Home Live Водителката на „Фолк Џубокс“- Татјана, никогаш позгодна, гордо со колегата Орце позираше...

Водителката на „Фолк Џубокс“- Татјана, никогаш позгодна, гордо со колегата Орце позираше покрај убавата Стојне и Јордан Митев (ФОТО)

-Нема потреба да се крие вистината, по цели 12 години ставивме крај на врската со Ирена. Никогаш не сум сакал премногу да се експонирам по медиуми, но ете, овој период за жал сум актуелен во многу портали.

Вака ја започна својата приказна ТВ водителот, уредник на забавна програма во МРТ и поранешен уметнички директор на Фолк фест Валандово, Орце Гелевски пред 4 години.

Со фолк пејачката Ирена Спасовска долги години важеа за еден од најстабилните парови на сцената, и веста за нивниот прекин ја изненади јавноста.

Вели дека не е лесно по толку време поминато со некоја личност да се продолжи како ништо да не се случило, и го сфаќа интересот на јавноста за приватноста на јавните личности.

Гелевски инаку ја води емисијата Фолк џубокс на Макњеонската радио телевизија, заедно со колешката Татјана Петровска.

-Сакам колку што е можно да останам присебен во ова време невреме,реално ја согледувам целата ситуација и со целосно почитување на мерките што побрзо да ја надминеме оваа крајно лоша атмосфера.

За жал, оваа Ковид-19 пандемија комплетно ќе го промени начинот на живеење и ние ќе треба што поскоро да се навикнеме и да го прифатиме сето тоа.

Јас сум оптимист и мислам дека наскоро ќе се вратиме во нормалните текови и во убавите моменти на животот. Но за сé ова е потребна позитивна мотивација и водилка во животот. Тоа го имам покрај себе – прекрасно семејство и убава работа исполнета со музика, песна и голем број пријатели.

Секако дека целата оваа ситуација присутна е и во работните организации, така е и во мојата Македонска Радио Телевизија, каде што сепак се трудиме во новите услови да продолжиме да ги реализираме нашите обврски“, изјавил Гелевски за втеме на пандемијата за Женски магазин.

Познато е, за мене лично, целиот мој работен стаж, досега околу 36 години во МРТ – посветен е на народната музика и навистина се чувствувам горд што сето ова време го посветив на оваа мошне значајна материја за македонскиот народ, за македонската култура.

Се надевам дека со сé она што имам дадено досега, имам барем мал придонес во негувањето, создавањето и афирмацијата на фолклорот и фолклорната традиција.

Да потсетам на некои проекти и емисии: престижната манифестација „Фолк хит на годината“ и „Фолк хит на деценијата“, популарните емисии „Иселенички џубокс“, „Плетенка“, „Патувај песно“ и моментално „Фолк џубокс“, уметнички директор на „Тетовски фолк фест“, 15 – тина години уметнички директор на „Фолк фест Валандово“, водител на јубилејни концерти на доајените на македонската песна – Александар Сариевски и Васка Илева и многу други емисии,проекти и концерти.

Моментално покрај другите обврски во Забавната редакција на МТВ, пред сé сум преокупиран околу емисијата „Фолк џубокс“, околу уредувањето на содржините и учесниците во емисијата, која неколку години доста успешно ја водиме со мојата прекрасна колешка Тања Петровска.

И нормално, првото утринско кафе во текот на работните денови го пијам со моите колеги и колешки, со кои навистина имам убава соработка и со кои пред сé разговараме и коментираме за нашите проекти, за нашите емисии,за убавите реакции, но нормално и за проблемите, со кои сите ние се среќаваме и како сето тоа да го решиме и надминеме.

Од друга страна, слободните денови за време на викендите резервирани се пред сé за во кругот на моето семејство.

За среќа со моита два сина, за кои сакам да истакнам дека сум навистина горд татко, тие се веќе фамилијарни луѓе, и со нив живееме во близина и речиси сме постојано заедно, посебно во ова време кога треба да им се помогне околу нивните ќеркички – нашите две прекрасни принцези – Калина и Јана, кои навистина ги променија нашите животи во улога на дедо и баба!

И секако сосема е точна онаа констатација дека внуците, како да се сакаат повеќе од своите деца. Како млади како да немавме доволно време за нив и сега сета топлина.

Сета љубов им ја даруваме на нашите две мали прекрасни внуки од кои ја добивам најголемата мотивација, енергија, радост,среќа – едноставно тоа чувство не може да се опише, рекол Гелевски.

Неговата колешка Татјана Петровска која ја споменал погоре ептен згодна била на новото снимање на Фолк Џубокс.

Облечена во краток зелен фустан, таа гордо позирала покрар Орце, Јордан Митев и Стојне Николова.

И сигурно дека ова ќе биде добра емисија на Фолк џубокс, и за очи и за уши.

Previous articleГо погоди новинарот со ова нешто откако ја изнервира со недолично прашање, па трпеше последици- Милена Дравиќ имала неверојатна приказна
Next articleБеше 33 години помлада и го пречекуваше со чашка „домашна“ – Еве како зборуваше Анѓела, сопругата на упокоениот д-р Угриновски за нивната љубов (ВИДЕО)