Home Live Напишаа дека е бремена, а вистината е сосема друга- Познатата српска пејачка...

Напишаа дека е бремена, а вистината е сосема друга- Познатата српска пејачка ептен им се налути на медиумите

Кристина Ковач е позната српака пејачка, и компизтор. Таа беше во жирито на шоуто Икс фактор кога се натпреваруваше Даниел Кајмакоски.

Македонските медиуми во тоа време пишуваа дека Ковач уште првото слуање кажала дека Кајмакоски ќе биде победник на ова шоу, по што и имаат замерено јавноста и останатиот дел од жири комисијата.

На 81-годишна возраст во Белград, во септември се упокои познатиот српски композитор Корнелије Бата Ковач, потврдија тогаш за Курир од семејството, а причина за упокојувањето е инфекција со вирусот Ковид 19.

Корнелије Ковач е заслужен за постоењето на филмската, театарската и телевизиската музика, но и за некои од најголемите пејачки хитови во овој регион. Во текот на својата долга и плодна кариера, тој соработуваше со некои од најголемите имиња, меѓу кои и легендарниот Здравко Чолиќ.

Тој е татко на три ќерки: Александра, Кристрина и Ања од бракот со неговата поко јна прва сопруга Споменка. Споменка беше познат теккстописец на голем дел од неговите песни, а ја нашиша и легендарната „Ти си ми у крви“.

Со втората сопруга Снежана се ожени на Младенци, на 22 март 2014 година. Иако Бата Ковач сакала тоа да се случи порано, Снежана го молела да почека додека нејзините деца не станат зрели луѓе.

Кога нејзиниот син се запишал на факултет, а ќерката завршила со студиите, дојде моментот за тој свечен чин. Сестрите Александра и Кристина Ковач, беа дел од дуото К2 кое бепе многу популарно некогаш. Но, за жал тие две веќе не се до добри односи.

Кристина Ковач често на социјалните мрежи споделува детали од приватниот живот. Таа е особено сентиментална кога е во прашање нејзината единица Тара, со која од пред неколку години живее во Шведска. Кристина од студениот Стокхолм објави прекрасни фотографии на Инстаграм со трудничкиот стомак во преден план!

Оваа го објавија некои српски медиуи изминативе денови, кои како наслови на текстовите напишаа: Знаев дека е девојче. Кристина Ковач воодушеви од Шведска, трудничкиот стомак во прв план!

Други пак наслови напишаа: Кристина Ковач бремена. А вистината е сосема поинаква.

„Година 2008. Секое утро се будам свесен за чудесниот факт дека животот расте во мене. Полека, едвај забележливо, но упорно и без двоумење. Знам дека е девојче. Не знам како, но цел живот досега знам дека ќе родам девојче. Иако докторот сè уште не може да потврди дека е женско, јас веќе и дадов име.

Лежам во кревет сè уште поспана, и додека грапавото јануарско сонце тече низ прозорецот во златна каскада, се смеам на глупото чувство – како мали пеперутки што избезумено мавтаат со крилјата во мојот долен дел на стомакот.

Како што минува времето, чувството ќе се засили, пеперутките ќе исчезнат, а на нивно место ќе дојде мала балетска бравура, иако некако мрзелива и забавена, но бравура сепак.

Сигурно е мрзлививка на мене – колку е поголема, толку почесто не мрда воопшто неколку дена, додека не стигнам до точка на целосна паника.

Потоа изведува една од нејзините нежни, женствени пируети и ме смиува додека си рекол бебе“, пишува Кристина на Инстаграм и продолжува со истиот, емотивен тон.

-Јас не сум сама. За првпат, кога нема никој наоколу, не сум сама. Ние двете веќе ја направивме нашата нераскинлива врска, а понекогаш, кога ќе помислам дека таа се роди, порасна и си заминува од мојата прегратка молскавична брзина во потрага по сопствената среќа, добивам ирационална желба да останам вака засекога.

Отсега па сè до крајните времиња можам да ја чувам и да ја почувствувам, да ја имам блиску до мене, да знам дека е добра, да знам дека сум обвиткана околу неа како заштитна фолија, топло ќебе само со една цел – да се заштити.

Но, природата има свои идеи на оваа тема и е прилично незапирлива. На 1 јули 2008 година, моето девојче ќе го земе својот прв здив- воздух, онака со полни гради, длабоко, токму онака како што оваа разнежнета мајка би сакала нејзиното мало бебе да го живее својот живот создаден од љубов. А, ќебето секогаш ќе биде тука“.

Ковач се налути дека порталите пренесоа дека е бремена, а нејзината ќерка има веќе 14 години. Таа со Шведска сега живее со неа и со партнерот Даниел, а Тара е ќерка од нејзиниот прв брак.

Ковач се налуту на Инста и ги искритикува српските портали, нарекувајќи ги глупави и им напиша ваква порака:

Вака изгледа кога на едната страна имаш мрш ојадци од српските таблоидни, и не само таблоидните медиуми, а од другата јас и Д.

Сите сте го виделе постот и видете што прават од него. А што ќе направиме јас и мојата љубов. Никогаш нема да победите, глупави, додека јас нè имам нас.

Previous articleКако најголеми ѕвезди пречекани во Австралија- еве каква чест им направија нашинците на Дамјан Стојаноски и на Влатко Миладиновски
Next articleЈа напушти Македонија за љубов на саканата, нашиот познат пејач замина да живее кај жена му во друга држава, а сега имаат и ќеркичка