Home Live Лила си замина на село и откри: Нecpeќaтa влегува на мала врата...

Лила си замина на село и откри: Нecpeќaтa влегува на мала врата (ФОТО)

Лила Стојановска е долги години на Тв екраните, всушност сите кои ја следат Лила на телевизија имаат впечаток како целиот живот да ја познаваат. Таа неодамна се пофали на Фесјбук дека почнува 11 сезона на квизот „Се или нешто“.

Овој квиз некако се наметна како нејзин заштитен знак, затоа што се емитува долго време, а народот се наувикна секоја вечер да се дружи со Лила, со натпреварувачите, но и со фамозниот банкар чиј идентитет таа никогаш не го откри.

-Обично оставам други да ме фалат ама ќе се пофалам сама…бројките велат дека сме најгледана емисија а така ќе биде уште дооолго“, кажа Лила за квизот кој го води.

Познато е дека патувањата ѝ се голема стратс на Лила, а таа во една прилика беше во едне од најубавите европски градови, Прага и од таму објави убави слики и ја опиша чешката престолнина на овој начин:

-Прага е прогласен за најубав град на светот. Многу често ми беше во топ три омилени градови а ова е доказ дека е омилен и на многумина кои што го посетиле.

Бев еднаш и време е да ја испланирам мојата повторна посета на овој град сместен на реката Витава, во срцето на Европа наречен уште “град на стотина куполи”.

Тој е преплавен со разнобојни барокни згради, поврзано со Карловиот мост… Кој бил знае за што зборувсм а кој не топло го препорачувам…па ако се сретнеме таму ќе одиме на традиционалниот десерт Трделник …едвај чекам“, рече Лила.

Таа со емотивни зборови му го честиташе роденденот на својот син Филип и објави цел албум од фотки од времето кога бил, па се до денес кога Филип е веќе свој човек со своите 29 години, а Лила е многу горда на својот син.

Лила поретко на Фејсбук пишува подолги статуси, но нејзиниот најнов статус е всушност една мудра мисла за животот, за љубовта, за очекувањата,з а среќата, а приказната која ја напиша Лила вели вака:

– На крајот на денот најбитно е дали си среќен. И знаете која е најголемата вистина кога е среќата во прашање ?!.. да не ви зависи од никого и од ништо.

Очекувањата не прават несреќни, потребата да бидеме она што другите го очекуваат од нас не прави несреќни, живот во некакви рамки, што ќе речат луѓето е нешто што не оптеретува…

Истите тие луѓе на кои не им е гајле дали сте добри со здравјето, дали имате доволно за пристоен живот, како ви е на работа, како ви е во бракот…! Да, дозволуваме од нив да ни зависи среќата, а не треба, не смее….

Секој за себе си знае најдобро, секој знае како му е во сопствената кожа и неговите чевли! Затоа на здравје на сите вас кои животот го живеат на свој начин, кои го прават она што ги чини среќни кои на време сфатиле дека животот започнува тогаш кога ќе сфатиш дека немаш друг“.

Лила, откако си помина супер во Јордан и од таму постојано постираше убави слики и видеа, и како голем верник се крсти во реката Јордан, замина на познатото српско планинско туристичко место Златибор.

– Еве нѐ на Златибор…најголемиот скијачки центар во Србија. Првиот снег веќе не пречека а ние сакавме да ги видиме неговите убавини возејќи се во удобните гондоли по патека долга девет километри !

Воодушевувачки е погледот на златиборското езеро и на реткиот златен бор по кој Златибор го добил името …подгответе се за престојната скијачка сезона со @voyager_touristic“, напиша Лила на Инста.

Таа објави нов пост, во кој кажува дека заминала на село. Станува збор за познатото село Сирогојно, каде што ги плетат познатите селски џемпери од волница, а Лила си куипа едне таков џемпер.

-Сирогојно…. Село во срцето на Златибор. Автентични куќи распослани меѓу високата шума скриени од очите на љибопитните. Луѓе домаќини чии куќи покрај огништето на средината на домот имале по две врати зошто верувале дека “нес-реќата влегува на мала врата” па редовно влегувале од големата врата !

Село каде што живееле најпознатите и најдобрите плетачки на уникатни џемпери кои во седумдесетите станале светски хит!

Биле извезувани во многу земји а најмногу Јапонија и Исланд! Ако доаѓате на Златибор не пропуштајте да го посетите“, напишала Лила во оваа објава.

Previous articleЕлена и Ламбе повторно заедно, овој пат и Антониа Гиговска е во приказната (ФОТО)
Next articleЈелена Јованова по проѕирна кратка блуза и откриен стомак, Сашко Коцев по хеланки и маица без ракави-вакви не сме ги виделе досега (ФОТО)