дејство.

-Маслото од семка од кајсија е уникатно, рачно направено според древна рецептура, генерациски пренесувана со векови наназад.

Нивните кајсии никогаш не дошле во допир со хемиски препарати, се полеваат со глечерски води од недопрените височини и за овој народ претставуваат најголема скапоценост.

Статусот на едно семејство во Хунза,се мери според тоа колку стебла кајсии имаат во дворот“, вели Марина за Женски магазин која е екслузивен увозник за Европа.

Таа раскажува дека драгоцените маслени капки кои ги цедат од семката,ги нарекуваат течно злато.

-Го користат секојдневно во исхраната, за тамошните жени тоа е единствената и најскапата козметика, а тоа се забележува на нивните лица-младолики и без ниедна брчка и на возрасни години. Луѓето од Хунза се светски феномен за долговечност и здравје.

Вообичаено живеат над 100 години во одлична кондиција, а жените раѓаат и на 65 години“, раскажува Дојчиновска и вели дека тамошните луѓе живеат според филозофијата дека од овој свет треба да се замине заради старост,а не заради болест.

-Кај нив се’ уште не се стигнати модерните болести од западниот свет (ниту канцерогени, ниту срцеви заболувања или дијабет, па дури ниту кариес).

А ниту вирусот кој направи светска пандемија“, открива Марина и детално објаснува за капките кои помагаат и при најтешките болести.

-Хунза маслото прв пат го вкусив во 2005,при мојата прва посета на Кралското семејство.(Тогаш го направив документарниот филм ,,До крајот на светот,, а од тогаш и Македоците знаат за овој народ).

Од 2011 знаат и за скапоценото масло што ни го испраќаат-единствено и само за Македонија.Тие никогаш порано не испратиле од своето масло никому…

Нашите луѓе знаат за какви драгоцени капки станува збор, зошто знаат од какви височини и далечини е испратено, со колективна молитва за здравје онаму каде што ќе стигне“, вели Дојчиновска.

– Гари е мојата омилена опсесија, особено последниве години, од кога започнав изградба на нова куќа. Старата семејна куќа на Дојчиновски, која датира од пред 100 години е сè уште наше собиралиште, но време беше за уште една нова, своерачно направена, што ќе остане и за идните генерации во наредниве 100 години.

Гари е чудо на природата, таму е изворот на мојата енергија. Таков спокој на духот ми се случува само таму – каде што заспиваш со фреквенцијата на брзаците на реката под твојот прозор, а се будиш со славејчиња на изгрејсонце.

Истовремено го обожавам чувството кога сум своја на своето, помеѓу своите! Тоа чувство го имам само во Гари – мојата татковина и мојата дедовина. Мојот син Дамјан е приврзан кон Гари со ист интезитет.

Тој го фати крстот за Водици во Гарска река, а ние бевме кумови св. Јованови во текот на изминатата година. Селскиот туризам сепак би останал алтернатива за некои идни времиња, ако син ми Дамјан одлучи куќите да ги претвори во хотели. Сега засега, Гари сакам да си го зачувам само за себе.

Со Горан си ги разубавуваме животите еден со друг веќе осма година. Се сретнавме двајца страсни светски патувачи, меѓу две патувања во Скопје. Потоа продолживме патувањата да ги планираме заедно и да ги споделуваме убавините на живеењето што ги носат зрелите години.

Едно големо НЗС е нашата година на раѓање – генерација 1965, тоа носи генерациски сличности во резоните и погледот кон светот.

Добро е кога на наши години ќе се сретнат двајца луѓе кои точно знаат што сакаат, реализирани во сите важни животни сфери, со расчистени сметки и платени фактури кон минатото.

Тоа е предуслов за квалитетно функционирање на една врска. Јас и Горан се посветивме на нашите градби – јас во Гари, а тој во неговото Владимирово“, рече Марина за нашиот познат музичар кој се пресели во Владинирово и семејната куќа ја претвори во културен центар.

-Последниве месеци главна тема ни се мајстори, плочки, цигли и бетони, но задоволството дека своерачно градиш на своето – татковото место е непроценливо чувство на задоволство и уште една наше НЗС и поклопување на проекциите“, изјави Дојчиновска за Слободен печат за време ан пандемијата.

Горан Алачки и Марина биле кумови на крштевка и објавиле слики од овој убав чин со нивноте пријатели. Тие на заедничката слика која Марина ја шернала на Фејс изгледаат среќни и горди.

Марина и Горан објавија убави вести како кумови и до сликата напишааа: Ја кристме Нина. Нека е жива и здрава. Кумовите највозбудени. Радости!“

Previous articleПознатиот пејач од „Лексингтон бенд“ поминува низ тежок период – со сопругата имаат надеж за нивната ќерка
Next articleЛидија Кочовска низ солзи раскажа за испраќањето на Невена и разочарувањето од општинските власти