Home Live Го погоди новинарот со ова нешто откако ја изнервира со недолично прашање,...

Го погоди новинарот со ова нешто откако ја изнервира со недолично прашање, па трпеше последици- Милена Дравиќ имала неверојатна приказна

Актерската дива Милена Дравиќ, во својата богата актерска кариера можеше да се пофали со бројни театарски, филмски и ТВ остварувања, но зад неа останаа и три брака, со тројца познати мажи!

Со нејзината харизма, извонреден талент и убавина, многу режисери ги оставше без здив, но исто така и мажите кои копнеа по неа, таа да биде во нивна близина.

Еден од првите чие срце го освои, тогаш младата Милена Дравиќ беше режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ, кој се упокои на 98 години, на 23 ноември оваа година.

Мојата најголема љубов беше Милена Дравиќ. Таа љубов прерасна во брак во 1960 година. Во тоа време, Милена беше голема ѕвезда. Чекоревме од филм во филм.

Но, кога забележав дека и пречем и по многу нешта, не сум маж за неа, пријателски се разведовме – ќе изјави тој за „Политика“.

По разводот со Ѓорѓевиќ, со кого таа помина неколку години заеднички живот, Милена повторно одлучи да му каже судбоносно “ДА”, овој пат исто така на еден режисер – Војислав Кокан Ракоњац.

Тие се венчале и биле заедно се до крајот на неговиот живот, во 1969 година, кога тој се упокоил на возраст од само 34 години.

Милена и Кокан се сретнаа во Радио Телевизија Белград кога работеа заедно за детска серија “Добра ноќ, деца”.

Според извештајот на тогашниот печат, Кокан Ракоњац беше слика и прилика на најпосакуваните белградски момчиња. Навидум груб, но привлечни за девојките и комплетен ентузијаст за филмот. Тој беше во центарот на тогашната боемштина.

Од уметничкиот свет знаеше секој што требаше да се знае и можеше да воспостави контакт со сите.

Третата и голема љубов на Милена Дравиќ, беше актерот Драган Гага Николиќ. Таа ги помина најубавите години на својот живот со него. „Сеќавања, спомени …“ – пишува прелистувајќи ги старите фотографии, Милена Дравиќ.

Легендарниот актер Драган Николиќ се упокои на 73 години во болница во Белград, на 11 март во 2016 година. Доајенот на српското актерство се родил 1943 година во Белград. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, а филмската кариера ја започнал во 1964 година.

На 14 октомври во 2014 година, Милена Дравиќ се упокои во Белград на 79 години по тешко боледување, но има една приказна за неа која е неверојатна и е помалку позната.

Родена на 5 октомври 1940 година, Дравиќ важеше за една од најголемите филмски диви во поранешната држава, остварувајќи повеќе од 150 улоги, а најголемата популарност ѝ донесе партнерството со Љубиша Самарџиќ.

Откако доби улога во филмот „Сутјеска“, легендарната актерка Милена Дравиќ со екипата на филмот „Мистерии на организмот“ на Душан Меквеев отиде во Кан каде ги запозна Џек Николсон, Џон Ленон и неговата сопруга Јоко Оно.

Во еден момент, додека била вознемирена поради друштвото во кое се нашла, дојде прашање од американски новинар: Дали вие Југословенките знаете за конт рац епција?Ова не и се допадна на Милена Дравиќ, која реагираше малку бурно.

-Тие денови се борев со мигрена и ги вадам тие апчиња, и почнав да го мавам со нив. Сите весници пишуваа за тоа, а руската Литературна газета напиша дека јас се однесував недолично.

Се враќам од Кан и Никола Поповиќ, режисерот на филмот, ми вели дека нема да можам да играм во Сутјеска. Помина една година, јас и Драган сме на море, лежиме на плажа, кога гледам како ми приоѓаат црни полирани чевли, а тоа е Поповиќ и ми вели:

„Стани, треба да ја играш својата улога на Тјентиште“ – изјави порано оваа познатата актерка.

Previous articleЕве како Весна Бејби му помогна на Саше Димовски- новинарот за кој се организираат хуманитарни акции, сподели емотивна приказна
Next articleВодителката на „Фолк Џубокс“- Татјана, никогаш позгодна, гордо со колегата Орце позираше покрај убавата Стојне и Јордан Митев (ФОТО)