Home News Приватен превозник се расплака пред камера на Канал 5 – им должат...

Приватен превозник се расплака пред камера на Канал 5 – им должат многу пари, не можат крај со крај да состават (ВИДЕО)

Град Скопје, под раководство на Данела Арсовска, се соочува можеби со најголемите предизвици од своето постоење.

Во изминатава година, ветувањата за подобро Скопје се распсрнаа како меур од сапуница, а наместо тоа, штрајкови, протести и незадоволство од вработените во градските претпријатија и нервоза кај граѓаните, кои се соочуваат со низа проблеми.

Приватните автобуси на „Слобода превоз” од рано утрово создадоа сообраќаен метеж во центарот на Скопје паркирајќи ги своите автобуси на крстосницата кај „Мавровка”.

Според најавите што беа дадени претходно, протестот ќе трае до изнаоѓањето на решението за нивното барање.

Минатата недела претставници на приватните превозници имаа средба со координаторите на советничките групи во Советот на Град Скопје на која средба биле изложени не само ставовите на превозниците, туку и биле информирани од Јовановски дека градоначалничката Данела Арсовска изнела невистините тврдења и обвинувања според кои приватните превозници должеле пари затоа што не издавале фискални сметки за продадени билети и дека затаиле данок.

Приватните превозници ниту имале билети ниту можеле да ги продаваат, туку билети имале само билетарниците на ЈСП и возачите на градското претпријатие, рече тогаш Јовановски.

Потоа, за да докаже дека ниту во ЈСП не работат фискалните апарати Јовановски сподели видео на кое се гледа како тој влегува во автобус на ЈСП, купува билет од возачот, од кого бара фискална сметка, а возачот вели дека нема фискален апарат.

Инаку, од утрово центарот на Скопје се соочува со речиси невиден до сега сообраќаен метеж поради блокадата од приватните превозници, но метежот е дополнително зголемен и поради реконструкција на неколку важни скопски сообраќајници, пренесе порталот мкд.мк

– ЈСП „Скопје“ на почетокот на мандатот работеше со 140 исправни автобуси , во овие 12 месеци се ставија во функција дополнитеен број на автобуси и сега има 270 автобуси кои се исправни.

Доколку некој решил да го опструира јавниот интерес нека му служи на чест, рече градоначалничката Данела Арсовска.

Си има договорни обврски, а некој не ги почитува. Некој престана да вози во интерес на граѓаните и со тоа договорите се раскинати. Ќе си има нов јавен повик на кој сите оние кои ги исполнуваат критериумите ќе можат да се пријават и ќе можат да ја остваруваат својата дејност чесно – вели Арсовска.

Според неа ЈСП во моментов работи и се обидува да даде што е можно поквалитетна услуга.

– Ние до сега немаме добиено ниту една опомена на тужбаод оние кои тврдат дека им се должи, затоа не сакам да се манипулира. Го поддржувам правото на протест но на овој начин штета трпат само граѓаните – децидна е градоначалничката.

Инаку од одборот на протестите, денес потенцираа дека, доколку не им се исплатат побарувањата, тие наместо со 30, Скопје ќе го блокираат со 200 автобуси.

Репортер на Канал 5 телевизија, зеде изјави од дел од протестантите. Сите тие истакнаа за тешката состојба во која се наоѓаат, дека должат за плати, за нафта за резервни делови.

Еден од приватните превозници едноставно не можеше да зборува. Му беше тешко, се расплака и се заврте. Прилогот можете да го видите ТУКА

Previous articleМарјана одлучи да не заведува повеќе со деколте и тесни фустани, еве на што премина сега (ФОТО)
Next articleЏаро- му организирав свадба на веќе оженет човек, ама кога ме фати неговата вистинска жена… (ВИДЕО)