Home Live Ленин: Велат на лагата и се кратки нозете, а јас велам некому...

Ленин: Велат на лагата и се кратки нозете, а јас велам некому е краток паметот, а долг јазикот

Своевремено, „Слободен печат“ објави дека во петок ќе бидат блокирани неколку клучни крстосници и улици со над 200 автобуси кои ќе го „заклучат“ превозот во Скопје.

Во вторникот, сообраќајот беше блокиран поради 30-тина автобуси кои застанаа на главните улици и ја ограничија подвижноста.

„Револтирани сме од постојаните лаги кои ги шират надлежните за нас и затоа во петок ќе ги радикализираме протестите и ќе ги извадиме на улица сите автобуси со кои располагаме.

На клучните сообраќајници во Скопје ќе бидат паркирани нешто повеќе од 200 автобуси на превозниците од двете здруженија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ и на тој начин ќе го „парализираме“ Скопје“ – ова го најави Ленин Јовановски, првиот човек на „Слобода превоз“.

– Возачите на автобусите се револтирани. Наместо да се обидеме сите засегнати страни да најдеме соодветно решение за настанатата ситуација, градоначалничката Данела Арсовска шири невистини за нас – вели првиот човек на „Слобода превоз.

Тој вели и дека и покрај сите тврдења, тие како групација поседуваат 131 автобус, а приватните превозници од „Макекспрес“ пак располагаат со 77 автобуси, пишува „Слободен печат“.

Во интервју за „Макфакс“, Ленин зборуваше за тоа што нѐ очекува во петок:

„Од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и од директорот на ЈСП зависи дали приватните превозници в петок ќе го блокираат цело Скопје поради неисплатениот долг.

Ако таа не чувствува одговорност за ова што ќе му се случи на Скопје и дека работите може да ескалираат во уште порадикален правец, а нејзе да ѝ е сеедно, тогаш јас не можам да направам ништо.

Ако градоначалничката сака да се однесува уличарски, како нешто да прави во сопствениот двор, а не во градот Скопје, тогаш нека си ја преземе одговорноста за она што ќе се случува понатаму,“ рече Ленин и проговори за неодамнешната ситуација што се случи со наплаќањето на билети од страна на возачите.

Да потсетиме, Ленин на својата последна објава на Фејсбук објави видео како влегува во одреден автобус и од возачот бара да купи билет. Го наплаќа билетот, па побара фискална сметка, за која возачот рече дека нема таков апарат.

@ВЕЛАТ НА ЛАГАТА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ А ЈАС ВЕЛАМ НЕКОМУ Е КРАТОК ПАМЕТОТ, А ДОЛГ ЈАЗИКОТ.

Видео запис во автобус на ЈСП во кој нема фискален апарат, а возaчот МИ продаде билет за кеш без да ми издаде фискална сметка.

Ова нешто е пракса во СЕКОЈ автобус на ЈСП, каде возачите од директорот на ЈСП се принудени ова незаконито продавање да го прават баш вака.

И сеа МАЌЕО шу праиме? КРА ДЕЦОТ ВИКАЛ НА ЦЕЛ ГЛАС ДРЖТЕ ГО КРАДЕЦОТ !!!“, напиша Ленин на својот профил, а во интервјуто за „Макфакс“ рече:

„Револтот сега на улиците е затоа што таа го изневери тоа што им го вети.

Овој фискален принтер, ниту во ЈСП, одговорно тврдам, ниту во приватните превозници во изминатите години не функционирал.

Како некому ќе си дозволите да продадете билет, да земете кеш, а да не му издадете фискална сметка? Ние тоа го имаме одбиено да го работиме, бидејќи ЈСП продолжува да ги продава билетите, без да издаде фискална сметка за билетите.

Јас тоа како одговорен го одбив, во 2020 година, петти месец,“ рече Ленин.

Целото интервју може да го погледнете во видеото ОВДЕ.

Previous articleГавазова објави кај ќе прослави Нова година: Оваа година нема да оди во странство, а го објави и менито за јадење (ФОТО)
Next articleТатко му недозволено го однел дома кога се родил, има вонрачен син и два брака зад себе- Ова е необичната приказна на Хари Мата Хари