Home Live Непријатна случка на концерт на Брена, реагирала и брза помош

Непријатна случка на концерт на Брена, реагирала и брза помош

Нејзините верни обожаватели се сеќаваат дека Лепа Брена во еден период од својот живот, заедно спо сопругот Боба Живојиновиќ има живеено во Скопје, во времето кога тој имаше свој бизнис во Македонија.

-Јас од секогаш сум сакала да пеам македонски песни, ја обожувам македонската музика и мислам дека некако најубавите забави биле со македонски песни, не само тука во Македонија, туку каде и да одам.

Како може да се пее, а да не се испее некоја македонска песна. Ова го има изјаевни Лепа Брена во едно интервју за centar.mk.

Брена искрено има кажано дека нејзиниот пат до славата бил трновит, и не ѝ било лесно да стане она што е денес, една од најпознатите и една од најбараните, но и најбогатите пејачки.

-Не можам да им верувам на луѓето кои поминале низ тежок живот, а потоа велат: „Јас би го направил тоа повторно“. Да се родам повторно, никогаш немаше да го направам ова.

Не само како Лепа Брена, туку како претседател или кралица на светот. Тешко и тешко е жената да биде жена и деловна жена. Децата не ги интересира успешна мајка која прави кариера како пејачка и заработува добро.

Кога би можела да го вратам времето назад, никогаш не би била Лепа Брена – вели пејачката во интервју за Курир.

– Јас со години наназад се научив да живеам како војник, и да бидам строга кон себе си. Секое претерување би ми наштетило, без оглед дали е тоа претерување како недоволна физичка кондиција на пример, која ќе донесе последици.

Пеењето е како возење велосипед, тоа е нешто што никогаш не се заборава, но пејачката кондиција зависи од физичката кондиција. Јас одамна се одреков од некои животни задоволства.

Смешно ми е кога ќе слушнам на нашите простори кога луѓето велат: Ако не јадам и ако не пијам и не пушам, за што тогаш живеам? Јас имам многу други причини да живеам.

Научив да бидам умерена во храната и да си скратам многу работи кои претставуваат балканско задоволство. Јадам се помалку месо, и за себе можам да кажам дека не постам секоја среда и петок, туку постам веќе 35 години.

Ако јадам месо, тоа е еднаш во неделата. Мојата исхрана се сведува на некои лесни протеини, супи, чорби, можеби некоја јапонска или тајландска храна. Секоја храна, само не оваа нашава балканска.

Понекогаш ќе ми се случи да изедам некоја сарма, или некое месо, но потоа ќе се покајам, затоа што јас тоа не можам да го сварам“, рекла Брена во Женски магазин.

Мислам дека на овие наши простори е многу здодевно ако речете дека живеете еден нормален живот. И тие написи се нешто што ги одржува читателите на порталите. На таквите луѓе не им е интересно ништо што е нормално.

А ние сме едно нормално и здодевно семејство. Медиумите нека си работат својата работа, ние нема да демантираме“, додала Брена.

Брена одржала два концерта во Хрватска. Сите генерации уживаа во нејзините хитови, а на еден концерт морала да реагира брза помош.

Според пишувањата на медиумите од Хрватска, на концертите на Брена присуствувале голем број пензионери, а на еден од нив им се слошило, па реагирала брзата помош.

Шест од нив паднале во несвест, додека еден пензионер бил со полна сила. Тој ја прескокнал оградата и се качил на бината за да биде поблиску до својата омилена пејачка.

Обезбедувањето одговорило, но пејачката побарала да не го закачаат, па тој останал на сцената и одблиску ја гледал Брена додека ги изведувала нејзините најголеми хитови.

Previous articleЛидија Кочовска низ солзи раскажа за испраќањето на Невена и разочарувањето од општинските власти
Next articleВкусна вечера со радовишки компир – ја бива за сè, Гавазова покажа што знае да направи (ФОТО)