Home News Проф. Пановски: Не рекламирам никакви чаеви, ниту некој друг производ

Проф. Пановски: Не рекламирам никакви чаеви, ниту некој друг производ

Проф. д-р Никола Пановски, вчера на својот профил на социјалните мрежи, остро реагираше поради зл оупотребата на неговото име и неговиот лик, за рекламни цели.

Имено, некој, кој продава некаков чај, се дрзнал, неовластено, да го искористи д-р Пановски и да напише текст/изјава, која докторот не ја кажал, само за да ги убеди купувачите да го нарачаат неговиот производ.

Вакви реклами се појавуваат на социјалните мрежи, на порталите кои соработуваат со некоја од маркетинг агенциите и кои, во никој случај не се во можност да ги проверуваат огласите кои се емитуваат на нивниот канал.

Слично е и на Јутуб и на останатите социјални мрежи. Денес, популарни се суплементите (додатоци во исхраната). Суровините од кои се произведуваат овие суплементи, најчесто се носат во вреќи од кина, а потоа се пакетираат во таблети, или се продаваат во други форми по многу повисоки цени.

Спирулина, псилиум, кордицепс, се само некои од производите кои се продаваат и кај нас, но под друго име и многу поскапи цени.

Но дрскоста на овие трговци е во зл оупотребата на познати доктори во рекламирањето на нивните прозиводи.

Токму околу ова проговори д-р Пановски:

„НЕ РЕКЛАМИРАМ НИ ЧАЈ ЗА ПАРАЗИТИ, НИТУ НЕКОГАШ ЌЕ РЕКЛАМИРАМ НЕКОЈ ЛЕК ИЛИ ЛЕКОВИТО СРЕДТВО.

Драги пријатели, еве и мене ми дојде редот. Се видов со слика и текст. И до сега сум реагирал за да ги заштитам моите колеги. Група хохштаплери и кр иминалци од најдолен вид, со години, преку социјалните мрежи злоупотребуваат угледни доктори, професори, дел постојат, дел се измислени.

Неовластено користат нивни фотографии, нивното име и титула, постираат нешто што тие не го кажале, па потоа продолжуваат со измислени пациенти, како тоа средство им помогнало итн. На крајот производот го продаваат онлајн, за висока цена.

Неовластено се богатат злоупотребувајќи го нашиот углед стекнат со децении. Јавно лажат!!!

Ова трае со години, на очиглед на десетина институции кои ние ги плаќаме да не заштитат: пациентите од лажни и непроверени производи, нас како стручни лица, злоупотребени на најдрзок начин.

Ги прашувам зошто постојат, арам да ви е платата што ја примате: Агенција за аудиовизуелни медиуми, Агенција за заштита на лични податоци, Агенција за заштита од дискриминација, Антикорупциска комисија, УЈП,МАЛМЕД, Министерство за здравство, Обвинителство, Народен правобранител, МВР.

Господине Оливер Спасовски, под итно уапсете ги овие кр иминалци, што е проблемот? Прекршуваат јавно, секој ден, десетици закони, се ви е на тацна, спасете си го угледот ваш и на Владата, заштите не нас и пациентите!!!“

Previous articleВанковска: Како да не бидеш југоносталгичен?
Next articleСе смирија Сека Алексиќ и Драгана Мирковиќ, пејачките 12 години не се погледнуваа, а еве што зборуваа една за друга