Home Live Марјана одлучи да не заведува повеќе со деколте и тесни фустани, еве...

Марјана одлучи да не заведува повеќе со деколте и тесни фустани, еве на што премина сега (ФОТО)

Марјана за „Бесктејџ“ проговори за нејзините почетоци во емисијата, за соработката со нејзиниот пријател, колега, починатиот пејач Влатко Илиевски, по што се издвојува магазинот од останатите шоубизнис емисии…

-Морам да кажам дека „Бекстејџ“ има огромно значење за мене. Да не беше „Бекстејџ“ јас немаше да се занимавам со водителство. Се случи во вистински момент. Паметам кога ми се јавија да ми викнаат на разговор за да ми ја предложат целата идеја.

Тогаш сѐ уште немаше дефинирано кој ќе ми биде партнер. Знаев дека ќе треба да ми биде некој кој ќе ми одговара, некој кој што има телевизиско искуство и да е препознатлив лик. После некое време ми се јавуваат и ми викаат:

„Марјана, ти најдовме супер партнер, мислам дека ќе бидете идеална комбинација за на телевизија. – Викам, добро за кого стануваа збор, ми викаат – Влатко Илиевски.

Реков – одлично сте направиле одличен избор. Знаев дека добро ќе се вклопиме со Влатче. Така и беше“, вели Марјана, а текстот го пренесе „Вистина.мк“ во една прилика.

-Ме асоцира на Влатче, на тие почетни денови кога започнуваше целиот проект. Има многу анегдоти. Јас секогаш се сеќавам на едно снимање кое беше по повод за 1ви април кога си ги сменивме улогите.

Тоа беше идеја на Влатче. Се сеќавам кога ми кажа – Мацо да направиме нешто интересно за 1ви април. Ајде да си ги смениме улогите, јас ќе се потрудам да те одглумам, ти мене. Најинтересно беше тоа што беше спонтано, ние немавме сценарио.

Излезе многу интересно, сите имаа позитивни реакции. Со „Бекстејџ“ ме врзуваат многу убави спомени.

Прекрасни дружби, јас никогаш не сум си поминала поубаво како со екипата од Бекстејџ.

Неодамна во Штип се одржа 37-то издание на реномираниот фестивал на забавна музика ,,Макфест 2022”.

Маријана Стојановска, која пред повеќе години дојде на местото на Вера Јанковиќ и Димитар Атанасовски беа најавени како главни водители, а презентери беа и Лила Филиповска, Миланка Рашиќ и Јана Бурческа.

И ракометарот Борко Ристовски се појави во улогата на презентер, објави порталот „Фокус.мк“.

Марјана и Димитар Атанасовски стапнаа на црвениот тепих како холивуски ѕвезди, а Марјана беше облечена во долг светкав фустан кој ја оцртуваше нејзината жешка фигура.

Она што беше најинтересно е дека Марјана и Димитар смислија кореографија, а Марјана и овој пат се покажа дека умее да биде добра во повеќе работи и ги покажа танчерските способности.

Димитар и Марјана изгледаа неверојатно добро, а следниот профилот на Марјана беше полн со слики од настапот со водителот, од танцот чија публика се воодушеви.

Сара Мејс на својот профил објави видео од Маријана и Димитар како танцуваат, но имаше една критика за водителката:

„Обично не се задишуваш од еден танц, не знам што ти е“, но потоа ги пофали со водителот Димитар и додаде: „Мојот омилен водителски пар.“

Водителката покажа дека почнала да подготвува и вкусни рецепти. Таа направи и колач по рецептот на својата баба и го однесе на нејзината пријателка.

-Предмалку го прелистував стариот тефтер со рецепти од баба ми и така читајќи ги нејзините торти и колачи се потсетив на неа и на тоа како со љубов ми ги подготвуваше моите омилени слатки.

,,Манче што сакаш баба да ти направи? Сакаш палачинки, Васина (торта), крофни или сакаш да направиме бомбици?“

Тоа беше мојата баба Мира. Со мојата друга баба, Марика, веднаш ме врзуваат спомени како заедно ги полевавме ружите од дворот, јадевме од грозјето на дедо ми и секогаш ќе го памтам вкусот на највкусните домашни јуфки кои таа ги подготвуваше.

За жал двете мои баби повеќе не се меѓу нас, но секогаш ми е мило и ми доаѓа убаво на душата кога ќе се сетам на нив. Тоа се моите ангели чувари.

Денес решив да ја посетам тетка Данче, инаку мајка на Ане, најдобрата другарка на мајка ми. Тетка Данче ја има пораснато и мајка ми и сѐ уште таа и Ане знаат да поседат во нејзината девојчинска соба (која патем тетка Данче ја чува непроменета) и да си евоцираат спомени од детството и младоста.

Решив да ѝ го подготвам оној класичен старински колач со џем од сливи и да и да ја посетам, за да барем на кратко го осетиме духот на старите добри времиња.

Драго ми е што измамив насмевка на нејзиното лице и и го разубавив денот. Понекогаш дури и најмалите дела можат да го направат тоа, напиша водителката во една прилика.

Марјана Станојковска важи за една од најпознатите и најатрактивни македонски водителки. Таа често на својот Инстаграм профил ги покажува долгите нозе или облекува тесни и кратки фустанчиња со кои привлекува многу погледи.

Но, сега водителката одлучи со нешто друго да привлекува погледи и тоа го направи на оригинален начин. Прво се снимаше како е облечена и покажа дека е зацрвенета во образите.

А потоа на видеото следуваа нејзините стапала и штикли кои ги промовираше како на некоја реклама.

Previous articleКристина Димитри се пожали и кажа што ѝ се случува: Не може едно снимање да помине нормално
Next articleПриватен превозник се расплака пред камера на Канал 5 – им должат многу пари, не можат крај со крај да состават (ВИДЕО)