Home Live Дедо Пимен го објави ТИПИКОТ за Божиќниот пост – еве што се...

Дедо Пимен го објави ТИПИКОТ за Божиќниот пост – еве што се јаде ден по ден (ФОТО)

Божиќните пости започнуваат денес, на 28.ноември и траат до 7.јануари 2023 година. На 7-ми јануари се слави раѓањето Христово и оние кои во изминатите 40 дена се вздржувале од храна од животинско потекло, првпат се „омрсуваат“.

Постот подразбира преминување на поинаков режим на исхрана.

Како да се испочитува постот, а да се сочува здравјето и имунолошкиот систем?

Како да се постигне баланс во исхраната и имунитетот имајќи ја во предвид епидемијата со kopoна вирусот. Гостувајќи во утринската програма, нутриционистката Тања Бакрач истакна дека постот подразбира изоставување на намирници од животинско потекло и дека тој треба да биде разновиден.

Важно е да водиме сметка да внесуваме доволно нутриенти, белковини, како и масти и јаглени хидрати.

“Постот не треба да биде едноличен за да не го намалиме имунитетот и да не дојде до проблеми со здравјето. Особено е важно да не се одбегнува појадокот.

Во текот на постот треба да се консумираат намирници кои се свежи и кои содржат витамини, минерали и влакна”, истакна нутриционистката Тања Бакрач.

Кога и да постои било каква опасност со постот да се загрози здравјето, верникот се разрешува од постот. Од постот се разрешени болните, трудниците и доилките, оние кои се занимаваат со тешка физичка работа. Најдобро е секој верник да се посоветува со својот свештеник во врска со постот.

Како да се подготви организмот за пост и премин од еден начин на исхрана на друг?

Тој премин треба да биде постепен, за да може дигестивниот тракт да се приготви за промените во исхраната. Индустриската храна треба да се сведе на минумум во исхраната, а што повеќе да се консумира свежа храна.

Така и психички и физички ќе се чувствуваме подобро”, истакна нутриционистката.

Исто така, таа додаде и дека во текот на постот може да дојде до недостиг на витаминот Д во организмот, бидејќи не се консумираат млечни производи. Тој е значаен за имунитетот, па потребно е да се јаде риба или да се консумираат суплементи од тој тип. Важни се и витамините Б12 и витаминот Ц.”, истакна нутриционистката Тања Бакрач.

Инаку пред почетокот на секој голем пост, верниците, бараат благослов од своите духовници. Духовникот (свештеник, епископ), може да го ублажи постот, доколку духовното чедо се соочува со некаков здравствен проблем, поради кој мора да внесува, дури и продокти од животинско потекло (најчесто се тоа млечни производи и јајца).

Добар духовник, исто така, на почеток од духовниот раст, внимава на своето духовно чедо да не му дава тежок подвиг, бидејќи верникот во тој случај може да се откаже од постење.

Постот, покрај исповедта е еден од најважните чекори кон единство со Бога, преку најважниот чин, причеста на црковната литургија.

Владиката Европски, дедо Пимен, денес на својот профил на социјалните мрежи, го објави типикот (правилото за постење) за овој Божиќен пост.

„Драги ем мили мои, Да влеземе и во овој пост со благослов од Бога, најнапред измирени со самите себе, со ближните и со Бога.

Да ги љубиме и непријателите и да бидеме во мир и со нив. Секако, доколку тоа зависи од нас. Наше е да ја подадеме раката, а нивно е дали ќе ја прифатат подадената рака за мир или ќе останат во својата увереност дека го поседуваат монополот на правдата и вистината.

Секој со својата слобода на размислување, да го дочекаме во радост Раѓањето на Богомладенецот.

Но, да не заборавиме дека последниот суд е Негов и да не зајдеме во себеоправдувањето и со тоа осудување на братот свој. Негов е судот, а наша ќе биде радоста ако дадеме добар одговор на Ст раш ниот Негов Суд и ако наследиме живот вечен во Царството Небесно“, напиша дедо Пимен и го објави правилото за постење.

Previous articleСите го знаат вонбрачниот син на Маринко Роквиќ, а ова е неговата бивша девојка со која го има најстариот син (ФОТО)
Next articleАна Бекута: Како не ви е cpaм, сега ќе ви кажам дали Мрка ми го препиша имотот