Нашата пејачка на фолк музика, во една прилика објави фотографија од неа и од сопругот на која се гледа дека се среќни и насмеани и со неа назначи колку поддршката од сопругот кој ѝ е ветер во грб ѝ е важна. До сликата што ја објави со Јасмин, Сузе напиша: Заедно сме посилни!
Јасмин пак, својата сила ја покажа во Охрид, каде што и покрај се уште студената вода, реши да ја отвори сезоната и се искапе во езерото. Тој до сликата напиша: Само за оние со јаки!
Јасмин неодамна сподели слика како Сузе го бакнува, а сликана е во теретана. Всушност тоа е спомен од 2016 година, но парот и денес е исто така вљубен како и тогаш.
Малку тренинг, малку бакнежи, пишува до сликата на Јасмин и Сузе. Но, во една своја објава, тој ги покажува двете ќерки кои се убави на мајка им, Емили и Селена.
Сузе пак постојано покажува и докажува дека е среќна семејна жена, преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.
Гавазова во овој период почна да настапува со полна пареа. Нејзиниот Фејсбук профил е полн со слики од настапи насекаде, и со слики од нејзините фанови како се фотографираат со неа.
Сузана е позната како пејачка која на вистински начин знае да донесе македонска народна песна со нејзината интерпретација но и да испее авторска песна. Сузана Гавазова е мајка на две ќерки, Емили и Селена.
Згодната Сузе на лето знае да објави слики од одмор, качена на јахта, покажувајќи го згодното тело. И, откако се одмори убаво минаттото лето, а богами и се исконча, Сузе од јахта се префрли на друго место, на свадба.
Па така, Сузе ја пееше својата песна „Бум бум“, а невестата качена на стол уживаше воп нејзината песна.
Позади Сузана се гледаат и веселите сватови, кои играат блиску еден до друг додека таа пее за љумо-мората во нејзината позната песна.
– Пу-ста љубомора разединува; Само песна нас не обединува; Не е важно тоа кој од каде е; Треба сложно да се живее; Пуста љубомора разединува
Само песна нас не обединувач Не е важно тоа кој од каде е; Треба сложно да се живее
Треба сложно да се живее; Душм-ани од завист да позеленат; Срца наши да се веселат
Љубомора пуста нив ги убива; Кога некој вака ужива; Кога некој вака ужива“, вели песната на Сузе. Во едно интервју за Музика24, Сузана ја прашаа: Во какви односи сте со вашата колешка Даниела Темелковска? Еден таблоид на својата насловна напиша дека сете завојувале?
-Со Даниела Темелковска сме во најдобри односи, таа е пред се многу добар човек, другар и се најдобро можам да кажам, многу ја сакам и да ти кажам од вас слушам дека јас и Даниела не сме во добри односи…“, одговори Сузана на ова.
Гавазова на Инста често се фали каква домаќинка е, па видкенов што помина на своите најмили им подгптвила компири и месо во тава, а и месела домашно лепче.
Ова не ѝ е првпат на Сузе да меси, таа и претходно на стори има кажано дека домашното е повкусно.
Не само повкусно, туку и поздраво и поефтино. Сузана настапува насекаде низ Македонија и пее за нашинците во дијаспората во светот, а нејзиниот сопруг, кој е градежен инвеститор очигледно дека добаро заработуваат.
Но, Сузе ретко се фали на Инста од слики по фенси ресторани. Таа е штедлива домаќинка, и на своите најмили секогаш им приготвува домашен вкусен ручек.