Home Live Бил белјаџија и шмекер во младоста- ова се помалку познати приказни за...

Бил белјаџија и шмекер во младоста- ова се помалку познати приказни за д-р Јовица Угриновски кој се упокои вчера

Вчера се упокои познатиот неврохирург проф. д-р Јовица Угриновски, соопштија од приватната болница „Неуромедика“ чии основач и претседател на Управниот одбор беше Угриновски.

Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето, стои во објавата од болницата

Од д-р Јовица Угриновски, вчера се прости и познатиот новинар Драган Б. Костиќ кој прикажа дел од гостувањето на д-р Угриновски во неговата емисијата „Б со точка“.

– Ако на почетокот на секој почеток се наоѓа почеток, тогаш извесно е дека на крајот на секој крај, се наоѓа – крај.

Понекогаш воопшто не се важни ниту почетокот, ниту крајот, туку оноа што е оставено меѓу нив. Делата кои најдобро говорат за ликот кој го оставил тоа зад себе.

Овој човек оставил многу меѓу тие две точки, спасил многу животи во текот на својот динамичен животен роман. Верувам дека заминал мирно, спокојно, знаејки го сето тоа.

Пред четири години ми беше гостин во емисијата Б со точка, еден извонредно елоквентен, интересен, авторитетен соговорник.Вистинско уживање во дружбата со него.

Последен пат се видовме пред три години, во Систина, заради некои мои здравствени проблеми бев на консултации кај него.

Ме прими како најроден свој. Договоривме да отидам кај него, за да ја видам мечката која ја чува. Но од некои маргинални причини пропуштив уште една можност за средба со него.

Денес слушнав дека поч инал. Не сакав да направам траурни омажи, сакав да го прикажам таков, како што бил. Непосреден, директен, комуникативен. Таков како што го видовме во емисијата Б со точка од 18-ти декември 2018-та.

Нека поч ива во мир.Го заслужи. Професор доктор, неврохирург ЈОВИЦА УГРИНОВСКИ“, стои во статусот кој ги напишал Костиќ.

Во оваа емисија, доктор Угриновски раскажал интересен дел од својот живот, и рекол дека од рано детство знаел дека ќе студира медицина, и знаел дека ќе биде хирург.

– Точно, роден сум во црниче, ама стварно кога беше Црниче, кога беше три куќи и црнило. Некогаш не тепаа Мичуринците, некогаш не тепаа в=Водњанците“, раскажал Угриновски во емисијата со Костиќ.

-Маалскиот живот во Скопје веќе не постои. На седум години ме викаа докторе. Мене ме викаа уште од прво одделение докторе, тогаш не се нарекувавме на имиња, секој си имаше орекар.

Затоа што јас уште од тогаш се занимвава со тоа да лекувам болни мачки, кучиња претепани со скршени нозе, чавки, врапчиња, со моето знаење тогашно. Сум идел со желба да им помогнам.

Од фамилијата немаме допир со медицината. средно завршувам во Орце Николов, старата Орце Николов“, рече Угриновски, па раскажа дека по зем јотресот во Скопје продолжил во Врање.

-Еве ги факултетите што во тоа време јас сум ги поминал. Првиот факултет беше фамилијата.  Вториот факултет е маалото. Тој те учеше на хирархија, да го почитуваш постариот.

Помалииот го слушаше постариот, јадеше ќутрек од него. одеше да купи ѓеврек, јогурт, цигари.. третиот факултет беше школото, четвртиот беше реалниот факултет, а петтиот беше ЈНА.

-Јас знаев уште од рана возраст дека ќе студирам медицина. Просекот ми беше 9.3 што е пристоен просек. Ако гледаме по поведение, просекот ми е 10 по правење шмеќарлуци.

Се што се случуваше на факултетот јас бев умешан, како вегета во супа. И во школо исто. Ако нешто се случеше, ако некој скршил прозор, директорот мене ме викаше. Ти го скрши.

Што беше во 90 проценти точно“, раскажал д-р Угриновски. Потсетувањето на оваа емисија со Драган Б. Костиќ и со д-р Угриновски, можете да го видите ТУКА.

Previous articleСе смирија Сека Алексиќ и Драгана Мирковиќ, пејачките 12 години не се погледнуваа, а еве што зборуваа една за друга
Next articleГавазова објави кај ќе прослави Нова година: Оваа година нема да оди во странство, а го објави и менито за јадење (ФОТО)