Home Live Гавазова објави кај ќе прослави Нова година: Оваа година нема да оди...

Гавазова објави кај ќе прослави Нова година: Оваа година нема да оди во странство, а го објави и менито за јадење (ФОТО)

Во една прилика порталот „Убавина и здравје“ за Сузана Гавазова напиша дека фолкерката докажа дека не пати од никакви комплекси, па често објавува фотки на кои е во природно издание, а фановите воодушевени од нејзиниот изглед ѝ порачуваат дека изгледа прекрасно и ја опсипуваат со пофални зборови и комплименти.

Изминатава пролет, во Прилеп се одржал фолк фестивал на кој пеела Елена Велевска и Сузана Гавазова. Двете пејачки, за кои често се зборува дека се скарани и не се трпат, го докажаа спротивното.

Инаку, двете фолк диви за време на пандемијата најавија заеднички настап.

Сузана Гавазова и Елена Велевска тогаш одржаа заеднички онлајн концерт за фановите, и бројните шпекулации дека двете познати фолк пејачки се скарани со овој концерт паднаа во вода.

А на настапот во Прилеп и двете се сликале заедно гушнати, а Велевска оваа слика ја објавила на Инстаграм и напишала: Две македонски диви.

Претходно пак, Елена Велевска во едно интервју за „Ексклузив“ изјави дека со колешката Сузана Гавазова не се најдобри односи, но и дека на некој начин секогаш ќе бидат ривалки бидејќи се во иста професија.

Велевска во интервјуто истакна дека со нејзината колешка „се скарале“ бидејќи требало заедно да снимаат дует.

Меѓутоа, Елена трипати била во студиото за да го снима својот дел, Гавазова не се појавила, објави „Вистина“ во една прилика.

„Јас секогаш ќе ја доживувам како колешка. Неодамна бевме договорени да снимиме дует, јас трипати појдов во студио да го сработиме, но таа некако не сакаше да се соочиме.

Тоа ми покажа многу различен став од оној кој го имав претходно за неа. Иако ми е колешка ние никогаш не би можеле да не бидеме ривалки, а да сме во овие естрадни води“ изјави неодамна Велевска.

-Јас сега се дефинирам како поп фолк пејачка, а порано како фолк пејачка. Значи порано пеев повеќе фолк песни, ново компонирани фолк песни по фестивали, а сега повеќе модерен фолк или поп фолк, како што пеат во Бугарија и Србија и ќе кажам дека тоа е најактуелна и најбарана музика во денешно време.

Се сметам за популарна бидејќи насекаде кога одам низ Македонија ме застануваат луѓето, па сакаат да се фотографираат… Тоа секако дека ми одговара и се сметам за популарна.

Кај мене кризата воопшто не удри затоа што јас напорно работам и планирам да си купам стан во Скопје, или пак да си направам куќа на село. Веќе си купив стан во Струмица и добро го опремив…

Само здравје да не служи и енергија да имаме. Фала му на Господ јас имам многу работа, не само тука во Македонија, туку и надвор од државата“, има изјавено Сузана во едно интервју за „Точка“.

Сузана во едно интервју за РБ телевизија објасни како таа ги пее и ги доживува своите песни.

„Важно е да се даде интерпретација, да се дадат емоции во песните, да се работат од срце, и мислам дека публиката ќе ги прифати веднаш. Тоа публиката го чувствува. кога песната е работена со љубов“ , изјави Гавазова.

Тематиката на социјалните профили на Гавазова се секако пред се’ нејзините настапи, но често го објавува и сопругот Јасмин и ќеркичките, кои се нејзина најголема љубов.

Ретко можеме да ги видиме останатите членови од семејството на Гавазова, бидејќи таа не ги покажува во јавност. Вчера, на еден семеен собир, Гавазова се сликаше со сестра си, која се речиси исти, како близначки, лепотици, а под сликата напиша посвета:

,,Со мојата сестричка најубава”

Долго се очекуваше Гавазова да најави каде ќе настапува за Нова година, а додека оние од дијаспората се надеваа дека пејачката ќе ги почести, сепак таа годинава одлучи да остане тука и да им пее на струмичани.

Гавазова ќе настапува со Балкан Бенд во ресторан Космополит, а на својот Инста профил го објави менито.

Салати: Репрезентативна салата и Цезар салата, предјадење: мешана даска (сувомеснато и поховано), даска од француски сирења и пршута, главно јадење: свинско ребро во фурна со гарнир, десерт: микс од колачи и овошје.

Previous articleБил белјаџија и шмекер во младоста- ова се помалку познати приказни за д-р Јовица Угриновски кој се упокои вчера
Next articleЛенин: Велат на лагата и се кратки нозете, а јас велам некому е краток паметот, а долг јазикот