Home Live Има ли Стевчо Јакимовски доверба во жените? Еве како го „провали“ Снеже...

Има ли Стевчо Јакимовски доверба во жените? Еве како го „провали“ Снеже Велков (ВИДЕО)

На програмата на телевизијата Телма, со почеток во 14.30 часот во недела, се прикажува втората сезона на емисијата „Нешто конкретно“. Водителка на проектот е Снеже Велков.

Снеже непосредно, по малку провокативно, но и аргументирано, ќе ги води гостите низ секојдневните теми за кои вреди да се дискутира, но ретко се ставаат на маса.

-Најчесто ќе дискутираме за машко-женските односи, проблеми и дилеми, но и за сите теми што заслужуваат внимание.

„Нешто конкретно“ не е типично и не е класично ток-шоу, туку ќе биде опуштено разговарање, како дома, но истовремено и сериозно, како во институција, непосредно и блиско, со неверојатно позитивна енергија и многу духовити коментари.

Омиленото неделно попладне на гледачите отсега ќе добие друга димензија. На гости доаѓаат познати личности, анонимни стручњаци, квалитетни коментатори, подзаборавени фаци и млади таленти – открила Снеже Велков за Нова Македонија.

Велков е позната дама на јавноста таа е гласен говорник за здравата исхрана и важноста на физичката активност, мајка на два сина, сопруга, водителка и доколку ја следите Снеже на Инстаграм, не може, а да не приметите дека таа има голем број на обувки, за кои откри интересни детали во Женски магазин.

-Се што ќе ви падне напамет за дискусија на кафе, на шопинг, дур седите на некоја свадба и зборувате за обичаите, дур оговарате некоја девојка во локал, или се жалите на мајка ви за свекрвата, моментите кога се чудите зошто сопругата ви е лута, а ништо не сте згрешиле се‘ се тоа теми на дискусија.

Најмногу машко-женски односи, но и општествени појави и нуспојави. Старлети и лепотани, лепотици и постари чичковци, срам и чист образ, кој не знае да вози, а кој не знае да вклучи машина за садови, снаи и свекрви, дедовци и зетовци…Теми милион…

Најлесно е кога ќе тргне муабетот и гостите ќе кажат: Само толку? Па сакаме уште да муабетиме.

А нема да речам дека е најтежок ама е најпредизвикувачки делот со барање на гости и нивно комбинирање со време и денови, бидејки станува збор за повеќе луѓе па мора да се организираат.

Ама за тоа ја имам организаторката Радмила која е струја од човек и која точно знае кога како и дали да му се обрати на некој гостин за да на крајот ја дефинираме целата листа.

Тука се и останатите од тимот секој со своето задолжение и завршена обврска кои прават нештата дури и кога се комплицирани да изгледаат лесно решливи.

Разработката и идеите за темите ги правиме тимски, истражувањата ги правам јас низ еден куп книги и интернет содржини, а поговорките, тука ни се неисцрпни ризниците на Марко Цепенков но и актуелните цитати на светски познатите луѓе.

Мојот сопруг знае да каже дека има чувство како да се оженил со стоногалка… Не смеам да кажам колку имам оти ќе се издадам.

Ќе речам дека имам доволно многу за да не ми ги собира во орман, а доволно малку за да немам со што да отидам на свадба на пример..“, рекла во Женски магазин Снеже за емисијата и за чевлите.

Во новата епизода на емисијата „Нешто конкретно“ на Снеже, имало интересни гости, а меѓу нив биле и градоначалникот на општина Карпош, Стефчо Јакимовски и актерката Стојна Костовска, како и младиот музичар и модел Давид Мука.

-Дали на Давид или на мене ќе ни ги дадете клучевите да ви ја препаркираме колата?“, го прашала Снеже Велков Стефчо Јакимовски, целејќи кон тоа дали тој всушност има доверба кон жените како возачи.

На ова одговорила актерката Стојна Костовска која исто така била во истата емисијата гостинка со градоначалникот на Карпош.

Сигурно на Давид, рекла Стојна, а потоа Снеже зачудено прашала: Зошто?

На ова Јакимовски дипломатски одговорил: Ќе почитува дека сум постар. Не, не можам да си дозволам да ви дадам таква обврска- рекол Јакимовски, а Снеже објасни дека до последно тој не одговорил потврдно на нејзиното прашање.

Таа го прашала: Не верувате во мене? А тој рекол: Не да не верувам, незгодно ми е да побарам таква услуга од вас.

– Дали таа може да му ја препаркира колата и дали Јакимовски повеќе им верува на жените или на мажите како возачи. Според она што го објави Снеже на Инста стори, изгледа дека Јакимовси не им верува на жените како возачи, но тој одговор изгледа вешто го избегнал.

Давид на крајот одговорил дека нема возачка дозвола, и Снеже му рекла на Стефчо: Давај клучевите! На на свиојот Инста профил, Снеже на овој начин ја опишала ситуацијата со градоначалникот Стефчо во емисијата:

-Што е твое ќе си дојде. До последно гостинот Стефче Јакимовски не ги даваше клучевите од колата да ја препаркирам. И после си бидна она:Не за кого е печено ами за кого е речено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Previous articleОткако се раздели со Мачка, Тамара се смири со Катарина Ивановска, а еве зошто беа скарани порано (ФОТО)
Next articleМилена од Канал 5 им се извини на мажите на кои им ја навреди машкоста (ФОТО)