Home Live Откако се раздели со Мачка, Тамара се смири со Катарина Ивановска, а...

Откако се раздели со Мачка, Тамара се смири со Катарина Ивановска, а еве зошто беа скарани порано (ФОТО)

Катарина Ивановска, нашиот топ модел со светска кариера ѝ е голема поддршка на поп-ѕвездата Тамара Тодевска, како и Тамара на Катарина. Често се зборува дека тие двете се скарани, па повторно се во добри односи, и така во круг.

Двете се другарки долги години. Катарина е дел од сите позначајни настапи на Тамара, а така беше и минатато лето, на коцертот на Тамара во Охрид, во Античкиот театар.

Катарина на концертот дојде со кошаркарот и претседателот на КФМ, Перо Антиќ. Изминативе месеци, домашните медиуми објавуваа дека Катарина и Антиќ се во врска, но и двајцата не ги коментираа написите, освен што Катарина даде куса изјава за „Бекстејџ“ дека се среќни заедно.

Сега, тие јаво се појавуваат на важни настаним, а еден таков бил и премиерата на филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски кој се случил пред неколку недели во Македонската филхармонија.

Антиќ е близок пријател со Тамара, и со нејзиниот сопруг Александар Димитровски – Мачка. Тој на концертот минатата година го прослави својот роденден, а Тамара му го честиташе и го поздрави од сцената- објави Женски магазин тогаш.

Според она што го обајви Тијана како стори на Инстаграм, таа супер си поминала на концертот на нејзината сестра Тамара Тодевска, во Охрид минатата година.

Тијана шерна стори како игра додека сестра и пее, но позади неа се Перо Антиќ и Катарина Ивановска како играат, а Катарина дури и го гушка Перо. Тие изгледа дека од тогаш веќе не ја кријат својата романса.

Во јуни во 2015 година, пејачката Тамара Тодевска се омажи за својот тогашен дечко, Александар Димитровски- Мачка, кој беше кошаркарски тренер. Денес, имаат две деца, ќерката Хана и синот Дарен.

Свадбените фотографии, барем оние од почетокот на семејната прослава покажуваат дека сепак, невестинскиот фустан не е во црвена боја, како што таа најавуваше- објавија медиумите тогаш.

На почетоот од ноември, Убавина и здравје објави дека Тамара и нејзиниот сопруг Мачка се разведуваат по седум години брак, а Тамара ја потврди веста за овој медиум.

– Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко.

Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено, многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени.

Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично.

Токму Перо Антиќ објави слика со својот пријател Мачка и го нарече брат, па јасно е на чија страна е сега Перо, по разводот на пејачката и на кошаркарот.

„Со мачката од Гевгелија, брат од друга мајка“, напиша Перо на Инстаграм до сликата со Александар Димитровски.

Блиските другарки, пејачката Тамара Тодевска и манекенката Катарина Ивановска повторно не се во добри односи, напиша убавина и Здравје на почетокот од оваа година.

Како што дознава тимот на „Убавина и здравје“, двете другарки овој пат не сакаат очи да си видат една со друга, а причината наводно била – изневерена доверба.

Еден од доказите дека со нив навистина нешто не е во ред, говори и фактот што двете си ги избришале сите заеднички спомени на социјалните мрежи.

Да, вистина е дека Тамара и Катарина се скарани. Се налутија една на друга, а точната причина не би сакал да ја откријам. Јавете им се на нив и прашајте ги”, ни изјави нивни заеднички пријател, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.

Ова не е првпат двете другарки да се скараат. Двете не беа во добри односи и пред неколку години, а се шпекулираше дека односите ги расипале пред венчавката на Тамара со Александар, па затоа Катарина ја немаше улогата на старосватица.

Инаку, интересно во љубовната со Мачка е што пред Тамара нејзината најдобра другарка, манекенката Катарина Ивановска – Кики, беше во комбинација со токму со овој поранешен кошаркар.

Наводно, тоа воопшто не им пречело. Напротив, Кики била многу среќна затоа што, според неа, тазе двојката била идеален пар.

Но, новата слика на Тамара Тодевска на стори на Инста покажува дека состој бата се сменила, односно дека Тамара и Катарина се пак другарки. Двете заедно биле на ручек во едне скопски локал, а со нив Ана Стојановска, иако замаскирана, ама означена на оваа слика.

Тамара и Катарина и во минатото, според медиумите, често се караат па се смируваат, па да се надеваме дека нивното пријателство овој пат ќе ја задржи константноста и цврстината.

Previous articleЗоки Фаци го покажа својот дом- уникатен мебел и украси, познатиот новинар ич не штедел во уредувањето (ФОТО)
Next articleИма ли Стевчо Јакимовски доверба во жените? Еве како го „провали“ Снеже Велков (ВИДЕО)