Home Live Еве како Весна Бејби му помогна на Саше Димовски- новинарот за кој...

Еве како Весна Бејби му помогна на Саше Димовски- новинарот за кој се организираат хуманитарни акции, сподели емотивна приказна

Многу медиуми изминативе денови објавија дека на новинарот Саше Димовски му е потребна нашата помош! Поради ампута ција на ногата, потребни му се средства за рехабилитација, лекување и протеза.

Можете да донирате на следните сметки: Денарска: 250101000288259, Девизна: 1408000644660, SWIFT: INSBMK22 , IBAN 07250780006446692, Шпаркасе банка Македонија“, објави Факултети.мк неодамна.

Димовски, кој важи за добар познавач на судството, минатата година во емисијата “Заспиј ако можеш“, кажа дека во неговиот дом на 2 јуни бил направен упа д и од него се изнесени компјутери, документи и пари.

-Се што можеле однеле и другите работи се превртени. Се е пријавено. Дојде пол иција, земени се податоци и многу работи кои се работени во „Сведок“ од 2016-та година.

Тоа се цели 5 години скоро, почнувајќи од фотографии, документи, податоци за уплати, исплати, даночни биланси, се што има како хартии, одземени се до печати до пликоа со разни документи. Веројатно знаеле што барале- рече новинарот Димовски, а објави Курир.мк

-Ве молам споделете! Секој денар, секоја помош е добредојдена! Засега ова е единствен начин за донирање, за евентуално отворање телефонски линии накнадно ќе има известување. Во меѓувреме, се гледаме на хуманитарната акција во недела, во кафе бар Броз“:

Ова го сподели како апел за помош новинарката Мери Јордановска, а во скопското кафуле се одржа забава за помош на Димовски на 12 ноември. А сега, се организираи хуманитарен стендап, во Велес, во среда, на 30 ноември.

-Да повториме, хуманитарниот стенд ап, во среда ќе се одржи во хотел ГЛОРИУС на велешко езеро. На картите пишува СТРАДА кафе, како што беше првично планирано, да не ве збуни, ама бидејќи сме МНОГУ, МНОГУ, за да не се гужваме се смени локацијата! Се гледаме утре вечер на ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО!“, напишал Димовски на Фејсбук.

-Јас си имам доктори многу фини што си ги сакам од различни оддели! Една таква докторка, која направи се да прогледам и, купила карти за стенд апот, сакајќи да ме изненади!

А, знаете, мене ништо не може да ме изненади, јас разбирам и реагирам, како тоа јас да не знам и ја потсетувам докторката дека јас ко денеска се оперирам, а нареден ден водам емисија на тв. Се радувам што ќе ги видам со Biljana Kostovska“, напишал во друг статус Димовски.

Димовски, кој на Фејсбук е потпишан како Лошото Хуго, има ист така објавено, а станува збор за негова кандидатура во советот на ЗНМ.

-КАНДИДАТУРА: Почитувани колеги, пред изборното Собрание на ЗНМ, кое треба да се одржи идната сабота, НАЈАВУВАМ ДЕКА ЌЕ СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ВО СОВЕТОТ НА ЧЕСТА ВО ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА.

Во време кога се очекува со измените на законот, новинарите да добијат статус на службени лица и поголема правна заштита при напади, мора да направиме многу поголеми напори кон професионализација во професијата преку силна саморегулација за која подолго време се прават напори.

Советот на честа во ЗНМ треба да биде силно тело кое ќе внимава на кршење на Кодексот и сите етички норми и со измена на правилниците треба да добие можност и сам да иницира постапки, без да чека пријави од граѓани.

Не секогаш граѓаните се засегнати лично за да реагираат, кога станува збор за сензационалистички известување, кога насловот нема врска со текстот, кога ќе видиме шо кантни наслови кои треба да соберат лајкови или вестите се лажни од точка до запирка, повреда на авторски права при преземање текстови и фотографии.

Затоа, силен Совет на честа треба да укажува сам, не да чека иницијативи од трети лица! Доколку во текот на една година, Советот донесе три НЕГАТИВНИ решија за член на ЗНМ кој го прекршил Кодексот, ќе бара од Управниот одбор да го суспендира членот на 1 година, без права и обврски, а за повторно членство ќе одлучува УО со 2/3 мнозинство!

Ако сакаме силна држава, пред СЕ правна и медиумски силна, мораме да тргнеме и од над самите! Силна држава со силни ПРОФЕСИОНАЛНИ НОВИНАРИ. БАРЕМ ТОЛКУ МОЖЕМЕ ИМА уште многу работи што можеме да ги направиме.

И најважната СПОРЕДНА работа би била дека се кандидирам за ПРО БОНО ангажман во Советот. Не е СЕ во парите, има нешто и во принципите. СЕ ГЛЕДАМЕ НА 3 ДЕКЕМВРИ НА СОБРАНИЕТО НА ЗНМ“, стои во објавата.

Но, Димовски во една објава сетил на неговата пријателка, актерката Весна Бејби Петрушевска која била програмски директор во Канал 5 кога на истата ТВ фреквенција бил активен и тој и напишал:

-Се моли Весна Петрушевска, да не ме хе јта многу у стенд ап-от, оти многу се вцрвенувам.

А, Весна, доаѓа за програмски уредник ваљда у 2007 година во Канал 5, кога јас имам авторска емисија СУД, и која ја водам облечен у тога, со темна позадина во студио, да те фати је за од прв момент!

И Весна вика мењаме сценографија и костимографија, фрлај тогата, ќе се облекуваш во Бицијани. Одам таму, пролетно време е, дошла нова гардероба, лепота за матуранти!

Жорж ме облекува у сако, ципели и кошула некоја праска боја, прав матурант, а водам емисија за кр в до колена! Ама што да правиш, директорката така рекла! Ах, Весна, Весна!“, стои во објавата на Димовски.

Инаку, во хуманитарниот стендап во Велес, кој ќе се одржи утре- среда на 30 ноември во хотелот Глориус на Велешкото езеро, учествуаат: Стефан Николовски, Атанас и Тино, Сашко Коцев и Игор Џамбазов и сите ќе помогнат за лечењето на новинарот Димовски.

Previous articleМилена од Канал 5 им се извини на мажите на кои им ја навреди машкоста (ФОТО)
Next articleГо погоди новинарот со ова нешто откако ја изнервира со недолично прашање, па трпеше последици- Милена Дравиќ имала неверојатна приказна