Home Live Елена Ристеска ја раскажа целата вистина за чорапчињата и за мини сукњата...

Елена Ристеска ја раскажа целата вистина за чорапчињата и за мини сукњата со кои за првпат јавно запеа

Елена Ристеска годинава слави 20 години на музичката сцена, тоест поминале точно 20 години откако ова наша музичка ѕвезда се појавила на М2- потрага по ѕвезда и пеела за прв пат на свои 16 години.

За оваа наша пејачка целосно важи онаа народна поговорка: Водата мирува, но не и таа. Среде најголемата пандемија, Елена основа свој козметички бренд кој постепено се шири.

Иако не е активна со авторска музика, поп-ѕвездата беше дел од едно ново музичко талент-шоу, и доби доста награди надвор од Македонија за своите меѓународни успеси.

Кариерата на Елена започна во шоу на продукцијата „М2“, „Плеј-потрага по ѕвезда“ пред 20 години како што пишавме погоре, и се покажа како успешен проект. Со нејзината победа во 2002 година, ѕвездата беше родена.

Со Елена секогаш има инспирација за муабет на широко, а овој пат открива нешта кои досега никогаш не ги кажала, во едно интервју кое го даде за Женски магазин, и таму меѓудругото кажа:

– Татко ми не веруваше во ниту една манифестација во државава, шоу бизнисот за него беше впуштање во страшен “бубањ” или нечесна игра, па првиот совет што го добив од него кога се пријавив на аудицијата беше “не се разочарувај доколку не успееш , бидејќи многу нешта се наместени”.

Но, јас му кажав дека немам очекувања и дека само сакам да си докажам на себеси дали сум доволно добра за оваа професија.

Колку и да беше скептик татко ми за сето тоа, тој беше најгордиот татко на светот и мислам дека од некаде, уште ме гледа, се гордее и ме заштитува.

На аудицијата бев без никакво очекување, а сепак со давање на својот максимум, успеав да победам на шоуто на М2 продукција и секако да си докажам на себе дека само силна молитва, голема желба, напорна работа и посветеност водат до успех.

А тоа што од оваа перспектива можам да го потврдам е дека М2 беше единствената аудиција чијашто награда беше кариера, а не само награда. И уште поголем успех на една аудиција е доколку победникот продолжи да гради кариера , каков што пример сум јас последниве години.

Значи Иво Јанкоски и Дарко Димитров имаа успешна мисија. Искрено не ме служи премногу меморијата во вакви ситуации кога треба да се сетам на детали од детството.

Но, паметам дека палави игри имаше често, да речеме кога ѕвоневме по врати или домофони и бегавме. Потоа вртевме на непознати телефонски броеви и велевме дека сме туристичка агенција дека добиле награда патување во Анталија.

И уште многу такви детски палавштини , но не можам да се сетам на најинтересните во моментов. Како и да е, спомените од детството ми будат убаво чувство и радост , бидејќи навистина имавме убаво детство, поубаво од сегашните генерации“, се присетила Елена па додала:

Да бидам целосно искрена не жалам за ништо во поглед на професионалниот дел од мојот живот од оние нешта што се случиле, но, жалам за оние кои не се случиле.

Жалам што не правев повеќе големи концерти како тој во Метрополис Арената, бидејќи обожавателите секогаш го бараа тоа од мене, потоа мислам дека иако имам доволно песни и меѓу нив хитови, сепак требаше да направам повеќе албуми и повеќе музика.

Додека се фокусирав на небитни нешта и луѓе во приватниот живот, го изгубив времето за да создавам повеќе музика. Ќе се потрудам во иднина да го променам тоа и дека еден ден нема да жалам за ништо“.

Елена беше гостинка на Тв B1, која претходно се викаше ТВ Шутел и зборуваше за почетоците на нејзината музика, тоест за таа аудиција, за тој настап на М2 ама се спомнаа и оние фамозни чорапчиња на риги и мини сукњата.

– Разликата помеѓу другите музички шоуа порано и сега, беа во тоа што ние пеевме свои песни, добивавме своја песна, а не пеевме кавери, ние десетмина кои се натпреварувавме.

А, што се однесува до мојот аутфит тогаш, заслужен е Принц. тој беше задолжен за сценскиот настап. Сите ние дојдовме, носевме нешто облека, и тој рече- ти мораш да бидеш во патичиња.

Кога застанав на сцена на пробите, јас почнав веднаш да играм, и ми рекоа дека тоа е тоа, кај мене немаше што да се работи на сцебскиот настап.

И затоа Принц ја даде идејата да бидам во патики, негова беше идејата за чорапчињата во риги, и за целиот аутфит- облеката“,рече Елена во ова гостување.

Previous articleТамара ги зголеми усните кои ги покажува постојано, а проговори што ѝ фали, поврзано е со бивши
Next articleДани по долго време повторно заедно со синот Лазар- замина во Холандија кај него (ВИДЕО)