Home Live Вкусна вечера со радовишки компир – ја бива за сè, Гавазова покажа...

Вкусна вечера со радовишки компир – ја бива за сè, Гавазова покажа што знае да направи (ФОТО)

Сузанана Гавазова, нашата популарна фолк-пејчак во една прилика рече дека се смета за популарна бидејќи насекаде кога оди низ Македонија ја застануваатлуѓето, па сакаат да се фотографираат… “Тоа секако дека ми одговара и се сметам за популарна“, кажа Сузе.

Кога бев дете многу сакав да бидам во друштво на стари луѓе и многу учев од старите. Се сеќавам кога даваа совети… Работи, троши, ама тргај пари за црни денови.

Никогаш не знае човек што може животот да донесе. Мора секој човек да мисли за утре. Никој не се надеваше дека баш на музиката и воопшто на културата такво нешто ќе се случи, но ете се случи.

Навистина е многу тешко да останеш без работа, тоа не му го посакувам ни на најголемиот душман, посебно кога некој си ја сака работата и си ја работи со многу љубов“, рекла Сузана за пандемијата.

И покрај тоа што е криза јас продолжив со снимање на нови песни и спотови, но до кога? Воопшто не е исплатливо…

Но, ете колку можам се трудам да им подарам на моите досегашни фанови песна која ќе ги расположи и во овие тешки времиња ќе им биде лек за душата. Да знаат дека не сум заборавила на нив и дека и во добро и во зло секогаш треба да бидеме заедно“, додала таа.

– Најголем адут ми е задникот, па се трудам да го одржувам како и целата линија, па комплиментите најмногу се однесуваат на тоа.

Силикони немам на гради, и не сум подготвена сеуште, мислам дека за тоа човек треба да има храброст. Имам само силикони на уста, пред 3-4 години. Другото сѐ е природно на мене.

Добро е да се биде жена затоа што жените имаат предности, таа може да биде мајка, тоа е нешто најубаво. Може да биде заштитена и мило ми е што сум жена.

Убаво е да си жена, особено убава физички, ако знае да ја истакне и искористи својата надворешна убавина.

Немам среќа во љубовта и ми падна на мисла да одам некаде да се оплодам вештачки, ќе си имам дете. Меѓутоа мајка ми ме предомисли, ми вели: Па добро Сузе, ти ќе се правиш неспособна за маж?

Но, не губам надеж, ќе ми дојде среќата, јас сум уште млада (се смее). Во иднина се гледам како мајка, сопруга и добра домаќинка, затоа што најголемо богатство се семејството и децата“, рекла Сузе пред да го сретне Јасмин.

Сузана на Инстаграм објави слика во долна облека, и ова е нејзината најжешка слика досега. Нашата фолк-пејачка по ова доби доста коментари и емотикони, а еден нејзин обожавател ја нарече кралица.

Нема збор, таа изгледа совршено на сликата, а нејзиниот сопруг Јасмин не пропушта на социјалните мрежи да објави убави детали од нивната љубов.

Гавазова неодамна пееше во Aвстрија, на српска публика. Како што напиша Гавазова, поводот бил роденден на семејни пријатели од Србија на пејачката.

После настапот, Гавазова реши со сопругот и пријателите да прошета низ Виена и да ја види познатата катедрала Св. Стефан.

Гавазова се фотографираше со нејзината втора половина, Јасмин, а на фотографијата се гледа дека викендот тие си го поминуваат лежерно и уживаат во друштво еден со друг, како штотуку да се вљубиле.

Како ја освојуваш публиката со глас, стас, добар настап, добра песна?- ја прашаа Сузана во едно интервју за Точка, а таа рече:

– Најпрвин добра песна, секако тука е и стасот. Еден добар пејач треба да поседува и добар глас, а мислам дека најголемото оружје е добрата песна.

Јас сум задоволна од мојата работа, задоволна какви песни сум избрала, и сите песни се одлично прифатени од страна на публиката и се големи хитови.

Од мојата музика би ја издвоила „Свадба весела“, песна која ми донесе голема популарност, исто така „Докторе“, „Лудо лето“…

Потоа, Сузана го искоментира спотот на нејзината колешка Сања Ристеска и темата „Баш ме забол е“, и искоментира дали таа би испеала таква песна.

-Ми биле понудени такви песни и мене, ама не сум ги прифаќала. Не можам да дадам коментар за Сања и песната, од причина што таа ми е добра колешка и си живееме.

Гавазова постојано објавува фотографии од тоа што зготвила и се гледа дека ја бива и во кујната кога прави вкусни јадења.

Последно, Гавазова сликаше дека направила чорба со говедско месо и радовишки компир, а за да го дотроши вкусниот компир направи печено месо и сечкан печен компир за ручек.

Previous articleНепријатна случка на концерт на Брена, реагирала и брза помош
Next articleАнета Молика се огласи од аеродpом во Сиднеј и кажа радосни вести за нашинците во Австралија