Home Live Горд на својата седа коса, наздрави за роденденот со вода- еве колку...

Горд на својата седа коса, наздрави за роденденот со вода- еве колку години наполни Владо Јаневски (ФОТО)

Познатиот пејач и композитор Владо Јаневски, во интервју за Опсервер.мк сподели една интересна мисла. Имено, тој откри дека веќе не му е престиж да го сакаат надвор од Македонија.

– Да ме прашавте пред 10 години ќе ви кажев дека тоа е да ме сакаат во Белград, во Загреб, во Љубљана, да правам 50 концерти годишно наместо пет.

Но денес, не. Сега ми е доволно само да се разбудам наутро и да помине уште еден ден, а од утре ќе размислувам за понатаму.

Толку сум сконцентриран на сегашноста, што ги отфрлив сите планови за иднината. Годините и искуството ме научија дека „ако сакаш да го насмееш Господ само кажи му што планираш.

Немам апетити да настапувам надвор од Македонија“, изјави Владо претходно, но сега тој интензивно снима и настапува во Хрватска.

Промена по која е актуелен сега е неговата преселба во Гевгелија за која изјави дека му годи. За Жеснкки магазин, Владо раскажа како таму му изгледа еден сосема обичден ден, кога нема обврски.

– Со скопски сленг речено: многу лабаво. Ниту некој ме бара за друштво, ниту јас ѕвонам некому за кафе или дружба. Не сум мерел, ама сигурно 90% од времето сум сам со себе и така ми е убаво.

Можеби е тоа така затоа што работните денови ми се интензивни и полни со луѓе, забава, дружење со познати и непознати. Во еден мој обичен неработен ден секогаш има време за прошетка, теретана, добар филм, интересна книга…

-Тие 2-3 години во Москва пеев скоро секоја вечер, но имав многу слободно време преку ден.

Тоа слободно време, во недостаток на блиски луѓе и пријатели, го користев за читање книги (што ми е страст уште од детството и од студентските денови).

Имав 35 години, чувствував дека сум на некаква пресвртница во мојот духовен развој и се посветив на читање книги за кои сметав дека ги кријат одговорите за моите горливи прашања:

„ Кој сум бил порано, кој сум сега и каков сакам да бидам во втората половина на животот?“ Оттаму се разви мојата вештина на интроспекција која ми помогна да се пронајдам себеси и да ја развивам вештината на бивање комотен во сопствената кожа.

Со еден збор, научив да си бидам свое најдобро друштво и соговорник“; изјавио Јаневски.

Владо Јаневски пред неколку емсеци, зборуваше за најголемите трачеви кои за него се измислени во емисијата на Жаре, Еден на еден.

Жаре вртеше тркало на кое беа напишани најинтересните трачеви кои се смислени за Владо, а тој имаше задача да ги искоментира и да каже дали ги слушнал, и во тоа Јаневски се снајде на овој начин:

-Владо Јаневски е г ej. „О, да, ова е класика трач. 90-тите години ми беше тешко кога го слушнав ова. Дечко од 30 и кусур години, многу сакам жениве да ме сакаат, многу сакам да ги мењавам.

И одеднаш, некој ме саботира. Јас ова го сфаќам како саботажа. Некој ме саботира за да ги одбие девојкиве од мене. Се случило обратно, доаѓаат да проверат бе пустите.

Колку што на мене сега ми е смешни, верувај дека им било уште посмешно на жените кои биле со мене“, рече Владо. Потоа, следниот трач што се падна беше: Владо е лечен ал ко холичар, а тој одоговори вака:

-И тоа е исто класика. Пејачите локаат, пијат за воља на вистината. Али тој стереотип, на луѓето им е полесно копи-пејст да стават на сите. Има ситуација луѓе кои ме виделе во живо, и приметуваат кога ќе ме видат вака: Вода.

После три години, пак ќе ме види негде- вода. И со години, кога и да ме види, кај мене на маса стои вода. И кога ќе сфатат, се донесува конзензус, тој Владо Јаневски ненормален, пие само вода.

Владо Јаневски, на социјалните мрежи, тоест неговито адиминистратор објави негова слика со која се заблагодарува на сите негови обожаватели за роденденските честитки кои му ги испратиле за неговито роденден, на 27 ноември.

Владо е сликан во природно издание, и е горд на своите години кои не ги крие и на својата седа коса. За роденденските честитки, тој наздравил со вода, бидејќи во неколку наврати има кажано дека алкохол не пие.

Инаку, биографијата на Владо вели дека е на сцената од крајот на седумдесетите години, а роден е во 1960 година, што значи дека наполнил 62 години,кои гордо ги носи.

Previous articleМими Јовановска од „Ѕвездите на Гранд“ раскажа што прави со сопругот Нуне и за што е најблагодарна во животот
Next articleПрва фотографија на Грашо со ќерката Алба, пејачот никаде не оди без баба му Вјекослава, убавата мајка на Хана (ФОТО)