Home Live Вера Мештеровиќ искрено раскажа како ја критикувале на ТВ- тргнете ја оваа,...

Вера Мештеровиќ искрено раскажа како ја критикувале на ТВ- тргнете ја оваа, ама стана и пејачка (ВИДЕО)

Вера Мештеровиќ е една од ретките Мис кај нас која ја задржа својата популарност и актуелност, и ќе остане запаметена како првата Мис на Македонија за Мис на светот во 1996 година.

Тогаш, Вера имала само 17 години, и самата отпатувала на изборот за Мис во Индија, објави Женски магазин, а Вера во едно интервју за овој медиум има изјавено:

Изборот за Мис во Индија најмногу ќе го паметам по тоа што ми даде друга визија и насока за убавината, односно дека не треба да се потпирам само на надворешната убавина и изгледот, туку да работам на себеси и да развивам други способности, убавина со цел.

– Жал ми е што немаме толку години претставничка на најстариот избор за убавина во светот како што е Мiss World, бидејќи е одлична промоција за нашата земја од културен карактер, па и за туризмот.

Предц неколку години, модниот ТВ-канал Fashion TV те избра за амбасадор на убавината на Балканот, а Вера на оваа тема кажа вака:

– На секоја жена ѝ годи кога добива комплименти, не сум ни јас исклучок. Чест и задоволство е, но и голема одговорност, многу погледи вперени, очекувања, многу девојки, жени кои гледаат пример во мене, а и како мајка и децата исто така гледаат, не е воопшто лесно, но е животен предизвик.

Па се трудам да бидам добар пример, подобра верзија од себеси преку моите јавни ангажмани, настани, настапи освен на убавината да ставам акцент и на интелектот во смисол да не се запоставува тој дел.

Потребно е постојано да се доизградуваме, со хуманост, со разни активности кза да бидеме комплетни како личности и однадвор и одвнатре.

Вели дека искутвото во фолклорните друштва каде што одела како тинејџерка ѝ помогнале во ова искуство, да тргне сама на пат и да го искуси целиот сјај кој трае само додека била на изборот за Мис.

-Изборот за Мис е како приказната за „Пепелашка“. Додека си таму, во фокусот на јавноста, те препознаваат, те третираат како принцеза.

Потоа, кога целиот тој гламур и сјај ќе заврши и му се враќаш на тековниот живот, никој веќе не те познава, ја нема веќе возбудата.

Сега, Вера е водителка на Утринската програма на Канал 5. И во оваа приказна, слично како и во онаа за изборот за Мис, има две страни, конкретно што се однесува до реакците на гледачите, но таа е многу среќна и исполнета со овој ангажман.

-Не може на сите да им се допаднеш. Некој не може да ти прости што си убава, на некого му пречиш на телевизија, сето тоа е нормално. Кога почнував да работам во Канал 5, прво бев на обука две недели, а потоа на програма.

И нормално е дека има секакви коментари. Знаат во живо да се јават – тргнете ја оваа од програма, или зошто е вака облечена? Но, има и доста луѓе кои позитивно и убаво реагираат.

И на едните и на другите им велам благодарам“, кажала Вера во Женски магазин.

Таа гостувала и во емисијата Еден на еден и таму кажала дека легнува во 12, на полноќ после децата, но станува во 5 и 15 и е свежа и наспана за на ТВ. Ама она што е интресно е и дека Вера во оваа емисија пеела.

За прв пат, оваа наша Мисица покажа и дека знае да пее, а како тоа звучело, и тоа со песната Јобано Јованке, можете да видите ТУКА, во последниот дел од емисијата.

Previous articleТатко му недозволено го однел дома кога се родил, има вонрачен син и два брака зад себе- Ова е необичната приказна на Хари Мата Хари
Next articleТој беше мојата најголема поддршка во сите експедиции- Илина Арсова се прости од драг човек