Home Live Елена и Ламбе повторно заедно, овој пат и Антониа Гиговска е во...

Елена и Ламбе повторно заедно, овој пат и Антониа Гиговска е во приказната (ФОТО)

На првиот ден од божиќниот пост, со прес-конференција во Македонска филхармонија, Здружението „Бадникови поворки” преку своите претставници, нашиоте познати пејачи.

Тоа се Ламбе Алабаковски, Елена Ристеска, Антониа Гиговска, Дејан Пројковски и Марија Саздева, и тие ја отворија празничната сезона во која, како што најавија, имаат намера да сеат многу радост, добрини, милосрдие, љубов во секој облик; сè она што на нашиот народ му треба и недостига после двегодишното адаптирано пандемиско празнување.

Активностите на Здружението „Бадникови поворки“ започнаа на првиот ден од божиќниот пост и завршуваат на трет ден Божиќ. За претстојниот 40-дневен период, најавија повеќе големи проекти од народно, културно и духовно значење.

Меѓу нив е и освежување на химната на бадниковите поворки – „Вечниот Бог“, како во аранжманот, така и во видео приказната, за омилената божиќна песна да им ја приближат на новите генерации деца кои имаат свои нови ѕвезди, а од друга страна да го прошират и кругот на пејачи и таленти кои сакаат да го слават Бога.

Главни носители на овој проект ќе бидат: Ламбе Алабаковски и Антониа Гиговска, како и Елена Ристеска која ќе ги предводи младите ѕвезди за да можат суштински да ја почувствуваат својата улога.

На прес-конференцијата беа обелоденети имињата на дел од нив и тоа: Мите Стоилков, Џенгис Мемедоски, Барбара Ракичевиќ, Тамара Грујовска, Мартинијан Кириловски, Мелани Тарчуловска, Ана Петановска.

За комплетното осмислување и реализирање на новиот видео запис, ќе биде задолжен режисерот Дејан Пројковски кој заедно со Горан Наумовски и Стојан Стојановски, трета година по ред се дел од Бадниковите поворки.

Нивните спотови за возобновените божиќни песни „Христос се раѓат, на светот радост“ и „Божиќна серенада“, од народот и стручната јавност беа оценети како вистински ремек дела, разгледници што нè навраќаат во времето на силни семејни вредности и непоколеблива вера.

За нив, предизвикот оваа година е уште поголем, затоа што ќе треба да создадат уметничко дело што ќе разбуди силни емоции кај децата и ќе допре до нивното чувство на припадност кон вистинската семејна традиција.

Паралелно додека се одвиваат работите во студио и на терен, ќе се подготвуваат и два божиќни концерти, еден за деца и вториот за возрасни.

Божиќниот концерт за деца се поканети да го подготват сите досегашни учесници во возобновените песни: Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Стефан Филиповски (Некст тајм), Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Даниел Кајмаковски, Никола Перевски (Нокаут), Давид Темелков, и Златно славејче, заедно со новите ѕвезди.

Здружението „Бадникови поворки“ јавно ги покани сите детски хорчиња, ансамбли, театарски, креативни и едукативни центри, детски студија за игри и танц, да стапат во контакт со нив за да добијат своја улога на настанот.

Божиќниот концерт за деца ќе се одржи на Бадник на 6-ти јануари во 11 часот и ќе биде претходница на најголемата Бадникова поворка во Скопје што од Градскиот плоштад ќе помине преку Камениот мост и традиционално ќе заврши во Соборниот храм каде што неколкуте илјади коледарчињата ќе бидат и дарувани.

Организаторите испратија јавна покана до сите градови и населени места да се вклучат во организирањето Бадникови поворки на радост, во нивното место на живеење, со надеж дека досегашната историја на учество на 40 градови и 15 илјади деца во последната поворка од 2020 година, двојно ќе се зголеми.

Во функција на ова големо и најрадосно случување, веќе на неколку локации низ Републиката започнува изработката на бадниковите ѕвезди што децата премногу ги сакаат и со радост ги носат в рака, а се вистински симбол на празнувањето зашто потсетуваат на Витлеемската ѕвезда што го најавува раѓањето на Богомладенецот.

Традицијата на адаптација на божиќните песни на знаковен јазик, продолжува трета година по ред. Македонија е првата православна земја во светот што започна да ги толкува божиќните песни на знаковен јазик, за и глувите лица да ја почувствуваат радоста на празнувањето.

Оваа година следува адаптација на „Божиќна серенада“. Вклучувањето на децата со посебни потреби и нивните семејства во речиси сите досега спомнати активности, како и акциите на милосрдие се долгогодишна традиција на бадниковите поворки и ќе остават свој белег и во оваа празнична сезона.

Божиќниот концерт за возрасни ќе се одржи во вечерните часови на 9-ти јануари (трет ден Божиќ), во Македонска филхармонија.

„Љубојна“ и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј ќе бидат главните носители на овој голем проект со кој ќе се заокружи и празнувањето и активноста на Здружението за оваа празнична сезона 2022/2023 година“.

Оваа соопштение е пбјавено на Фесјбук страницата на Бадникови поворки, откако се одржала прес конференција за овој настан. Постот го сподели Ламбе Алабаковски на својот Фејсбук профил.

Се гледа дека на прес конференцијата биле Ламбе и Елена кои по долго време се повторно заедно,затоа што и двајцата заедно ја започнаа својата кариера во исто време и пееја во дует.

На сликите е и Антониа Гиговска облечена во спортско издание каква што поретко ја гледаме, како и режисрот Дејан Проквоски.

Previous articleСопругата на Маринко Роквиќ, Славица сите ја знаат, а ова е Мила, мајката на неговиот вонбрачен син Дарио (ФОТО)
Next articleЛила си замина на село и откри: Нecpeќaтa влегува на мала врата (ФОТО)