Home Live Лидија Кочовска низ солзи раскажа за испраќањето на Невена и разочарувањето од...

Лидија Кочовска низ солзи раскажа за испраќањето на Невена и разочарувањето од општинските власти

На 25 август во Скопје, по долго боледување се упокои Невена Кочовска, легендарната пејачка на групата „Мањифико“, која го прошета целиот свет и пееше пред видни личности од политиката.

Невена беше сопруга на Панче Кочовски, со кој заедно пееше во овој ансамбл кој настапуваше исклучиво со мексикански песни.

Невена до самиот крај не ги заборавила текстовите кои ги пеела со „Мањифико“, и Лидија знаеше да објави снимка како пее со свијата мајка. Иако ги заборавала имињата и луѓето, песните ги паметела секогаш.

– Нормално ја доживував нивната популарност. Така и ме учеа како мала-како што има луѓе што работат на шалтер во банка, продавница, фирма, така и нивната работа е пеењето-сцената.

Во професијата никогаш ништо не ми било чудно, зашто уште од мала сум се дружела со познати пејачи, глумци кои ни доаѓале и дома.

Значи од мала го живеам тој живот-живот на познати родители. Сите „детски болести“ околу популарноста и професијата ги прележав како многу мала.

Со години бев Тања Мањифико, така ме викаа сите знаејќи чие дете сум, но тоа ме остави приземна и можеби и затоа публиката ја сака мојата искреност.

Најдраги спомени? Ги има илјадници. Кога со часови вежбаа во дневната соба, а и јас со часови ги слушав и затоа ги знаев сите песни.

Кога одев на патување во земјите каде што имаа концерти со мојата тетка (најстарата сестра на мајка ми) со која живеев седум години.

Кога ме носеа на најразноразни фестивали (пример Скопскиот фестивал). Кога во тоа време ми ги испраќаа најубавите подароци од странство, кола на педали и кога ги качив сите мои другари и другарки, веднаш ја искршивме.

Кога летно време „живеевме“ во изнајмена куќа на хрватското приморје и уште многу други спомени“, изјавила Тања во една прилика.

Лидија Кочовска одржа емотивен и многу успешен концерт во Тетарот за деца и младинци во Скопје, посветен на големата пејачка на „Мањифико“, Невена Кочовска.

-Од една страна, ст рашна болка што мајка ми не е присутна физички меѓу нас, од друга страна чувствував гордост и среќа што го правам ова токму за неа и знам, го чувствував нејзиното присуство и поддршка, беше тука, со нас.

Мислам дека кај сите владееа такви емоции, плачевме, се смеевме, игравме, пеевме. Мене ме одржува во живот токму таа помисла, мајка ми би била најсреќна да сме јас, Тања и татко ми секогаш насмеани и среќни“, изјавила Лидија Кочовска.

Најубавиот и најтоплиот момент беше на крајот, кога и нејзиниот татко, легендата Панче Кочовски, заедно со сестра ѝ, Тања Кочовска, излегоа на сцена заедно со Лидија, за да ја испеат „Мама Хуанита“, пренесува Женски Магазин.

На крај ја отпеавме нашата домашна химна, фрагмент од „Мама Хуанита“, композиција која беше дел од репертоарот на моите родители, на „Мањифико”, која мојата мајка ја пееше до последен здив.

Татко ми се држеше одлично, изджа јуначки, се разбира, заедно со наша поддршка“, изјавила Лидија Кочовска за својот татко.

Лидија Кочовска во новото интервју за Бекстејџ проговори за карактерот на Невена и погребот:

Мајка ми беше човек што направи за многу луѓе, меѓутоа никогаш не сакаше да се знае. Тоа што јавно го правеше, нормално, сите го знаеја. Но, за многу луѓе има направено, меѓутоа и таа сама има кажано:

„Ве молам, не мора да се знае.“

Тања и татко ми се секогаш реални, и мајка ми била секогаш реална. Таа била многу помека, пофлексибилна, татко ми и Тања биле поостри да речам, можеби затоа и со мајка ми сум имала посебна релација.

Тања е малку повеќе ангажирана периодов околу Панче, но нон-стоп сме со него, фала му на Бога, добро се држи.

-Јас едно ќе кажам, на најголем душман не му посакувам, да му се случи тоа. Значи да имаш член во фамилија кој што е заболен од Алцхајмер. Конкретно кај мајка ми беше Алцхајмерова деменција, тоа се две болести во една.

Имаше еден момент кога јас кажав, можеби ќе звучам примитивно, просто, не знам како ќе наречат луѓево, но јас на докторката ѝ кажав: „Јас бирам кан цер.“

Ќе ме сфатите на што мислам. Не дај Боже и тоа е претешко, секоја болест е претешка, но тука е мозокот во прашање. Тука се губи комплетна контрола над себе.

Имаш пред себе сосема друга личност. Мене ми беше страшно разочарувачки што на погребот на мајка ми, не дојде еден претставник барем од министерство за култура, да ја испочитува и да и оддаде последен поздрав.

Или барем претставник, човек од општина Карпош, бидејќи сме најстари карпошки граѓани. Моите родители се најстари карпошки граѓани. Еден човек не се најде тоа да го испочитува. Огорчена сум и навистина многу ме боли, нѐ боли фамилијарно.

Мајка ми ми беше ветер во грб. Таа ми беше најголема поддршка. Заедно со цела моја фамилија и со Тања и со татко ми, но со мајка ми имав посебна некоја поврзаност, посебна релација.

И си кажувавме буквално сѐ. Никогаш не ме осудуваше, меѓутоа не ми беше слабост мајка ми затоа што не ме осудувала. Јас ја обожавам и Тања, го обожавам и татко ми, ги сакам подеднакво, изјави Лидија за Бекстејџ.

Целото интервју може да го погледнете ОВДЕ.

Previous articleГоран Алачки и Марина со убави вести: Ја крстивме Нина (ФОТО)
Next articleНепријатна случка на концерт на Брена, реагирала и брза помош