Home Live Милена од Канал 5 им се извини на мажите на кои им...

Милена од Канал 5 им се извини на мажите на кои им ја навреди машкоста (ФОТО)

Една од најубавите наши ТВ-водителки, Милена Антовска-Станковска препознатлива по утринската програма на Канал 5.

Многу шеговити видеа излегоа на социјалните мрежи изминативе години, инсерти од моментите кога ТВ-гледачите се однесуваат неприс тојно со неа, или поставуваат прашања вон темата на емисијата.

На сите нив, Милена им одговара со насмевка, но за една случка која воопшто не била пријатна за неа, зборуваше во едно интервју кое го даде за порталот Женски магазин.

-Има од сѐ по нешто (се смее). Има интересни ликови кои најчесто кажуваат или пишуваат позитивни коментари, но има и такви што се опседнуваат. Имаше еден гледач кој постојано ми праќаше писма, со песни и исечоци од весници, не ги ни читав искрено.

Но, работата отиде до таму што почна да ме мал третира по телефон. И на работа, и кај нас дома, и дома кај моите. Многу беше упорен, праќаше и некои пакети.

Морав да пријавам во пол иција, во две пол ициски станици, и во Карпош и во Ѓорче Петров. Тоа заврши откако интервенираше поли цијата, ете до таму отиде работата. За среќа заврши позитивно, се надевам дека нема да имам веќе непријатни случки“, изјави Милена.

Потоа, таа зборуваше за својот сопруг Гордан, како тој реагира на нејзината работа и за тоа како тргнала нивната љубов. Денеска, имаат две ќерки, Лана Марија и Јоана.

-Сопругот во принцип е лабав и опуштен по тие прашања (за среќа). Ако побарам од него да интервенира во некоја ситуација тогаш ќе се вмеша, во спротивно не. Знае што работам и свесен е дека ќе има секакви ситуации.

Немавме некое необично запознавање за да раскажувам. Социјалните мрежи дополнително помогнаа како и кај повеќе парови во денешно време. Најмногу сакам што знае да ме насмее, одличен татко е и многу добро готви“; изјавила Милена.

Потоа, ја прашале: На која своја особина си најгорда а што би сменила кај тебе, и ако би требала да ја смениш професијата, со што би се занимавала? Таа на ова одговорила вака:

– Што би сменила? Порано на ова прашање одговарав со тоа дека ми променила тоа што брзо избувнувам, но сега искрено од оваа гледна точка мислам дека ништо не би променила.

Со сите доблести и маани тоа сум јас. Затоа ме сакаат и почитуваат најблиските и затоа имам публика која што ме сака.

Чесноста и нерасипаноста се мои карактеристики за кои другите луѓе велат дека ги поседувам. Пред некое време на една слика напишав „Ако не бев водителка ќе бев пејачка“.

-Скоро секогаш сакам да знам што ќе ми се случува и што ќе биде. Животот сам по себе ми е возбудлив, тоа што ја имам улогата на мајка исто така, затоа што секој ден учам нешто ново и менувам навики на подобро.

Јас сум човек што подобро функционира наутро, навечер веќе снемувам енергија и си легнувам доста рано“, рекла понатаму Милена во ова интервју во кое зборувала каква е таа приватно и што сака.

-Слушам многу стилови на музика. Зависи од расположение. Слушам и народно и забавно и многу сакам македонска музика. Секако ги следам и светските трендови, сакам и музика од англиско и шпанско говорно подрачје.

Сум имала многу предизвици во животот како и сите луѓе. И професионално и приватно. Во тој даден момент ми се чинеле дека се тешки, но кога сум ги надминала веќе станале лесни.

Предизвик ми било остварувањето во улога на сопруга и мајка, тешки ми се чинеле и предизвиците за почеток на секој нов проект, секоја нова емисија, тежок ми бил и предизвикот да се искачам на врвот Лакосигној итн.

На мое задоволство заради работата сум имала можност да се запознаам и соработувам со многу познати личности од Македонија, но и да правам интервјуа со познати од Србија, Хрватска…

Имам уште многу желби. Би сакала да го снимам и интервјуирам актерот Милош Биковиќ, ете тој ми падна сега на ум;“ изјави Милена во едно интервју за modamoda.mk

Милена сподели свој статус од пред 12 години, и во него им се извини на припадниците на посилниот пол на кои им ја навредила машкоста, во статус на Фејсбук кој го напишала одамна.

-Чупана веѓа, машкоста ја вреѓа“, е пна што Милена го напишала уште во 2010 година, а на Инста стори таа сега напишала: Се извинувам за статусов од пред 12 години“.

-Е што нејќам мажи со чупани веѓи. Или ај, ако е до толку… Ама кога се познава не изгледа воопшто убаво. Привлечно уште помалку“, стои во еден Форум како мислење од една дама, а Милена изгледа дека порано се сложувала со ова мислење.

Previous articleИма ли Стевчо Јакимовски доверба во жените? Еве како го „провали“ Снеже Велков (ВИДЕО)
Next articleЕве како Весна Бејби му помогна на Саше Димовски- новинарот за кој се организираат хуманитарни акции, сподели емотивна приказна