Home Live Сите го знаат вонбрачниот син на Маринко Роквиќ, а ова е неговата...

Сите го знаат вонбрачниот син на Маринко Роквиќ, а ова е неговата бивша девојка со која го има најстариот син (ФОТО)

Еден од омилените фолкери, Маринко Роквиќ, се упокои пред нешто повеќе од една година по тешко боледување и зад себе ги остави неутешната сопруга Славица, синовите Никола и Марко, како и вонбрачниот син Дарио, кој го имаше од голема љубов со Мила, која не експонираше во јавноста.

Фолк-пејачот инаку бил силен и подготвен да се справи со сите неволи во животот, па сопругата и синовите ја почитувале неговата одлука и никому не кажале за болеста.

Маринко пред самото упокојување, не сакал да оди на лекување во болница, туку цело време лежел во семејниот дом, а за него се грижела сопругата Славица, која инаку е медицински работник.

Тој зад себе остави многубројни хитови кои ќе се пејат со децении. „Сваѓалице моја мала“ е една од песните која настанала во текот на 80тите, а и денес е популарна и многу слушана меѓу публиката.

Српскиот портал „Телеграф.рс“ ја откри приказната за тоа како настанал овој хит на Маринко. Воодушевена од маестралните вокални способности на Маринко, текстописецот Радмила Тодоровиќ

– Бабиќ напишала три песни кои ја одбележале неговата кариера, а тоа се: „Потражичу очи нешто зеленије“; „Сваџалица“ и „Замириши на бразду“.

Маринко е роден во јануари, 1954 година во Босански Петровец. Од мал покажувал интерес за музика и свирел на хармоника. Покрај музиката, обожавал фудбал.

По завршувањето на основното училиште во Белград, сакал да се запише на музичка академија, но сите места биле пополнети, па се одлучил да студира електротехички факултет. Бил дел од КУД „Никола Тесла“ во кој настапувал како пејач.

Со децении беше во брак со Славица Роквиќ, со која има два синови. За неа имаше изјавено дека е неговата најголема поддршка.

Легендата на народната музика зад себе остави безброј хитови, како и неговите синови Никола и Марко, исто така талентирани пејачи.

Маринко Роквиќ пред повеќе од триесетина години влезе во страсна романса со извесна Мила, по што се роди нивниот син Дарио, кој иако никогаш не се ожени со неа, пејачот без двоумење го прифати синот и му го даде неговото презиме.

– Имав одлично детство додека не изби вој ната во Сараево. Тогаш ни беше тешко, но тоа е целиот живот. Одамна знаев дека татко ми е пејач, ја слушав неговата музика на касети.

Со Маринко постојано бевме во контакт, а продолживме да се слушаме и кога се преселив во Канада во 1995 година – изјави во една прилика Дарио, кој има одлични односи и со неговите полубраќа Марко и Никола.

Првата љубов на Маринко Роквиќ никогаш не се покажала јавно и се трудела да негува пријателски односи со таткото на нејзиниот син.

– Мајка ми е прекрасна жена. Секогаш се трудеше да ми дозволи повеќе отколку што можеше да си дозволи. Многу сакав Никола и Марко да пораснат со мене, но таква е судбината.

Посакувам да бевме поблиску сите тројца, но технологијата напредува и ние сме во постојан контакт.

Дарио Роквиќ среќата ја најде покрај Португалка со која има два сина Ромео и Матео. Тој живее во Канада, па поради околностите не успеал да стигне на погре бот на татко му, но по 40 дена дошол во Белград на споменот.

– Немаше последна желба. Беше многу горд на сите нас, на сето она што го постигнавме и колку сме добри родители за нашите деца. Бевме блиски, и тоа е голема работа.

Моите, децата на Марко и на Никола се блиски. Јас сум добар татко, но не сум талентиран за пеење. Синовите не ги слушаат песните на Маринко затоа што не зборуваат српски, но се свесни дека дедо им бил голема ѕвезда – рекол за својот татко, кого последен пат го видел еден месец пред упокојувањето, пишува „Стори“.

Во продолжение погледнете ја мајката на Дарио, бившата девојка на Маринко Роквиќ.

Previous articleШтедлива домаќинка- Гавазова меси лепче, ем поздраво, ем повкусно, ем поефтино (ФОТО)
Next articleДедо Пимен го објави ТИПИКОТ за Божиќниот пост – еве што се јаде ден по ден (ФОТО)