Home Live Калиопи пред Васил Зафирчев раскажа зошто се омажила за Ромео Грил

Калиопи пред Васил Зафирчев раскажа зошто се омажила за Ромео Грил

Калиопи на својот Фејсбук и Инстаграм профил често знае отворено да зборува со своите следбеници. Тата, во една прилика таа праша:

Дали ви се допаѓа оваа стара фотографија? Мислам дека ми треба нова фотосесија што е можно побрзо“.

Вака ги праша Калиопи своите обожаватели на Инстаграм и на Фејсбук неодамна, и објави една постара слика од постара фотосесија.

Музичката пред неколку месеци уживаше патуваќи низ Македонија, и објави фотографии од Кавадарци. Имено, Калиопи ја посети црквата Света Петка и напиша сосема кратко; Моја Македонија.

Калиопи, објавувајќи свои слики објавува и стихови од нејзините песни како на пример песната „Мојот дом“ која оди вака: “Само затвори очи и силно гушни ме.

Не предавај се, оваа љубов твој е дом. Никој од тебе не бара солзи за каење. Ни вака од внатре ни на јаве, ни на сон…”

Пејачката сподели стихови од својата песна „Од себе не одустајем“ и објави свои природни слики на кои е многу среќна и насмеана.

Калиопи беше во Белград, како гостинка во емисијата „Студио“ која е всушност мултимедијално музичко шоу, каде што познати пејачи пеат стари песни во нови аранжмани.

Емисијата се емитува на Радио телевизија Србија секоја сабота. Калиопи на социјалните мрежи објави видео во кое таа ја пее песната „Македонија“ која на времето на има испеано Дадо Топиќ, познатиот хрватски музичар.

Во видеото, таа објаснува што за неа и за целиот народ претставуваа оваа песна.

– Тоа беше време на Југославија кога не се пееше многу за републиките посебно, ние секогаш пеевме за една земја.

Со самото тоа имам чувство дека луѓето сфаќаат дека македонското сонце е љубов и желбата на тој народ себеси да се дава на другите е некако блиска.

Посебно благодарам на Дадо Топиќ, кого го обожавам, кого го сакам, кој е мој голем пријател, тој некако го опеа сето она што многу други никогаш не би рекле, а да не е Македонец“, рече Калиопи тогаш.

Таа сподели видео како на своите обожаватели им дава бакнеж, но дали е бакнежот наменет и за некоја посебна личност, судејќи според стиховите што ги сподели до видеото.

– Ќе ги продадам соништата. Ќе ја изгаснам темнината. Никогаш повторно. На усните афион. Усните се мои. А твое е сè. Ќе ги продадам соништата. Затоа што те сакам… ”

Ова се стихови од нејзината песна „Небото ми сјае“.

Калиопи во еден свој пост, се чекираше дека е во Република Македонија, На сликите што ги објави како го пие утринското кафе, таа изгледа како девојче.

Калиопи ги запраша следбениците: Сакам добро кафе, особено турско кафе или добро еспресо … А вие? Што преферирате повеќе, кафе или чај?

Без оглед што се долги години поминати откако одржала концерт во Македонија, Калиопи како вчера да пеела пред својот народ“, објави Женски магазин по концертот кој Калиопи го одржала во Велес.

Концертот кој сношти го одржа во Велешкиот театар, од една страна покажа колку домашната публика ја зажелела, а од друга, колку е цврста таа нејзина врска со верните фанови кои со години стојат пред неа.

Калиопи раскажала и лична приказна од нејзините тинејџерски денови на овој концерт пред публиката во театарот Јордан Хаџи Константинов – Џинот.Таму, како пто објави овој медиум, во публиката бил и Васил Зафирчев.

-Кога бев тинејџерка, татко ми не ме пушташе да излегувам ви диско. Ми велеше, во 10.30 да си дома. Како во 10.30, кога диското почнува во 10? Сега не е меѓу нас, но верувам дека ни ја испраќа неговата енергија од горе.

Затоа, за да можам да одам во диско, јас си се омажив за Ромео. Потоа веќе не можеше да ми брани“, изјавила Калиопи на концертот.

Previous articleАдријана Алачки на патување со синот, раскажа што научила од него (ФОТО)
Next articleOбожавателка искрено кажа каква е Ана Бекута, поврзано е со Мрка и неговото заминување