Home Live Дани по долго време повторно заедно со синот Лазар- замина во Холандија...

Дани по долго време повторно заедно со синот Лазар- замина во Холандија кај него (ВИДЕО)

Дани секогаш има интересни пораки за споделување, било на своите Инстаграм профили, или во своите песни. Во една песна, Дани порача: „Јас не живеам за другите“.

Токму затоа, пејачката е толку своја и по малку бунтовна. Дани е мајка на Лазар кој има 22 години.

Рокерката со уникатен стил е интересна појава на нашата естрада уште од почетокот на нејзината музичка кариера.

Дани е позната по многу хитови, интересен стајлинг, таа е мајка на Лазар, но никогаш јавно не зборува за својот приватен живот, всушност, многу ретко.

-Имам здраво неконвенционално семејство, сочинето од партнер, син, брат, снаа, внуци и родители кои безизмерно ги обожувам. Живеам во мир и среќата ми е избор. Ниеден од нив не се занимава со јавна професија ниту има желба за себе истакнување.

Го почитувам нивното единствено право на интима. Мојот партнер и син ги знаете со име и презиме, но која боја им е омилена, дали сакаат кулинарство, кој број на патики носат или што им е хоби се прашања за кои не се троши медиум кој има за цел да инспирира“, рече таа во интервју за Женски магазин.

Потоа, го спомена својот партнер, поранешниот кошаркар Весел кој е сопственик на едно скопско кафуле и за него сосема кусо рече: Со години живеам во хармонија со својот партнер во заедништво.

Дани гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител и рече дека има идеи каде би сакала да изведе сопствен концерт, но се уште не може да ги реализира идеите.

Потоа, зборуваше за својот син Лазар, кој е веќе возрасен, а Дани коментираше на прашањата за тоа каква мајка е и каков однос има со својот син.

-Јас ги почитувам сите слободи на секој човек, вклучувајќи го тука и мојот син. Сум пробувала да инспирирам, никогаш да влијаам, меѓутоа тој со музика нема апсолутно никаква допирна точка, освен тоа што мајка му е музичар и ништо повеќе од тоа.

Сака музика, гитарата ја потсвирнува, меѓутоа никогаш не сакал да нурне длабоко во тој свет, веќе си е во некој свој. Јас тоа го почитувам, функционира супер. Втора година е на факултет, во Холандија, и тоа е тоа.

Секогаш за се, што и да одлучи дека сака да направи, јас никогаш нема да кажам дека тоа не треба и не смее“, рече Дани и одговори на прашањето дали Лазар коментира за нејзината јавна работа, за она што го сработила и за нејзиниот стил во јавноста.

Секогаш коментира, добро сепак е возрасен, за некој месец ќе наполни 21 година, и баш ми е некој вид на гласот на младоста, значи од генерација кои сега влагаат во овој возрасен свет. Коментира скоро секогаш, посебно на Инстаграм знае во инбокс да ми напише: Мамо, тргни ја сликава!

Има нешто што не му се допаѓа. Знае да даде и комплименти, меѓутоа, мислам дека се грижи, и е тука да даде некое си свое мислење, иако не сум го прашала за истото. Другарски ни е односот, и се е дозволено“, рече Дани.

Синот на Дани, Лазар, неодамна наполни 22 години. На сликата која пејачката ја шерна на Инста стори, таа го покажа својот син кој порасна во вистински убавец, и за неговиот 22 роденден, Дани емотивно му порача:

-На денешен ден, те доби светот. За мене претставуваш поим за чиста љубов без правила и очекувања.

За себе биди најдобриот! Срќен 22 роденден сине! П.С. Облечи јакна аман, таму зима е! Inxale, exhale, светот ти е на дланка, напиша Дани.

Дани на Инста објави многу среќно видео, како со својот син ужива во Холандија, каде то тој живее и студира како што напишавме погоре. Па, нема поголема среќа за една мајка повторно да е заедно со својот син.

Се гледа дека Дани и Лазар долго се немаат видено, а и не може да не се забележи колку мајката и синто се слични, тоест колку Лазар личи на својата мајка.

А, сега уживаат во заедничките моменти и прошетки низ Ајндховен. Дани објавила и своја слика како се шета низ овој холандски град и напишала: Оддишка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dani Dimitrovska (@danidimitrovska)

Previous articleЕлена Ристеска ја раскажа целата вистина за чорапчињата и за мини сукњата со кои за првпат јавно запеа
Next articleКако најголеми ѕвезди пречекани во Австралија- еве каква чест им направија нашинците на Дамјан Стојаноски и на Влатко Миладиновски