Дамјан, синот на легендата на македонската народна песна Војо Стојаноски е познат пејач и инструменталист, тој е сестран музичар.
Гледачите често го гледаат во емисијата “Мерак меана“ на Сител каде што мераклиски ги пее своите песни, но и македонските народни.
„Имам среќа што јас можам да живеам од музика и на сите мои колеги би им порачал да не се откажуваат ниту во ова време“, порача Дамјан Стојаноски, нашиот познат пејач, во една емисија на ТВ Сител.
Тој рече дека неговиот татко Војо потекува од голема фамилија, тие се осум деца и има многу братучеди, а еден од нив е и фолк пејачот Влатко Миладиновски.
Дамјан раскажа дека со братучедите одел на доста турнеи низ Австралија и секаде каде што има нашинци.
-Сум можел да живеам надвор од Македонија, но не сакав, решив да останам тука, јас сум голем родољуб“, порача младиот пејач.
Еден од најпознатите и најбараните македонски пејачи Влатко Миладиноски, братучедот на Дамјан. Тие се познато трио. Влатко, неговиот брат Златко и Дамјан и многу често настапуваат заедно.
Според него музиката е уметност, а не работа. „Пеењето е наше секојдневие. Јас не милувам да кажам дека тоа ни е работа, бидејќи музиката не може да биде работа, музиката е уметност, но сепак е некој начин на кој што ние функционираме.
Во студиото на брат ми Златко, реализиравме многу идеи кои што во идниот период секако во свое време ќе бидат објавени.-истакна Миладиноски за естрадниот магазин Естрада плус.
Голем број Македонци, поради одредени причини заминале од родната земја, но со намера и сон еден ден да се вратат назад да живеат во Македонија. Каде и да се низ светот, повеќето од родителите сакаат нивните деца да ги оженат во родната земја.
Токму ова, го опеа познатиот фолк пејач Влатко Миладиноски во неговата последна песна “Се вратив сине”, која покрај „Велат не нема“ е негов голем хит и се пее на сите настапи.
Македонците ширум светот, до последно место ги полнат салите каде настапува нашиот естраден уметник Влатко Миладиновски, во рамките на неговите турнеи со кои посетува голем број земји.
На нашиот пејач му тргна со набиена агенда и патувања, а секојдневно од неговите турнеи стасуваат видеа каде нашинците едногласно ги пеат неговите познати песни и уживаат со македонската музика.
Влатко објави доста видеа и слики од неговите настапи низ Австралија тоест од турнејата каде што е со брат му Златко и со братучед му, Дамјан Стојаноски, и на кои се гледа каков „лом“ направиле браќата и братучедот со настапите за нашинците таму.
– Ја заокруживме првата половина од турнејата во “Сиднејската околија”(New south Wales). Продолжуваме со концертите во Мелбурн…“, објавил Влатко на Фејсбук и напишал дека се гости на една радио станица.
На нивните настапи, ора се виеле, македонски песни се пееле. Ама има и една слика на која Влатко, Дамјан и Златко се на забава покрај вода, и на неа се покажува колкава чест им имаат направено домаќините таму.
Тие им направиле регистарски таблички со нивните презимиња, што се гледа на сликата која ја објавил Дамјан, а на сликата која ја објавил Влатко, се гледа и дека го има и нсловот на најпознатата песна на Влатко- „Велат не нема“.