Home Live Јелена Спенџарска објасни зошто не ги сака македонските мажи- сега е јасно...

Јелена Спенџарска објасни зошто не ги сака македонските мажи- сега е јасно зошто има Грк дечко

Познатата водителка на утринска програма и инфлуенсерка, Јелена Спенџарска шармира со својот изглед и природна убавина. Водителката покрај на малите екрани, се повеќе внимание привлекува со своите објави на социјалните мрежи, објави минатата година Слобиоден печат.

– Ако некогаш сум била ПРЕсреќна и ПРЕисполнета со работата која ја работам и општо,од сопствениот живот, денес беше тој ден. Сериозно се обидувам да најдам зборови да можам да напишам долг пост за првиот ден на ова магично место, но НЕ!

За некои слики, места и доживувања НЕ СЕ ПОТРЕБНИ ЗБОРОВИ! Можете само да замислите какво е во живо. GRATEFUL сум до небото и назад“, напиша на Инстаграм Јелена минатата година, кога беше на патување на Сејшели.

– Толку многу работи се случуваат моментално во мојот живот и сега кога ќе си го вратам времето назад и ќе ги спојам сите точки -СЕ е толку очигледно и кристално јасно, но немаме трпение ! НЕМАМЕ… и токму од тука почнуваат сите наши проблеми во главата.

-Зошто не ме сака/ме излажа/ме изневери ? Зошто не сум среќна на работа? Зошто јас не сум на нејзино/негово место? Зошто немам повеќе пари ? Зошто не сум поубава/повисока,послаба ?

Сите, апсолутно СИТЕ понекогаш губиме време на погрешни личности од пуста желба тие да се вистинските! Длабоко во себе знаеш дека тоа НЕ е тоа ама сепак свесно одлучуваш да маваш глава во ѕид !

Ако мислиш дека само тебе ти се случувале вакви работи од кои се чувствуваш лошо, NO girl, I’ve been there too…. и повеќето од луѓето кои ги познавам.

Секогаш си на вистинското место во вистинско време! Само што уште не си свесна во тој момент дека некои работи мора да се случат за да те однесат на поубаво место и дека животот за тебе има подобар план.

Моментот кога решив дека нема да се врзам за ништо и ќе пуштам се нека тече, што сака нека биде – ми се случи остварување на многу мои соништа. Just like that, bOOm! Дури уште не ми се верува колку било лесно !

Мислев којзнае уште какви не техники треба да применам, а всушност требало само да пуштам …. И ТИ го можеш истото! Само ‘излези’ од твојата глава и престани да се сомневаш во себе! And let the magic happen!“, напиша таа на Инстаграм во една прилика.

-Понекогаш (во јавната професија многу почесто) луѓето мислат дека многу добро те познаваат. Слушнале,прочитале ваму-таму некои работи за тебе и ќе те ‘состават’ во својот ум онака како што им ОДГОВАРА НА НИВ!

Главната поента е во тоа дека ако не се ПОЗНАВАШ СЕБЕ доволно, има шанси да поверуваш дека се во право! Не се! Верувај ми, НЕ СЕ! Тоа НЕ си ТИ !“, е уште една мудра мисла на водителката која ја напиша на Инстаграм.

Можеби не се наспав како што треба (од светлите ноќи ) но затоа си поминав како на ниедно друго место на светот!!!One of a kind искуство кое ми помогна да дознаам многу работи за себе.

Иако на сите кажувам дека Шведска НЕ е земја во која би останала да живеам (како што утре би се преселила во Фиренца на пример) има некоја посебна енергија која те смирува.

Мислам дека тоа и ми беше потребно пред да заминам на мојата следна дестинација која нема да биде толку далечна ни толку мирна“, кажа Јелена минатото лето, кога беше на одмор во Шведска.

Спенџарска, откако викендов беше во Солун кај својот (како што пишуваат многу медиуми дечко Грк кој ѝ купуваше чоколади и ја шеташе на убави места, се врати дома, во Скопје.

На едно од сторињата, познаатата водителка и инфлуенсрека објави слика од нејзиното родно Берово, каде што паднал првиот снег, а Јелена ја сподели оваа зимска идила со своите следбеници.

Потоа, објави и слика од својот нов дом, каде што се пресели пред неколку месеци, и напиша дека ѝ требало време да се среди и да го доплни домот со топлина и со убави детали и убави топли ќебиња.

Но, Јелена во еден свој пост на Инста стори, напишала кое е незјзиното мислење за мажите и за жените во Македонија и какво е според неа нашето општество.

-Нашето општество не ни оства многу избор. Феноменот балкански маж никако не напредува, поделените машко-женски улоги никако да се променат.

Мнозинстото мажи, колку и да се преправаат дека имаат помодерни сфаќања, во душа се прилично конзервативни.

Тие си уживаат во улогата авторитет, а луѓето на кои им се дава толку авторитет, најчесто ги забораваат своите морални обврски. Кој не сака да биде почитуван и слушан, а во меѓувреме да не прави речиси никакви жрт-ви?

Жените кои ги немаат овие карактеристики, кои не дозволуваат на никој начин да бидат потчинети, најчесто се предмет на обожавање од многу мажи. Мажите сонуваат за нив, го сакаат предизвикот да ги скротат и да ги направат по нивна мерка.

Но, многу често не завршуваат со нив, туку со „добрите девојки“. Со такви, какви што ги учат своите ќерки никогаш да не станат“, сподели Јелена на Инстаграм.

По ова нејзино размислување за македонските мажи, не е ни чудо што за партнер си избрала Грк- погоре напишаното многу кажува.

Previous articleПрва фотографија на Грашо со ќерката Алба, пејачот никаде не оди без баба му Вјекослава, убавата мајка на Хана (ФОТО)
Next articleШтедлива домаќинка- Гавазова меси лепче, ем поздраво, ем повкусно, ем поефтино (ФОТО)