Home Live Тамара ги зголеми усните кои ги покажува постојано, а проговори што ѝ...

Тамара ги зголеми усните кои ги покажува постојано, а проговори што ѝ фали, поврзано е со бивши

Taмара е една од нашите најпопуларни пејачки, а во последно време станува сѐ повеќе актуелна и интересна за јавноста, откога споделува дел од својот приватен живот на Инстаграм, многу почесто од порано.

Тамара откри дека е многу талентирана за сликарство, и како мала имала добиено награди на натпревари по цртање, па се пошегува на нејзина сметка: „Сигурно сум била втора“.

Раскажа и дека имала свои изложби, и сега на своите деца сака да им пренесе љубовта кон цртањето.

Потоа муабетот ги наведе на еден од најголемите нејзини хитови, можеби и најголемот „Тажна љубов, среќна песна“.

„Велат дека хитовите се прават еднаш во десет години. „Тажна љубов, среќна песна“ беше во 2014, и имав уште некое време да стигнам до уште некој таков хит. Жал ми е што не направив спот, не знам што размислував тогаш.

Не дека не ми е омилена, предосадна ми е. Не можам да ја слушам. Ја имам препеано и ми е дојдена преку глава, ама далеку од тоа дека јас не ја сакам.

Сите мои песни си ги сакам, но дали дека ми е преслушана, кога ќе ми кажат за „Тажна љубов“, превртувам со очи, и викам- аман више со таа песна“, изјави пејачката.

Потоа, водителот ја праша: Дали ти прости народот откако ја истетовира химната. На ова, Тамара му одговори:

„Не беше тоа поентата воопшто, да ми простуваат, едноставно, едно сабајле се разбудив, му се јавив на Горан Мичиќ и му реков: Сакам да ја истетовирам химната. Он ми рече: Ма, дали си ти нормална.

Му реков: Имам желба да си го запишам тоа на телото и да ме потсеќа на еден период од мојот живот којшто ми беше доста тежок и ми остави некоја рана на срцето“, рече Тамара и повтори дека не ѝ била намерата некој да ѝ прости, но ѝ е драго ако имало такви коментари.

-Во минатото не можев лесно да ги пеам песните кои не беа инспирирани од моите емотивни состојби. Денес, тоа е поинаку, бидејќи чувствувам потреба да си дадам одговори за некои теми кои навистина не се дел од моето секојдневие.

За мене овој креативен исчекор е предизвикот кој ја освежува мојата работа со колегите продуценти и текстописци. Инаку и да немам песна посветено на Мачка, на него мислам секогаш кога пеам,“ рече Тамара во една прилика за Женски Магазин.

– Во моментов мислам дека мора секој да избега од конфорот и вистински да почне да истражува што го возбудува како музика. Не поднесувам хитови кои се буквално пресликани од некој светски хит.

На ова поднебје, каде што музичките култури се среќаваат, и ние кои важиме за музикална нација, мораме да креираме вистински нешта кои ке ја допрат душата на нашата публика.

Кога наместо желба за инстант хит, ќе се потрудиме сите да имаме повеќе уметност и сериозен процес на творење во студио, ќе имаме и сцена на која ќе блескаат квалитетни уметници.

Публиката таквите ги препознава и им се предава. Така некако мислам дека се гради кариера и се создава сцена за почит,“ кажа Тамара во едно интервју.

Тамара Тодевска во една прилика рече дека таа и нејзиниот, сега поранешен сопруг сопруг, Александар Димитровски – Мачка не го слават Денот на вљубените.

„Не сум тип на личност што се врзува за ваков начин на прославување на љубовта. За мене, љубовта е најважниот дел од мојот живот и ја празнувам секој ден со мојот сопруг, но и моите две прекрасни деца.

Бескрајно благодарна сум што имам сопруг како Мачка покрај мене бидејќи без неговата љубов и разбирање, ниеден мој сон немаше да биде моја реалност“, вели поп-ѕвездата за својот сопруг.

Таа набрзо после тоа објави стори дека слави 7 години брак со Мачка, а вака всушност се случила нивната љубов, тоест вака Тамара го ќарила својот маж.

Со Мачка бевме супер другари седум години. Отсекогаш имало симпатии меѓу нас, но животот најверојатно имал совршен план кога да ги претвори тие симпатии во љубов.

Можеби требало да научиме некои животни лекции пред целосно да се посветиме еден на друг.

Во последно време се зборуваше дека Тамара ги зголемила усните и решила малку да се освежи, но сепак оваа вест пејачката ја нема потврдено, а многумина мислеа се работи всушност за некој филтер од Инста.

Но, се чини дека Тамара на секоја втора фотографија која ќе ја објави ги истакнува усните, кои се видливо зголемени за разлика од порано.

Неколку објави подоцна, Тамара објави шеговита слика на своја сметка на која пишуваше:

„Единствено од бивши ми фали екстра пари“, објавата е всушност на англиски, па наместо „ех“ за бивши, беше дополнето „ex-tra money.“

Previous articleТој беше мојата најголема поддршка во сите експедиции- Илина Арсова се прости од драг човек
Next articleЕлена Ристеска ја раскажа целата вистина за чорапчињата и за мини сукњата со кои за првпат јавно запеа