Home Live Тој беше мојата најголема поддршка во сите експедиции- Илина Арсова се прости...

Тој беше мојата најголема поддршка во сите експедиции- Илина Арсова се прости од драг човек

Илина Арсова е позната македонска алпинистка, која со успех го заврши исклучителниот алпинистички подвиг „Седум врвови“, искачувајќи се на сите седум највисоки врвови на седумте континенти, и стана првата Македонка која успеа да ја комплетира оваа листа.

Но, тоа не е нејзиниот единствен успех – таа листа е многу подолга и се протега во разни сфери од животот – таа е дипломиран ликовен уметник (во класата на Рубенс Корубин и Јован Шумковски).

Потоа, таа е магистер по јазици (Филолошки факултет „Блаже Конески“), магистер по бизнис и меѓународна трговија (Универзитет Орлеан, Франција), дипломиран туристички работник (Факултет за туризам Охрид), туристички водич, ски-инструктор, планинарски спасител, објави Слободен печат во една прилика.

-Би рекла тоа е комбинација од повеќе спортови, вештини и практични искуства. На пример во совладување на стрмен терен на голема височина, планинарот, алпинистот, се организира во експедициска група каде задачите се делат во тимот.

Секој член треба да биде психофизички подготвен за поминување на таков терен и да биде изложен на екстремни температури и ризик.

Треба да владее техники за качување карпа и мраз, работа со јажиња и извлекување од глечер, укажување на прва помош за себеси, партнерот или опремата, но да има познаваања и од метерологија, геоморфологија, топографија и ориентација.

Со секој искачен врв се повеќе се згрозувам од насоката во која се движи човештвото особено во урбаните средини со наметнат прекумерен конзумеризам.

Се воодушевувам на едноставноста на животот на локалното население кое живее во пазувите на планините како и оние рурални средини кај нас, каде вистинските вредности сеуште се донекаде зачувани.

Секојпат сум среќна кога сум на планина, иако тоа не е синоним на „пријатно“. Секојпат е студено и напорно, но токму тоа ме потхранува во мисијата за поместување на сопствените граници.

Сепак ако треба да издвојам чувството беше незаборавно на Еверест, Денали и на Антарктикот, а и планината Ама Даблам, која ми е една од омилените, но и вулканите во јужна Америка, …, всушност ги има многу …

-Мајка ми е во душата голем авантурист, слично и татко ми. Тие не одгледале во духот на природата и авантурите. Јас уште како многу мала сум пројавувала желба да патувам низ светот и колку што се сеќавам, тоа го искажував во сите есеи на слободна тема по македонски и англиски јазик.

Ме воодушевуваше волонтерската работа во подрачја зафатени од природни катастрофи. Адреналинот би рекла од секогаш бил мој сопатник, а спортовите беа најздравиот начин за да го насочам и канализирам“; рекла таа во Слободен печат.

Илина Арсова која е сега на докторски стдуии во Америка, како и многумина се прости од д-р Јовица Угриновски кој е упокои, со оригинална карикатура која ја објави а Инстаграм стори. Илина е автор на оваа карикатура.

– Оваа карикатура сум ја напрвила во 2007. Проф Угриновски беше мојата најголема поддршка во сите експедиции. Нека твојот немирен дух и добра душа почиваат во мир“, напишала Илина за својот упкоен пријател и инспирација.

Previous articleВера Мештеровиќ искрено раскажа како ја критикувале на ТВ- тргнете ја оваа, ама стана и пејачка (ВИДЕО)
Next articleТамара ги зголеми усните кои ги покажува постојано, а проговори што ѝ фали, поврзано е со бивши