Home Live Ја напушти Македонија за љубов на саканата, нашиот познат пејач замина да...

Ја напушти Македонија за љубов на саканата, нашиот познат пејач замина да живее кај жена му во друга држава, а сега имаат и ќеркичка

Операција Триумф е регионално телевизиско шоу на музички таленти кое се одржуваше во Белград, Србија, а се прикажуваше во земијте на поранешна Југославија.

Шоуто всушност беше засновано на познатото шоу Академија на ѕвезди (Star Academy). На шоуто учествуваа учесници од 5 држави од поранешна Југославија, покрај Србија учествуваа, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора. Шоуто се прикажуваше на 6 различни телевизии во овие пет држави.

На Операција Тријумф гостуваа многу ѕвезди од поранешна Југославија меѓу кои беа: Борис Новковиќ, Жељко Самарџиќ, Аки Рахимовски, Елена Ристевска, Каролина Гочева и други. Како и да е, покрај ѕвездите од поранешна Југославија гостуваа и светските ѕвезди Анастасија и Јуниор Џек.

Потоа, сите улчесници на шоуто одржале проштален концерт во Сава центарот во Белград. Инаку, победник беше Аднан Бабајиќ од Босна и Хергеговинам а во првите тројца на крајот имаше и Македонец.

А Македонија тогаш имаше едне претставник на пова шоу, а тоа е Александар Белов од Неготино,кој цело време важеч за фаворит на ова шоу, но за жал не победил на крајот.

На неговата неделна агенда, речиси секој ден стои настап во различен град, во Македонија и во Србија. Александар Белов, ѕвездата на „Операција триумф“, годинава ќе прослави десет години од неговото појавување во тоа реално-музичко шоу, напиша Женски магазин во 2018 година, што значи дека 14 години се поминати откакоБелов пеел на овој натпревар.

Без оглед што како што вели не ја доживеал популарноста која по ОТ ја очекувал, упорноста и љубовта кон музиката го води напред. Секогаш насмеан, скромен и љубезен, Белов во себе ја носи топлината од истокот.

Последниве неколку месеци поради љубовта кон својата Јелена Станковиќ, економистка од Крагуевац, тој го напушти својот стан во Скопје, и се пресели во Србија, не заборавајќи ја при тоа и неговата публика во Македонија и своето Неготино.

За прв пат во својата кариера, Белов на поинаков начин зборува за љубовта, и за својот музички пат кој самиот го изодил“, стои во овој текст.

– Чола би отпеал вака ‘’Давно је то некад било…“ е така да, баш беше одамна. До сега тоа никаде го немам кажано но еве сега ќе откријам. Приватно се знаеме многу подолго како пријатели, но некако тој вистинскиот чекор јас го направив во периодот кога баш бев учесник во првата сезона од „Танц со ѕвездите“.

Тогаш таа изненадно дојде да ми биде подршка на снимање. Таму се појавија тие први искри, неочекувано и спонтано се започна од тогаш, а неколку месеци подоцна ја започнавме нашата приказна која трае до ден денес.

А она што најмногу го сакам кај неа е еден подолг список на работи, но само ќе кажам дека Јелена ми е најголемата подршка и мотив, најдобар другар и пријател кој сум можел само да си го посакувам. Едноставно џабе не рекле дека Вага и Водолија е најдобрата комбинација.

Нормално е дека гледајќи од страна сите мислат дека се ближи денот, но јас многу одамна на шега изјавив дека ќе се женам на 33 години, и како тргнало не сум далеку да и тоа се случи тогаш, но сепак може да биде и порано.

Живееме долг период скоро па заедно и бракот и свадбата е еден драг момент кој треба да се случи и ќе се случи, а ако кажам сега, нема да биде изненадување.

А што се однесува до селењето заедно ќе одлучиме каде ќе живееме, среќа па се е близу и тоа нема да претставува никаков проблем, јас сум личност која се приспособува секаде. Не е важно каде си туку со кого си“, рекол Белов за својата Сакан Јелена која е од Крагуевац, град во Србија.

Откако на почетокот на септември во 2019 најпрвин ја побара раката на својата долгогодишна девојка во комплексот на манастирот Свети Наум во Охрид, македонскиот пејач Александар Белов на, 29 септември во 2019, правеше свадба.

Откако тој и неговата избраничка, Србинката Јелена Станковиќ најпрвин го озаконија својот новоформиран брак и се заколнаа на вечна љубов пред законот и Бога, следуваше свадбената веселба.

Таа ксе одвиваше во салата на ресторанот на елитниот хотел „Женева Лукс“ во Крагуевац, градот од каде потекнува невестата, а каде Белов последниве години се пресели да живее.

За Белов зважи онаа изрека- се за љубов, па тој поради саканата ја напушти Македонија и живе во Србија. Поп-пејачот стана татко на ќеркичка годинава, на стара Нова година, која се вика Мина.

Неговата сопруга Јелена, се породила во Клиничкиот центар во српскиот град Крагуевац, каде што Белов живее последниве четири години.

Убавата вест, Белов ја дознал на многу необичен начин, среде негов настап за Стара нова година, во еден клуб во Крагуевац. Вели дека кога им соопштил на гостите, според познатиот српски обичај, почнале да му ја кинат кошулата.

Previous articleНапишаа дека е бремена, а вистината е сосема друга- Познатата српска пејачка ептен им се налути на медиумите
Next articleТој е постар од неа 15 години, и двајцата се наши познати глумци и имаат две деца- вака им се случила љубов на прв поглед