Home News Ванковска: Како да не бидеш југоносталгичен?

Ванковска: Како да не бидеш југоносталгичен?

Во минатото, денешниот ден беше од посебно значење и се славеше на шпросторите на поранешна Југославија.

Денот на Републиката се прославуваше на 29 ноември и беше еден од петте државни празници во поранешна Југославија. Се празнуваше два дена.

Овој датум всушност го означи Второто заседание на АВНОЈ во Јајце, Босна и Херцеговина во 1943 година, кога под раководство на Комунистичката партија на Југославија беше донесена одлука за формирање федерална држава Југославија, како и Основачко собрание две години. подоцна, кога го добила името Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ).

Многумина се носталгични по поранешната држава, бидејќи, според многумина, се живеело подобар живот, каде немало, или биле мали социјалните разлики и секој можел да си дозволи образование, работа, годишен одмор, автомобил, стан…

Професорката Билјана Ванковска, на својот профил на социјалните мрежи, објасни зошто се луѓето „југоносталгични“:

„Како да не бидеш југоносталгичен?

Тогаш (божем) немаше демократија, ама дете на работник можеше да се вработи и во суд и на универзитет, без врски, поради висок просек.

Тогаш, работник со една плата можеше без проблем да школува две деца на универзитет и да им обезбеди убаво детство и младост, одмори на море, зимувања, шопинг во Трст, итн.

Тогаш, беше голема работа да магистрираш и докторираш – бидејќи не секој втор ја носеше таа титула. Имаше селекција, не секој што се запишал – завршил со диплома.

Тогаш, бевме земја со најквалитетна и најсеопфатна примарна здравствена заштита.

Тогаш, имавме слобода да бидеме Македонци, патриоти, а никој не не’ нарекуваше националисти. Бевме отворени кон други култури, па и цел свет го гледавме исто, зошто не фаќавме страна Исток или Запад, пријатели и непријатели.

Ние бевме за глобалниот Југ, за обесправените, за експлоатираните, за угнетуваните, за оние кои градеа независност по антиколонијални војни… Бевме и за себе. За нас.

Сега образованието е НУЛА. Некои „наши деца“ добиваат диплома за положен правосуден испит пред да добијат диплома, и тоа од ПРАВЕН факултет! Денес, преку 400 студенти само од една студиска програма по право се во некоја „сива зона“.

Денес, претседателка на Судски совет си дава оставка поради (како вели) „судската – бизнис елита“! Денес ти е страв да одиш на лекар, зошто болниците и клиниките за како за хорор филмови, а не знаеш кој лекар како дошол до дипломата.

Денес, тајкуни се политичари и политичари се тајкуни. Денес за европските идеали навистина, фактички, гинат будали. И распродаваат се’ што имаат.

Жал ми е што младиве немаат поим за што тоа зборуваме ние постарите. Не’ гледаат како паднати од Марс, не им се верува.

Тие не знаат за друго освен за оваа Недојдија, која сега и Северна ја викаат.

Да, знам, не рачунајте на нас, пееше со право она момче. Се’ отиде по ѓаволите.“

Previous articleБеше 33 години помлада и го пречекуваше со чашка „домашна“ – Еве како зборуваше Анѓела, сопругата на упокоениот д-р Угриновски за нивната љубов (ВИДЕО)
Next articleПроф. Пановски: Не рекламирам никакви чаеви, ниту некој друг производ