Home Live Сарми од готови кори- Адријана Алачки изненади со нов, лесен рецепт и...

Сарми од готови кори- Адријана Алачки изненади со нов, лесен рецепт и малку соостојки (ФОТО)

Адријана Алачки по професија е стоматолог, но ја запознавме како пејачка на фолк-музика, а изминативе години таа е Адријана Алачки од „Вкусот на традицијата“.

Готвењето вели, од секогаш било нејзина пасија. Во проектот на Тв „Алфа“ со кој сними многу емисии, зготви стотици македонски традиционални рецепти, а нејзин заштитен знак стана она: мх, мх, мх, откако ќе го проба зготвеното јадење.

Алачки е горда мајка на Грациела и на Благоја и баба на Јана. Претседател е на националната асоцијација на готвачи на Македонија „Гастромак“, автор на книгата „Македонски традиционален готвач“, за кој вели дека и е во план да издаде и второ издание.

-Долго време работев на сите континенти како презентер на македонската музика, фолклор и одржувам часови по готвење, правев комплетна промоција за Македонија. Готвењето отсекогаш беше моја пасија. Растев во семејство каде што готвењето и семејните ручеци беа секојдневен ритуал.

Така што сето ова дојде како последица од една чиста љубов кон кујната, но не само како храна, туку се задржувам на таа наша пребогата традиција и историја поврзана со нашите специјалитети“, изјавила во Женски магазин Адријана и додала:

Првите 200 емисии беа направени по рецептите од македонскиот традиционален готвач. Многу ретко се случуваше нешто да не се погоди, но „Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење и е од народот за народот.

Тоа верувам на сите им се случува, зависи од расположението, моменталното чувство и од други компоненти Готвењето за најмилите е љубов и ништо друго.

Но, веќе работите се менуваат, доаѓаат следните генерации кои стануваат подобри мајстори во кујната од мене, а тоа е мојот син Благоја, кој секојдневно ме збунува со преубавите вкусови што тој ги создава во кујната.

Пресуден момент беше кога во Токио во хотелот „Хајат“ се одржуваше македонска вечер. Кога влегов во кујната на хотелот, шефот, искусен јапонски готвач, ми побара македонски традиционален готвач, по кој би требале да готват.

Менито го креирав за таа вечер, но немав книга која упорно ја барав пред да отпатувам за Јапонија. Си ветив пред себе дека кога ќе се вратам, јас ќе напишам таков готвач. Истражувањето и пишувањето траеше три години до финалниот производ.

Преведен е едновремено и на англиски јазик. Со помош на „Винсент графика“ се реализираше оваа луксузна книга, „Македонски традиционален готвач“, изјавила Адријана.

Колку и да внимавам, сепак не можам да одолеам на превкусните македонски јадења. Готвам, пробувам, уживам и истражувам.

Се негувам во салон за убавина во Струмица. Најважно е со своите сопствени постапки да ги инспирираме другите. Да работат повеќе, да учат повеќе, да создаваат повеќе, да ги почитуваат човековите вредности. Тогаш сте успеале. А тој пат е доживотен“, рекла Адријана.

Адријана често споделува интересни рецепти од нејзината кујна, кои ги готви во Старо нагоричане, во Етно село каде што ги снима своите емисии „Вкусот на традицијата“, а сега сподели уште еден рецепт.

Овој рецепт на сарми од готови кори и варени компири колку што лии според рецептот е доста едноставен и со малку состојки, и секој би можел да го подготви.

-Сарми од готови кори и варени компири. 400 г готови кори( насечкани на 6 дела секоја кора)

1.5 кг варени компири, изрендани и во нив се додава 3 супени лаж кисела павлака и 100 мл масло, 2 главици ситно насечкан кромид, оригано, црвен пипер, бибер, вегета, сол.

Со филот се виткаат сармите и се редат во тепсија, се намастуваат со масло и се печат на 180 степени, 20 мин. 250 мл вода да врие и веднаш се налева врз сармите и врз нив се полева 2 дл слатка павлака и се враќаат уште 15 мин во рерна да се допечат.

Фантазија од вкусни сармички..мммм“, напишала Адријана и додала слики од подготовката на овој рецепт во кој доста уживала.

Previous articleТој е постар од неа 15 години, и двајцата се наши познати глумци и имаат две деца- вака им се случила љубов на прв поглед
Next articleЗаработувам пута 3 од порано кога сум работела по 2-3 работи, и уживам во бенефиции: Миа Костова се пофали колку убаво живее (ВИДЕО)